Уште само два дена за пријавување на Ohrid SUPERSTAR

Oстанаа уште само два дена за пријавување на првото локално Талент шоу за реагионот на Охрид и Струга – Ohrid SUPERSTAR. „Пријавувањето тече во најдобар ред и според нашите очекувања. Во најголем дел се пријавуваат за сегментот на пеење и млади и перспективни бендови. Имаме и пријави за делот со Стенд Ап комедијата. Станува збор за претежно млади лица кои ветуваат добра забава и максимално ќе ја искористат можноста да се претстават пред јавноста. Сите кои се мислат дали да се пријават или не ги охрабруваме и им ветуваме одлично…

повеќе...

Ohrid SUPERSTAR со богати награди во потрага по таленти во Охрид и Струга

Организаторите на новото Талент шоу: Ohrid SUPERSTAR, денес во Bistro Corner во Охрид ја одржаа првата официјална прес конференција на која ги соопштија деталите за манифестацијата. „Започнуваме нова потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека сакаме да го…

повеќе...

Започна пријавувањето за OHRID SUPERSTAR

Сите кои сакаат да бидат дел од OHRID SUPERSTAR можат да се пријават во текот на овој месец и да бидат дел од новото Талент шоу. „Од ноќеска на полноќ започна пријавувањето и она што можеме да го кажеме уште пред самиот почеток е дека интересот е огромен. Пријавувањето ќе трае во текот на целиот месец февруари, по што ќе започнат и претставувањата и селекцијата на кандидатите. Ние ги охрабруваме сите кои сакаат да бидат дел од ова шоу да се пријават. Возраста не е важна, може да се пријават…

повеќе...

Наскоро Талент шоу: OHRID SUPERSTAR

Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото Талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро. „Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на…

повеќе...

Трајчевски: Радио Охрид не ги изврши обврските предвидени со закон

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД „Радио Охрид“ ДОО Охрид, откако беа исполнети законските услови, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски. „Издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските предвидени со одредбите од Законот за медиуми“ – вели Трајчевски. Тој додава дека претходно на радиото, поради повеќекратно недоставување на податоци му биле доставувани опомени и решение за изрекување мерка, а му биле дадени неколку рокови за усогласување на работењето. Агенцијата за аудио и…

повеќе...

Се зголемува квотата за изворно создадена програма, за музиката нема промена

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека во 2016 година, се зголемува процентот за емитување изворно создадена програма во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија. Како што е пропишано во член 92 ставови 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, почнувајќи од 1 јануари 2016 година, за трговските радиодифузни друштва и за непрофитните радиодифузни установи обврската за изворно создадена програма изнесува 50%, а за Јавниот радиодифузен сервис изнесува 60% од вкупно емитуваната…

повеќе...

Усвоена Методологијата за мониторинг на радио и телевизиските програми за време на изборните процеси

Согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој стапи на сила на 10 ноември 2015 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси. Воедно, беше констатирано дека Агенцијата нема да врши надзор врз изборното медиумско претставување на интернет порталите, бидејќи не постојат предуслови за тоа. Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување и ставот на Агенцијата можете да ги преземете…

повеќе...

АВМУ ќе врши мониторинг на радијата и телевизиите со опрема вредна над 800 илјади евра

Денес започна реализацијата на Проектот „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“. Проектот се реализира како дел од Инструментот за претпристапна помош – ИПА за 2011 година. Со реализација на проектот се врши набавка на опрема во вредност од 839,608.00 €, од кои 75% се обезбедени преку ИПА, а останатите 25% односно 209,902 € се обезбедуваат со кофинансирање од страна на Агенцијата. Со оваа опрема технички ќе се осовремени системот за снимање, чување и прегледување на програмските содржини емитувани на…

повеќе...

13 февруари – Светски ден на радиото

13 февруари е Светскиот ден на радиото, ден кога радиото се слави како медиум кој ги едуцира луѓето, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите.

повеќе...

Охридското Супер радио го прославува 22-иот роденден

Под слоганот „Супер радио не се слуша, Супер радио се сака“, охридското Супер радио денес прославува 22 години од постоењето. Радио Супер важи за една од најпопуларните во Република Македонија и официјално најслушаната локална станица, според анкетата на СРД. Програмата ја емитува на 97.00 во регионот на Охрид и Струга, но и во живо на интернет каде имаат огромен број слушатели од целиот свет. Роденденот го дочекуваат со екипа од дваесетина водители, техничари, Дџ-и и новинари кои произведуваат квалитетна радио програма, која изобилува со одбрана музика, но и информации прилагодени…

повеќе...