МВР ќе распише оглас за вработување на 400 полицајци

Министерството за внатрешни работи утре ќе распише оглас за вработување на нови 400 полициски службеници. Заинтересираните ќе може да аплицираат веќе од вторник, а рокот за доставување на пријавите е 10 дена. Кандидатите треба да ги исполнат основните услови, односно да се државјани на Република Македонија, да се полнолетни, а да не се постари од 25 години, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и да не им е изречена правосилна пресуда за вршење професија. Покрај ова, кандидатите од машки пол треба да бидат…

повеќе...

Реализирана Основна обука со 320 кандидати од курсот за полицаец

Согласно Наставната програма за Основна обука за полицаец донесена од Министерот за внатрешни работи, во периодот од 23.09. до 02.10. на терените во и околу Центарот за обука беа реализирани предвидените наставни теми и содржини со 320 кандидати за полицаец од курсот за основна обука за полицаец, со особен акцент на темите од суштинската активност – Гранична надзор. Целта на логорувањето како симулација на автентична професионална средина беше слушателите, низ серија програмирани ситуации коишто приближно ги доловуваат реалните локации, настани и активности, да се стекнат со знаења и вештини коишто…

повеќе...

Притворен охриѓанец кој нападнал полициска службеничка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Т.(52)  од Охрид, за сторено кривично  дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, во врска со што  од страна на Истражен судија му е одреден притвор од 30 дена. На 21-ви овој месец, К.Т. најнапред вербално, а потоа и физички нападнал униформирана полициска службеничка којa спроведувалa задачи од областа на безбедноста,  пред  зградата на СВР Охрид, во момент кога истиот  без да се пријави се обидел да влезе во полициската зграда. Тој го игнорирал укажувањето на полициската службеничка за потребата од…

повеќе...

Заврши мисијата на српските полицајци кои заедно со нивните охридски колеги се грижеа за безбедноста во Охрид

Денес заврши мисијата и работата на полициските службеници од Република Србија во Охрид. Нивната работна мисија е резултат на взаемна соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Србија и Република Македонија. Во текот на изминатите два месеци, во две работни групи во Охрид, престојуваа и заедно со македонските полицајци се грижеа за безбедноста на граѓаните и туристите вкупно четири полициски службеници од полициските управи во Белград и Панчево. По повод успешното завршување на исклучително успешниот проект и работата на мешовитите македонско-српски полициски патроли денес полициските службеници Славољуб Стојилковиќ и…

повеќе...

Дводневна Конференција на Извршниот комитет на Советот на европските полициски синдикати – ЦЕСП

Македонскиот полициски синдикат утре и задутре (13/14.09) во Охрид, ќе биде домаќин на Конференција на Извршниот Комитет на Советот на европските полициски синдикати- ЦЕСП, европска полициска асоцијација која опфаќа 22 полициски синдикати од 21 Европска држава во кои членуваат над 350 илјади полициски службеници од Европа. На отворањето Конференцијата (утре во 11 часот), ќе присуствува и министерот за внатрешни работи  г-ѓа Гордана Јанкулоска. Во 11:30 часот е предвидена кратка прес-конференција од страна на претседателот на МПС, Тихомир Климоски, министерката Јанкулоска и претседателот на ЦЕСП- Бранко Прах, а во 12 часот…

повеќе...

Струга доби „Велосипедска полициска патрола“

Со пригодна свеченост во полициската станица во Струга беше промовирана велосипедската полиција како продолжение на проектот „Велосипедска полициска патрола“. Велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма на полициско работење што треба да обезбеди партнерство и поблизок контакт со граѓаните, збогатување со нова содржина во превентивното делување со што кај јавноста треба да се подигне нивото на позитивна перцепција за полицијатра како јавен сервис во служба на граѓаните. Таа е обид за поголема мобилност на полициската служба посебно во летните месеци кога имаме зголемена фрекфенција на сообраќајниците во…

повеќе...

На бензиска во Струга се степале кој прв да тури бензин

Утрово, околу 03:00 часот, на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Струга, пристигнале две патнички моторн возила управувани од А.Б.(22) од Струга и К.Б.(27) од с. Велешта. Истите започнале вербална расправија, околу тоа  кој прв да наточел бензин во возилото, која потоа прераснала во тепачка во која се вклучиле и други лица од двете страни. При интервенција на полициски службеници, неколку учесници во тепачката физички ги нападнале полицајците и притоа на еден му ја оштетиле службената облека. Во врска со овој настан, во ПС Струга се приведени неколку учесници во тепачката кои…

повеќе...

Претседателот на Советот оствари средба со полициските службеници од Србија

Претседателот на Советот на Општина Охрид д-р Гордана Коњаноска, денес оствари средба со српските полицајци кои како резултат на договорот помеѓу министерствата за надворешни работи на Р. Србија и Р. Македонија, заедно со македонските полицајци се грижеа за безбедноста на туристите во Охрид.  „Задоволството е големо, особено заради фактот што ова беше еден исклучително успешен проект, значи укажувањата на вработените во Министерството за внатрешни работи на Македонија одат во насока дека престојот на овие полициски службеници во Охрид во голема мера го зголемуваше чувството на безбедност, сигурност, особено на гостите…

повеќе...

„Превенција од кражби“ на охридските плажи

За време на туристичката сезона (Јули и Август) 2012 година, во Охрид и околните туристички локалитети имаше зголемено присуство и раздвиженост  на поголем број домашни и странски туристи како и зголемена фрекфенција во сообраќајот. Оттука, во СВР Охрид  во текот на Јули и Август 2012 година беа регистрирани зголемен број на казнени дела односно вкупно 150 што претставува зголемување за 34 проценти во однос на истиот период во 2011 година кога СВР Охрид евидентира 112 казнени дела.  Посебно е значајно што истовремено се зголеми откривачката функција на СВР Охрид што…

повеќе...

Српски и охридски полициски службеници отпочнаа со заеднички патроли во Охрид

Продлабочување на полициската соработка, размена на информации, поддршка во превентивните активности и заеднички активности за зголемување на степенот на безбедноста во Охрид, се приоритетите врз кои денес во Охрид отпочнаа заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од Македонското и Српското министерство за внатрешни работи.  Српските полициски службеници при заедничките патроли со припадниците на секторот за внатрешни работи Охрид, нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на Република Македонија. Тие, нема да имаат полициски или…

повеќе...