Слепите лица во Македонија од Министерството за труд и социјална политика добија нови помагала – говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни толомери и часовници, часовници на брајово писмо… кои треба да им го олеснат секојдневниот живот. „Годинава ќе издвоиме околу 1 милион денари за околу 800 примероци на помагала кои ќе им користат на членовите на Националниот сојуз на слепи лица. Се работи за говорни мерачи за притисок, за шеќер во крвта, индикатори за течност, говорни топломери и часовници, часовници на брајово писмо, кои треба да им го…
повеќе...Tag: помош
Успешно се реализира проектот за вработување 300 лица со инвалидност
Проектот со кој се предвидуваше вработување 300 лица со инвалидност се реализира успешно. Голем дел веќе се вработени и овој проект наскоро треба да биде завршен, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Владата во континуитет реализира проекти со кои им се помага на ранливите категории граѓани со особен фокус на инвалидните лица. Токму поради тоа се реализира и проектот за вработување лица со инвалидност во јавната и државната администрација. Овој проект е во завршна фаза на реализација. Со него им се помага на голем број граѓани…
повеќе...Охридска банка со донација на вода за семејствата во Шипковица
Охридска банка донираше вода за пиење за семејствата во поплавената Шипковица. Неколку населени места поради излевање на реките од речните корита останаа без чиста вода за пиење. „Донирани се 6,5 тони вода за пиење, кои Охридска ги предаде на кризниот штаб во село Шипковица. Оваа донација делумно ќе им овозможи да го премостат дефицитот до целосно санирање на недостигот на вода. Солидарноста е една од клучните вредности на Охридска банка, дел од Сосиете Женерал Групацијата.“– велат од Охридска банка. Со оваа донација банката уште еднаш ја потврди својата посветеност конопштествено одговорните практики кои се препознатлив белег…
повеќе...Заменик министерот Андовски прими донација од Австрискиот Црвен крст
Заменик министерот за здравство Јовица, Андовски денеска присуствуваше на настан по повод донација на електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар од Црвениот крст на Австрија. Донацијата во вредност од над 14 илјади евра е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар-Скопје и Клиничката болница Тетово. „Донацијата се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел-подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто,“ изјави заменик министерот Јовица Андовски. Во изминатите…
повеќе...Груевски: Ангажирани се сите институции за помош во Тетово
Премиерот Никола Груевски синоќа итно отпатува во Тетово, откако градот беше зафатен од силно невреме. Тој ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Направи увид директно од терен, поразговара со надлежните и граѓаните, по што замина во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица од поплавите. „Само што ја примив информацијата за невремето и големите поплави што го зафатија Тетово и Тетовско разговарав со десетина луѓе од различни институции за што побзо да им се помогне на луѓето од погодените места. Веднаш потоа, заедно со вицепремиерот…
повеќе...Поголема финансиска помош од државата за децата од СОС Детско село
Државата финански ќе помага и поддржи 28 деца и млади на 14-годишна возраст без родители и родителска грижа сместени во четири станбени единици за организирано живеење со поддршка. За реализација на оваа помош и поддршка денеска беше потпишан Меморандум меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село. За оваа намена МТСП ќе издвојува по три милиони денари годишно. Претходно кон крајот на МТСП и Владата се обврзаа на целосна финансиска подршка на сите СОС згрижувачки семејства, тогаш вкупно 12, за што се издвојуваат околу шест милиони денари…
повеќе...Едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош
Како дел од обуката по прва помош која под водство на инструктори по прва помош од Операција Флориан, Англија и Црвен крст Охрид се реализира деновиве во Црвен крст Охрид, предвидено е да се реализира јавна, едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош. На презентацијата којa ќе се одржи вечерва во 19 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, стекнатите знаења по прва помош ќе ги презентираат оние кои беа дел од обуката по прва помош: членови од противпожарните бригади од Охрид и Струга, претставници на…
повеќе...Исплатена е социјалната парична помош зголемена за 10%
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, го посети Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во кој во изминатиот период беа инвестирани околу 1,2 милиони денари во реновирање и создавање на посебни станбени единици во којшто ќе престојуваат децата, во реновирање на кујната и во правење на фитнес центар, односно набавени се и справи за спортување на младинците сместени во Домот. „Во оваа прилика би сакал да изјавам дека денеска веќе ја исплативме социјалната парична помош зголемена за 10% на околу 30.000 семејства во Република…
повеќе...Можност за вработување на корисници на социјална парична помош
Субвенционирано вработување лица во социјален ризик, како и помош за приватниот сектор со директни субвенции да отворат нови работни места за овие категории на граѓани, предвидува новата мерка на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување. Мерката денеска ја најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на дисперзираната канцеларија на Центарот за вработување – Скопје, во општина Ѓорче Петров. „Со мерката субвенционирано вработување на лица во социјален ризик ќе ги опфатиме примателите на социјална парична помош, жртвите на семејно насилство, лицата…
повеќе...Информации за прва помош на мигрантите
Од Министерството за здравство информираат дека во соработка со Црвениот крст, организирани се вкупно 3 мобилни медицински тимови (доктор, медицинска сестра и возач) во регионите во кои се движат мигрантите на територијата на Република Македонија. Доколку има потреба од пружење прва помош кај некој од мигрантите, потребно е да се повика Црвениот крст на Македонија, на некој од следните телефонски броеви: 071 261 787, 070 257 994, 02 3139 578. Мобилните медицински тимови на Црвениот крст вршат тријажа и пружат прва помош, а по потреба повикуваат и Итна медицинска помош…
повеќе...