Во рамки на одбележувањето на 7ми Мај – Денот на македонската полиција, утре во 12:00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централната свеченост, по повод празникот на која што ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“ Славчо Петрушевски која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање. Инаку покрај централната свеченост предвидени се и низа други активности по повод Денот на македонската полиција. Така утре во 10:00 часот во Министерството за внатрешни работи…
повеќе...Tag: полиција
Кривична пријава за жител од струшко Велешта кој нелегално градел
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, криминалистичката полиција од полициската станица во Струга, поднесе кривична пријава против Џ.Ж. (49) од струшкото село Велешта. Пријавениот, без решение за изведување градежни работи кое би содржело одобрена техничка документација, во Струга неовластено започнал со градба на настрешница во функција на деловниот простор во колективна стамбена зграда во Струга. Нелегалната градба ја започнал како инвеститор на катарстарската парцела број 2096/24 КО Струга, на улицата „Владо Малески“. По извршен увид на 17ти март оваа година, градежен инспектор на Општина…
повеќе...Кривична пријава за 27-годишна дилерка на дрога
СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против В.А. (27) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавила психотропна супстанца амфетамин и наркотична дрога, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на В.А. и изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Имено пријавената, која инаку во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија…
повеќе...Охриѓанка пронајдена мртва во стан во Скопје
На 27ми април 06:30 часот во стан на ул. „В.Комаров“ во Скопје била пронајдена почината М.М. (25) од Охрид, додека на скалите пред станот бил пронајден починат П.Ц. (36). Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настaнување на смртта.
повеќе...Лишен од слобода жител на струшко Ливада кој нарушил јавен ред и мир во казино во Охрид
Рано утрово, СВР Охрид го приведе и од слобода го лиши Б.Д. (35) од струшкото село Ливада. Неговото приведување е извршено во Струга поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казненото дело тешка телесна повреда. Приведениот Б.Д. е учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир случено во 01 часот и 30 минути во казино „Адмирал“на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој употребил нож со кој го повредил Н.М. (34) во пределот на градниот кош а на Е.М. (35) му нанел два убоди во пределот на слабината и грбот.…
повеќе...Најмладите од градинката „Росица“ ја посетија езерската полиција
Педесетина деца од детската градинка „Росица“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор-Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и со заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро како и за другите мерки и корисни информации поврзани со работата, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостоен инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција. Најмладите, на денешниот едукативен…
повеќе...Кривична за охриѓанец кој не поседувал одобрение за пушката од неговиот татко
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31ви јануари годинава, од страна на полициски службеници во атарот на с. Црвена вода, општина Дебрца затекнат е пријавениот со ловна пушка марка „црвена застава“ калибар 16 мм и седум куршуми со истиот калибар, а по преземени мерки утврдено е дека пријавениот не поседува одобрение за поседување и носење на огнено оружје, а оружјето било во сопственост на неговиот татко.
повеќе...Пронајдена дрога кај охриѓанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 6 јули минатата година, од страна на полициски службеници во Охрид е затекнат пријавениот, а од извршен преглед и претрес во домот пронајдени се и одземени 19,31 грам наркотична дрога марихуана.
повеќе...Кривична пријава за две лица од Скопје поради фалсификување пари
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување на пари “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.К. (47) и И.В. (45) двајцата од Скопје. Откако претходно прибавил лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински, И.К. на 28 март оваа година во маркет во струшкото село Мислешево, употребил односно во промет пуштил лажна банкнота од 500 денари. Тој, на каса побарал да купи цигари „Ронхил“, за кои платил со лажна банкнота од 500 денари и 10 денари метални пари. По добивањето на…
повеќе...Кривична за 28 годишен охриѓанец кај кого била пронајдена дрога
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид. При претрес извршен во два стана во Охрид што ги користел пријавениот, пронајдени и одземени се 80 семки од растението Cannabis sativa. Откако набавил одредена количина опојна дрога марихуана, пријавениот Г.А. во својот дом ја препаковал во помали количини со цел понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид а дел оставил за лична употреба. На 09-ти ноември минатата година во…
повеќе...