Девет години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио

Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио во петок полни девет години откако започна да се емитува во радискиот етер. Низ годините емисијата се менуваше и созреваше во квалитетен радио проект кој полни девет години ги информира, а пред се ги забавува своите слушатели. Емисијата ја води познатиот глумец и водител Жанко ЗШ Голабоски, а тимот на емисијата го надополнуваат и Тони Џомба и Дџ Јане кои го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија. Покрај нив, тимот го дополнува и комплетната екипа составена од млади и талентирани луѓе…

повеќе...

15 години Радио Лав Охрид

Охридското локално Лав радио денес одбележува 15 години од своето постоење. Лав радио е радио кое што ја негува и ја емитува македонската народна музика. „Радио Лав постои од 14 февруари од 1999 година. Денеска славиме 15 години.Сето она што денеска го постина мојот татко Иван Пашоски, мислам дека е еден голем успех затоа што сите овие години работеше, се трудеше да опстане македонската народна музика во етерот и мислам со тоа им даде доказ на сите оние кои  не веруваа дека ние македонците не си ја негуваме македонската музика,…

повеќе...

Владата го усвои Акцискиот план за финансиска поддршка на домашната музичка продукција

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев информираше дека Владата на Република Македонија започна со реализација на проектот содржан во Законот за поддршка на домашната музичка продукција, проект кој значи финансирање на домашни музички композиции. Владата на минатата седница го усвои и Акцискиот план за реализација со кој започна реализацијата. Владата утврди дека со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурси секоја година ќе финансира создавање на 200 нови композиции, од кои 150 се од областа на забавната и народната музика и 50 се детски композиции.…

повеќе...

Јавна расправа за Законот за медиуми

Во Собранието на Република Македонија денес се одржа седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на чиј дневен ред беше јавната расправа за Законот за медиуми. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во воведното обраќање образложи дека законот се однесува на сите медиуми и оти од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеќе измени и дополнувања, по предлог на странските и на домашните експерти, здруженија и асоцијации. Тој се задржа на слободата на изразувањето и правата на новинарите, како едни од најзначајните сегменти од нацрт-текстот…

повеќе...

Супер рад​ио е најслушаната ло​кална радио станица ​во Македонија​

Охридското Супер радио според истражувањето на Советот за радиодифузија од 15.04.2013 е најслушаната локална радио станица во Македонија. „Прво би сакал да Ви се заблагодарам за интересот како куќа и затоа што секогаш сте ги поддржувале нашите активности. Фактот што Супер радио веќе и официјално е најдобрата и најслушаната локална радио станица во Република Македонија ја сакам да го гледам како една круна на полни 20 години макотрпна работа. Се трудевме да ги следиме сите техничко-технолошки новитети. Вложувавме во опрема, но и во кадар што се покажа како добитна комбинација.…

повеќе...

Охрид ќе биде претставен на програмите од Дојче Веле

Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска, денеска оствари средба со уредници на програмите од  Дојче Веле, кои деновиве престојуваат во Охрид. На средбата новинарите пројавија најголем интерес за богатото природно и  културно наследство на Охрид, туризмот и европските перспективи на Охрид. Претседателот Коњановска, гостите ги запозна со основните податоци за нашиот град и идните планови и заложби на локалната самоуправа за развојот на градот. Одговорниот уредник на 30 редакции на Дојче Веле, Уте Шифер, се интересираше за вклученоста  на Охрид во европски проекти и европските перспективи на градот,…

повеќе...

Промена на дозволата за вршење на радиодифузна дејност до 21 мај

Со влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, се создадоа законски услови за преминот од аналогно на дигитално емитување на телевизискиот сигнал во Република Македонија. Аналогниот телевизиски сигнал се исклучува на 31 мај 2013 година и по овој датум постојните телевизиски радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно, регионално или локално ниво немаат право да ги користат радиофреквенциите за аналогно емитување доделени од Агенцијата за електронски комуникации. Доколку не им се измени постојната дозвола за вршење радиодифузна дејност, таа престанува да важи од 1…

повеќе...

„Желба“ го одбра Бакрачески за нов градоначалник на Охрид

Охридското Супер радио, како што вети, вечерва по 19:00 часот го објави „изборот“ на рипката Желба за градоначалник на Охрид. Златната рипка Желба пред два дена „го бираше“ својот фаворит меѓу двајцата најсериозни кандидати за градоначалници на Охрид, Александар Петрески од „Сојузот за иднината“ и д-р Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ, кои според последните рејтинзи имаа најголеми шанси да седнат во првата фотелја на градот под Самоиловите тврдини. Откако неколку минути се колебаше каде да тргне и од кој дел на поделениот аквариум да земе храна, Желба сепак тргна кон делот…

повеќе...

„Желба“ утре ќе биде охридскиот октопод Пол

Со цел за разбивање на предизборните тензии, охридското Супер радио утре точно напладне ќе организира „избор“ на градоначалник на Охрид.  Помеѓу двајцата најсериозни кандидати за градоначалници на Охрид ќе бира златната рипка „Желба“ која ќе одбере од кој дел од поделениот аквариум со обележјата на двајцата кандидати ќе земе храна.  „Се одлучивме на овој чекор за да се смири малку топката во Охрид, по сериозно зголемените тензии последниве неколку дена. По примерот на октоподот Пол кој ги предвидуваше резултатите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, нашата „Желба“ ќе…

повеќе...

Советот за радиодифузија го честита светскиот ден на радиото

Денот 13 февруари 2013 година е прогласен како Светски ден на радиото од страна на УНЕСКО. Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите, да се промовира пристапот до информации и слободата на изразување преку брановите на овој медиум. Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневнието на многумина. Со развојот на интернет…

повеќе...