Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп. Пријавените, казненото дело го сториле на 16-ти март оваа година од магацинот сопственост на АД „Жито Караорман“, лоциран во близина на бензиската „Лукоил“ на магистралниот пат Кичево-Охрид. Околу 10 часот, Г.М. и П.П. со намера против правно да присвојат туѓи подвижни предмети, со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле претходно складирани метални предмети сопственост на…
повеќе...Tag: прилеп
Млад прилепчанец пронајден мртов на Божик
Вчера во 15:45 часот во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од страна на лекар од ИМП, а увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС ОН-Прилеп, при што било констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп. По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
повеќе...Одржан третиот по ред извидничко-младински забавен камп „Camping Fun – Ohrid 2016“
Од 16ти до 19ти јуни, во организација на Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид, на просторот од Извидничкиот центар Охрид, се одржа третиот по ред извидничко-младински забавен камп насловен како „Camping Fun – Ohrid 2016“ на кој што учествуваа вкупно 135 извидници и младинци од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Скопје. Овогодинешниот „Camping Fun – Ohrid 2016“ претставува најголем собир на деца и младинци, пред се извидници од Р.Македонија кој што се организирал во Охрид во изминативе неколку години на отворена сцена под ведро небо на брегот од Охридското Езеро. Имено, учесниците во…
повеќе...Учениците од ОУ „Дебрца“ патуваа со современ воз од Битола до Прилеп
Во рамки на училишниот проект „Патуваме и учиме за сообраќајот“ што се реализира втора година по ред, со учениците од прво до трето одделение од основното училиште „Дебрца“ се реализира последната предвидена активност – железнички сообраќај. „Учениците имаа можност да патуваат од градот Битола до градот Прилеп со најнов модерен воз за што сме им благодарни на Македонски железници и нивните вработени кои несебично им ги објаснија своите работни позиции и начинот на кој се изведува железничкиот сообраќај. Учениците беа задоволни бидејќи не само што имаа можност да се возат со…
повеќе...Тројца прилепчани осомничени за тешки кражби
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Д.М.(25), З.М.(33) и К.П.(28) сите од Прилеп поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела – “тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл.236 вв член 19 од КЗ на РМ. На истите од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по осум дена. Пријавените на 11-ти овој месец, во претпладневните часови на подрачје на Кисела Вода, поточно во стан на ул. „Марко Цепенков“ го извршиле првото кривично дело. Откако дошле до станот и се увериле дека…
повеќе...Прилеп слави – Победа се враќа во Првата лига
Прилеп слави. Фудбалскиот клуб Победа се враќа во Првата македонска фудбалска лига. Пред речиси преполниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, со денешната победа од 1:0 над тимот на Љубанци, екипата на Победа го осигура враќањето во најсилната македонска фудбалска лига. WebOhrid
повеќе...Прилеп и Крушево – мета на балканскиот параглајдерски крем
Изминатиов викенд во организација на градот Прилеп, УСАИД и Параглајдерскиот клуб „Скај Рајдер”се одржа Параглајдерски натпревар „Прилеп Опен 2015”. Учествуваа 80 параглајдеристи од 4 држави: Албанија Бугарија и Косово како и пилоти Параглајдеристи од Македонија. Првично место на одржување требаше да биде Трескавец, но поради метео условите се леташе од Новоселски рид на 14 км западно од Прилеп, и од Крушево. Натпреварот се состоеше од 5 серии во кои 3-то место го освои Мартин Јованоски, втор беше Миле Јованоски, а нијанси одлучуваа за освојување на првото место, кое овојпат му…
повеќе...Груевски: Комплетно се подобрува железничката инфраструктура во земјава
Железничката станица во Прилеп заедно со Железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава, најави премиерот Никола Груевски. „Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година“, изјави Груевски. Премиерот е задоволен како се одвиваат работите околу реконструкцијата на станицата која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање на речиси сите железнички станици на коридорот 10. „Сите овие железнички станици воопшто не…
повеќе...13-то издание на Пиво-Фест во Прилеп
Фестивалската атмосфера, веќе неколку дена се подгрева со оптимизам и амбиции, да се срушат сите рекорди. Прилепчани, со неповторливиот оптимизам, спремни се да се соочат со големата балканска фешта под Маркови кули. „Ќе бидеме гостопримливи би требало да имаме многу гости како и секоја година и пак да го урниме рекордот, посочија прилепчани.“ На првиот ден на фестивалот на пивото настапија Слаткаристика, Љубојна, Саша Ковачевиќ , DJ Slave, DJ Meto S, DJ Martin Antenna 5 и DJ Sinisa. Синоќа Прилепчани ги пречекаја Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште, каде…
повеќе...Загина параглајдерист во прилепско
Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец. Според јавниот обвинител Мимоза Мрмеска, која заедно со полицијата врши увид на местото на несреќата, трагедијата се случила околу 13 часот кога група параглајдеристи вежбале за меѓународен натпревар кој треба да се одржи утре. „Параглајдеристот полетал од Крушево. Групата тренирала за утрешниот натпревар. Од засега непознати причини параглајдеристот паднал кај селото Врбоец и починал на местото на несреќата. Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта“, рече Мрмеска. Извор: Нет Прес
повеќе...