Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот

Денес, по повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата низ целиот свет, ја информираме јавноста дека оваа година мотото на кампањата е „Донирај го твојот глас“. Целта на оваа симболична кампања е да се зголеми видливоста и важноста на линиите за помош и поддршка кои се од неопходно значење за децата, како и да се поттикнат Влaдите во целиот свет да ги поддржат СОС линиите за деца. Затоа, на 17 мај заедно го одбележуваме фактот што ниедно дете не е…

повеќе...

ФЗОМ го одобри барањето за лекување во странство на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да ја информира јавноста во врска за лекување во странство од страна на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани. Фондот го одобори барањето за лекување во странство за осигуреното лице во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе биде на товар на Фондот. Од минатата година, на сила стапија законските измени со кои се овозможи за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице да учествува со 20% од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност. На…

повеќе...

Поголема социјална и парична помош за 36.000 семејства

Најавеното зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 10 проценти од јули годинава, ја доби поддршката од членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика кои ги прифатија во прво читање измените на Законот за социјална заштита. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека овие измени се во насока на значително зголемување на социјалната и постојаната парична помош за околу 36.000 семејства кои се материјално необезбедени и реално се во тешка состојба. Средствата, како што рече Спасов, за ова зголемување од 112,4 милиони денари се…

повеќе...

Социјалната помош годинава ќе се зголеми за 10 проценти

Зголемувањето на социјалната помош за десет, наместо планираните пет проценти за годинава е показател за определбата на Владата за постојана помош и поддршка на најранливата категорија граѓани, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Изминатите години, односно од 2006 до 2014 година, социјалната парична помош е зголемена за цели 47 проценти, меѓутоа, сепак, не застануваме тука. И покрај тоа што во Програмата на Владата е определено дека и социјалната и постојаната парична помош оваа година треба да се зголеми пет проценти се одлучивме таа да се зголеми…

повеќе...

Груевски: Остануваме посветени на ветеното, ќе се зголемат пензиите и социјалната помош

Посветени сме на она што го ветивме и ќе останеме посветени на тоа, независно што се случува и со какви подмолни напади се соочуваме, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се реализираат одредени проекти како што сe зголемувањето на пензиите и социјалната помош, со оглед на сериозната политичка состојба во земјата. Владата, нагласи, ќе остане посветена на реализација на она што е ветено во предизборната програма и ќе останат доследни на тоа. „Сакам да истакнам дека досега пензиите се зголемија во просек од околу 62 проценти…

повеќе...

Охриѓани ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите

Охриѓани во недела ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите. „Сите што сакаат да донираат парична поддршка за Автономната Зона на УКИМ (потребна за храна, вода итн.) да дојдат во недела во 13:00 часот во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и да донираат своеволна сума над 100 ден.“- информираат организаторите.

повеќе...

Хуманитарна акција на ЦОУ „Дебрца“

Ученичката заедница при ЦОУ „Дебрца”, заедно со учениците, во соработка со вработените, родителите и Локалната самоуправа на Општина Дебрца, спроведе хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија. „И овој пат како и многу пати досега топлината на луѓето од овој крај особено на нашите ученици прерасна во вистински бран на несебична помош за нивните врсници, за сите оние кои ја почувствуваа суровоста на водените стихии. Пратени од помислата дека и на нас може да ни се случи истото, дечињата од училиштето покажаа дека знаат да бидат и големи луѓе,со широко отворени…

повеќе...

Владата ќе им помогне на земјоделците погодени од поплавите

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, завчера ги посетија поплавените подрачја во општина Новаци,остварија средба со градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и одржа состанок со раководството на земјоделскиот комбинат “Пелагонија”. „Заменик министерот го запознавме со актуелната состојба, каква е ситуацијата со поплавените подрачја, оштетувањата, претрпените штети и слично, ја скенираше состојбата со барањата и изјавите кои земјоделците секојдневно ги поднесуваат во општина Новаци. Досега има поднесено околу 250 барања за увид врз направените…

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУ „Григор Прличев“ за помош на поплавените подрачја во Македонија

Денес и утре во Основното училиште „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Македонија. „Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше преземена од општинскиот Црвен крст. Се надеваме дека со нашиот скромен придонес барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој.“ – вели директорката Силвија Мојсовска.

повеќе...

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се приклучи кон акцијата за помош на поплавените подрачја во Македонија

Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се приклучија кон акцијата за помош на населението од поплавените подрачја во Република Македонија.  „Ние како ученичка заедница се приклучивме кон хуманитарната акција за поплавените подрачја во Македонија во која исто така учествуваа и професорите при училиштето. Апелирам до сите граѓани кои се во можност да донираат конзервирана храна, вода, хигиенски средства и истите да се предадат на неколкуте пунктови во градот како и во Црвен крст Охрид.“ – вели Александар Гугоски, претседател на ученичката заедница при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. А.Андриоски

повеќе...