Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „,Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(47) од струшкото село Лабуништа. Пријавениот, пред три месеци, за сума од 300 евра, неовластено набавил огнено оружје-автоматска пушка АК-47 и двеста парчиња муниција- калибар 7,62 милиметри. Пронајденото огнено оружје и целокупната муниција се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
повеќе...Tag: полиција
Кривична за охриѓанец поради злоупотреба на службената положба и овластување
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(62) од Охрид. Пријавениот, во текот на 2016 година, како раководител на градежна оператива во јавното претпријатие „Градски гробишта“ Охрид, искористувајки ја службената положба, во четири случаи не се придржувал на изготвените налози за вршење на градежни работи на гробните места, туку неосновано дозволил зголемени градежни работи кои што не биле наведени во налозите. На тој начин, биле извршени и работи кои не биле фактурирани со што, на јавното…
повеќе...Охриѓанка повредена во сообраќајка на ул„Ристо Чадо“
Вчера во 11.15 часот во Охрид, на ул. „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која Л.Р. (45) од Охрид, управувајќи ПМВ „Застава 101“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во запрено ПМВ „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.А. (29) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Р. (72) од Охрид, сопатничка во ПМВ „Застава“. Истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Медицински центар Охрид, каде е задржана на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
повеќе...Се преврти товарно возило кај Елешец
Вчера во периодот од 15:50 до 18:15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај автокампот Елешец, сообраќајот беше во целосен прекин, поради вршење увид на сообраќајна незгода и извлекување на превртено товарно возило на коловозот.
повеќе...Кривична пријава за две лица од Охрид поради невистинито лекарско уверение
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(55) и Б.С.(62),од Охрид. На шести јули оваа година, пријавената В.К. како специјалист во ПЗУ Специјалистичка ординација по психијатрија „Медика про менте“ во Охрид, издала невистинито лекарско уверение со лекарски извештај на име на пациентот-сега пријавениот Б.С. вработен како раководител на градежна оператива во ЈП „Градски гробишта“ Охрид. Во извештајот, пријавената В.К. свесно внесла невистинити податоци за констатирана болест (несоници, висок степен на напнатост, нерасположение.и.т.н.) по…
повеќе...Во два одделни случаи поднесени кривични пријави за две лица од Кичево кај кои била пронајдена дрога
НККР Кичево поднесе кривична пријава против Б.З. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.06.2016 година полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле најлонско ќесе со нето маса од 1,44 грама наркотична дрога – марихуана и една метална дробилка за дробење на марихуана. НККР Кичево поднесе кривична пријава против Х.А. (22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,…
повеќе...Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Андонов во посета на СВР Охрид
Денеска, во работна посета на СВР Охрид доаѓа дополнителниот заменик министер за внатрешни работи д-р Оливер Андонов. Во рамките на посетата, предвиден е работен состанок со раководниот тим на СВР Охрид по што, во 13 часот, дополнителниот заменик министер ќе одржи прес конференција.
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец кај кого било пронајдено оружје и муниција
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(39) од Кичево. Кон крајот на септември оваа година, при претрес извршен во неговиот дом, пронајдени се пет куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри, еден куршум за ловен карабин калибар 8,57 милиметри и еден куршум калибар 7,62 милиметри за пушки и митролези. По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека петте куршуми калибар 7,62 милиметри се пиштолска…
повеќе...Битолчанка заработи кривична поради вршење јавен превоз без лиценца
НККР-Кичево поднесе кривична пријава против В.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на права од работен однос“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, додека правното лице ДПТТУ „Сокол Транс“ ДООЕЛ Кичево за кривично дело „повреда на права од работен однос“. Пријавената во период од 07.10.2013 до 20.10.2016 година вршела јавен превоз без да поседува лиценца, за што го основала и регистрирала и пријавеното правното лице со приоритетна дејност „такси служба“, а потоа дејноста ја организирала без да се стекне со лиценца за вршење…
повеќе...Кривична пријава за скопјанец кај кого била пронајдена дрога
НК КР Кичево поднесе кривична пријава против А.Т. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 30.10.2016 година околу 20.30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин Дол, полициски службеници стопирале автобус „Мерцедес“, каде како патник било затекнато лицето А.Т.. При личен преглед кај лицето пронајдени биле: кесичка со непозната бела прашкаста материја и едно мало пластично шише со непозната течност, две таблети. Лицето било спроведено во КПУ Затвор Скопје, од каде што…
повеќе...