Земјите од Дримскиот басен во Приштина дискутираат за прогресот во прекуграничната соработка

Во Приштина утре и задутре ќе се одржи четвртата конференција во рамките на Дримскиот процес и ГЕФ Дримскиот Проект. Повеќе од 100 преставници на различни институции, министерства, меѓународни и регионални институции ќе бидат присутни на настанот кој значи заедничко согледување на активностите во дримскиот процес. Воедно со овој настан се одбележуваат и 5 години од потпишувањето на Меморандумот за заедничка визија на Дрим и една година од иницијацијата на ГЕФ Дримскиот Проект. Конференцијата е организирана заедно со 3-тиот состанок на состанок на Експертските работни групи кој се одржува на 13.…

повеќе...

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ дел од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ ќе бидат дел од интернационалниот проект „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“.  Организатор за овој реон е ОУ „Млада Поколења“ Ковачица, Србија. ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид со Тим едукатори се вклучи во овој проет од ноември 2016 до април 2017 година. Координатор е одделенскиот наставник во ОУ „Кочо Рацин“, Виолета Петковска. „Од оваа година и ние сме дел од оваа магична приказна.Идејата за овој проект настанала во 2000 година во Градска библиотека во Чешка. Оваа светска акција за прв пат е одржана на 02.04.2000 година (Ден на раѓањето на Х.К.…

повеќе...

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права во Охрид и Струга

На 15ти и 16ти октомври, тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права и други вработени од Македонското здружение на млади правници во рамки ќе биде присутен во Охрид и Струга со цел граѓаните да се запознаат со активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Во Охрид штандот на проектот ќе биде поставен на плоштад Св. Климент Охридски, додека во Струга пред хотел Београд, двата дена од 12:00 до…

повеќе...

Повик за пријавување за „Креирање на бренд – поттикнување на иновативност и претприемачки дух кај младите во општина Охрид“

Институтот за истражување и развој на Југоисточна Европа (ИИРЈЕ) – Охрид распишува повик за пријавување на учесници за учество во работилница во рамките на проектот „Креирање на бренд – поттикнување на иновативност и претприемачки дух кај младите во општина Охрид“. Целта на овој проект е да се стимулираат младите што поседуваат идеја за отпочнување на свој бизнис да создадат бренд со којшто успешно ќе се пробијат на пазарот. Работилницатата во рамки на проектот треба да го поттикне претприемачкиот и лидерскиот дух кај младите невработени лица во Охрид. Конкретната цел на проектот…

повеќе...

Претставници од „CRESSIDA” проектот во посета на Општина Охрид

Во рамки на регионалната работилница која е дел од проектот „CRESSIDA“, денес, нејзини претставници остварија посета на општина Охрид. На средбата со заменик градоначалникот Ангел Јанев, беше разговарано за учеството на локалните власти во имплементацијата на еколошката отпорност кај локалните заедници. Од страна на претставниците на проектот, беа презентирани можни начини, за унапредување на еколошката отпорност како и меѓусебната соработка на државите со меѓународни водени текови за заштитата од поплави.

повеќе...

Презентација на проектот за меѓуетничка интеграција во ОУ „Живко Чинго“

Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во село Велгошти, денес се одржа отворен ден, во рамки на Деновите на меѓуетничка интеграција, што заеднички ги реализира Општина Охрид со основните, средните училишта и тимот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Основна цел на овој завршен ден беше презентацијата на сработените активности, во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието што ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Братство единство“, ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец и средното училиште „Св.Климент Охридски“, ги реализираа со своите партнер училишта. На презентацијата, на поставените штандови…

повеќе...

Утре во ОУ „Живко Чинго“ завршуваат активностите од проектот за меѓуетничка интеграција

Kако дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Општина Охрид заедно со основните училишта организира „ Денови на меѓуетничка интеграција“. Активностите по повод Деновите на меѓуетничка интеграција, завршуваат утре со големиот настан, што ќе се одржи во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти во спортската сала „Тодор Александров“, со почеток во 11 часот. На настанот ќе бидат презентирани активностите и постигнатите резулатати од досегашните реализирани актвиности со партнер училиштата, што основните и средните училишта од Општина Охрид ги реализираа во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција. WebOhrid

повеќе...

Утре Отворен ден во ОУ „Братство – Единство“

Утре (вторник), основните училишта Братство Единство, Климент Охридски, Григор Прличев, Христо Узунов и Наум Охридски од Охрид, кои учествуваа во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, организираат ОТВОРЕН ДЕН, работилничка презентација на проектните активности. Настанот ќе се одржи во централната училишна зграда на ОУ „Братство Единство“ со почеток во 11 часот. Настанот е дел од серија на Денови за меѓуетничка интеграција кои ќе се одржат во повеќе општини и ќе ги опфатат типични активности кои што се организирале во училиштата во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција…

повеќе...

Изградба на 140 градинки, нов проект на ВМРО-ДПМНЕ

Проект за изградба на нови 140 државни детски градинки во периодот од 2017 до 2020 година со кои ќе се отворат до 18 илјади места за згрижување деца од претшколска возраст најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Вредноста на проектот е 25 милиони евра, а со неговата реализација треба да се реши проблемот со листите на чекање за згрижување на деца во градинки. Приоритет за изградба на нови детски градинки ќе имаат општините кои имаат најголеми потреби, односно најдолги листи на чекање. Станува збор, рече Груевски, за изградба на…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ дел од проектот „Македонија без отпад“

Денес ЈП „Охридски Комуналец” се вклучи во проектот „Македонија без отпад” по договор со невладината организација „Ајде Македонија”. Претпријатието изврши расчистување на магистралниот пат Охрид – Подмоље, на двете магистрали (стариот и новиот пат). Оттаму информираат дека ангажирани биле 12 работници од 06:00 часот до 11:30 часот и биле собрани околу 60 вреќи на отпад. Од другите учесници во оваа акција на потегот од „Билјанини извори” према Св. Стефан собрани се 40тина вреќи отпад и истите се подигнати со возило на ЈП „Охридски Комуналец”.

повеќе...