Кривична пријава за стружанец поради оштетување или повластување доверители

ПС Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (55) од Струга и против правниот субјект „Извор“ ДОО Извор-Кичево, со седиште во с.Извор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување доверители“. Пријавениот Г.М. во текот на 2014, 2015 и 2016 година во својство на одговорно лице- управител на правниот субјект ТДТК „Извор“ ДОО Извор-Кичево, склучувал договори за отстапувања на побарувањата-цесија, иако знаел дека правното лице од 15 август 2013 година станало неспособно за плаќање. Склучените договори за цесија, кои пријавениот правен субјект и одговорното лице Г.М. ги…

повеќе...

Повредено осумгодишно момче во сообраќајка на ул.„Ристо Чадо“

Вчера во 17:40 часот во Охрид на ул. „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ ,„Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (41) од Охрид удрило во осумгодишно момче од Охрид. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобило детето кое било пренесено во Општа болница Охрид. По извршениот преглед и по укажаната лекарска помош бил препратен на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо“ Охрид. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Лабуништа поради две казнени дела тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М.(30) од струшкото село Лабуништа. Првата тешка кражба, пријавениот ја извршил на 29-ти минатиот месец во 21 часот и 30 минути кога со својот патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки стигнал во населбата „Езерски лозја“. Тој, успеал да се искачи на балконот од првиот спрат на една куќа и со подесен предмет и физичка сила ја отворил балконската врата по што влегол во внатрешноста на куќата. Откако извршил пребарување…

повеќе...

Малолетничка од Корошишта пријавена за исчезната

Денес во ПС-Струга, Ш.М. од с.Делогожда-струшко, пријавил дека вчера (22.11.2016г.) од домот на нејзиниот дедо во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна внука со живеалиште во с.Корошишта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Охриѓанец падна и почина во Кичево при утовар на дрва во вагон

Вчера околу 13,20 часот во Кичево на железничката станица при утовар на огревни дрва во вагон, од ТМВ„Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки паднал Д.Ј. (50) од Охрид. Со возило на ИМП бил префрлен во МЦ-Кичево, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кичево. По наредба на ЈО врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

повеќе...

Повреден велосипедист од Велгошти на ул„7ми Ноември“ во Охрид

Вчера во 11.00 часот во ПС за БПС Охрид пријавена е сообраќајна незгода која се случила истиот ден во 06.30 часот во Охрид на ул. „7-ми Ноември“ помеѓу автобус „Икарус“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.Б. (33) од с.Пештани, охридско и велосипед „Пони“ управуван од Б.Т. (64) од с.Велгошти, охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна…

повеќе...

Пешак загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на селото Колари. Од здобиените повреди, на лице место починал С.А. од Скопје а неговата смрт е констатирана од екипа на Брза помош која пристигнала на местото на настанот. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот С.А. кој се движел до коловозот кон Гостивар, во еден момент започнал да го преминува магистралниот пат при што директно бил удрен од товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски…

повеќе...

Непознато лице со нож повредило 17-годишно момче од Охрид

На 20.11.2016 година во 02,25 часот телефонски во СВР-Охрид се јавила М.Г. од Охрид и пријавила дека истиот ден во 02,15 часот, на мобилниот телефон на нејзиниот 17 годишен син се јавило непознато лице и му рекло да излезе пред продавницата, лоцирана на ул.„Питу Гули“ во Охрид. Кога нејзиниот син излегол пред продавницата, од ПМВ„Мерцедес“ излегло непознатото лице кое извадило нож со кој му нанел повреди во пределот на десната рака. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Повреден таксист од полицаец кој не бил на должност

Вчера во 16,50 час. во ПС – Охрид С.Н.(45) пријавил дека истиот ден околу 16,20 часот додека со неговото такси возило бил паркиран на ул.Јане Сандански пред маркет, излезен од возилото, кон него се упатил С.С. (полициски службеник од СВР Охрид кој во тоа време не бил на должност, и во цивилна облека) на кого исто така возилото му било паркирано пред маркетот. Најверојатно С.С., наводно помислил дека пријавителот му го фотографирал возилото, и почнал да му упатува навредливи зборови и закани и тргнал накај неговото возило. Кога С.Н. го…

повеќе...

Полициски службеник упатувал навреди кон вработени во СВР Охрид

Вчера околу 19:10 часот во с.Косел-Охрид, во ресторан „Јарец“, полициски службеник од ПС за БПС-Охрид С.С., кој бил во униформа, за време на извршување на работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник, седел на една од масите и конзумирал алкохол и во еден момент од џебот од униформата извадил повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18.11.2016 година. Притоа гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид. Причина за заканите и навредите било да се наруши интегритетот, угледот, честа…

повеќе...