ЈП „Охридски Комуналец“ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид. „Се расчистува речното корито на р.Сушица, на потегот од ул. „Петрино“ до Винарска визба. Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.“- информираат од претпријатието. Како што велат, со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.
повеќе...Tag: река
Се расчистува речното корито на река Грашница
По налог на Општинскиот инспекторат екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на река Грашница и околниот простор, на потегот од „Булевар Туристичка“ до пресекот со ул. „Гоце Делчев“. „Речното корито се расчистува рачно од натрупаниот отпад, како и израснатата вегетација, а околниот простор на двете страни од речното користо се коси и се уредува.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец. Оттаму додаваат дека со овие активности ќе се обезбеди непречен тек на речните води и ќе се минимизира можноста за поплавување на околното земјиште .
повеќе...Се работи на санација на мостот на река Грашница
Оперативни екипи на ЈП „Нискоградба“ неколку дена активно работат на санација на мостот на река Грашница на ул. „Гоце Делчев“ во населба Даљан. Санацијата на мостот значи крај на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа охриѓани затоа што истиот беше небезбеден како за минувачите така и за нормално сообраќање. Со санацијата на мостот на реката Грашница на излезот од градот,локалната власт во Охрид покажува дека со еднаква мера се грижи за централниот и за периферниот дел од општина Охрид. Активности од ваков тип во блиска иднина се најавени и на…
повеќе...Се расчистува речното корито на реката Сушица
Заради предвидените активности на локалната самоурава за санирање на речното корито на река Сушица вдолж ул.„Радојца Новичиќ“ со кои речното корито ќе се ѕида и продлабочи, ЈП „Охридски Комуналец“ веќе две недели спроведува акција за претходно расчистување на теренот. „Со ангажирање на специјална комбинирана машина, речното корито се продлабочува, а натрупаниот отпад (пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки) се транспортира. Екипите на „Паркови и зеленило“ рачно го расчистуваат теренот околу речното корито со отстранување на бујната вегетација, трње и гранки“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оттаму додаваат дека…
повеќе...Точков: Водата во Охридското Езеро преку 90% е од прва и втора класа, јавните чешми безбедни за пиење
Центарот за јавно здравје Охрид, согласно својата програма и процедури за работа пред секоја летна туристичка сезона врши комплетна контрола на квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро од македонска страна, но и на сите оние водотеци или реки кои што се вливаат во Охридското Езеро. Редовно се следи состојбата и со квалитетот на водата за пиење и со квалитетот на водата од јавните или артески чешми кои што ги користат граѓаните и туристите во овој летен период, информира на денешната прес конференција Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија…
повеќе...Хидролошка состојба во Македонија – Центар за управување со кризи
Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека зачестените врнежи кои падна на територијата на нашата земја како и на териториите во соседните земји од северната страна чии сливни подрчја ги потхрануваат нашите водни тела, овозможија прираст на водостоите на сите водотеци. „Со оглед на тоа дека речните корита имаат сеуште доволно простор да примаат води, а врнежите не се долготрајни, односно се со прекини и согласно временската прогноза особено спрема тоа какви врнежи и во кои подрачја се очекуваат да наврнат во деновите кои следат, произлегува дека како најранливи подрачја…
повеќе...Дадена препорака и одобрение до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват
Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид-Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, ДА ГО ПРОГЛАСИ македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи. Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват. „Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Номинациониот Акт на кој долго…
повеќе...Со низа активности ќе се одбележи Денот на реката Дрим
Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро преставен во Дрим Кор групата и Еколошкото Друштво Грашница објавуваат дека во рамките на Дримскиот проект CORDA го организираат Денот на реката Дрим. Денот на реката Дрим ќе биде настан организиран во ист ден 17.Мај сабота во Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. Целта на настанот е да се зголеми сензибилизацијата на јавноста за вредностите и значењето на Дримскиот Басен и за управувањето со екосистемот на Дрим во трансграничен аспект. Денот на ДРИМ исто така преставува настан кој ќе ја зголеми прекуграничкната соработка во басенот…
повеќе...Забрани за риболов на риболовен ревир „Слив на Охридско Езеро“
Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид како концесионер ги известува рекреативните риболовци за забраните за риболов за време на Првомајските празници, на риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. Забранети се за риболов следниве видови на риби поради мрест: – Скобуст од 15.04 до 15.05 – Писа од 15.04 до 15.05 – Клен од 01.05 до 31.05 – Мрена од 15.05 до 15.06 – Крап од 01.05 до 31.05 На рекреативната зона „Слатинско Езеро“ сеуште не…
повеќе...Точков: Водата во Коселска, Сатеска и Велгошка река сеуште негативно влијае врз еко-системот во Охридското Езеро
Центарот за јавно здравје континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во градските водоводи, во селските водоводи, но и водата во Охридското Езеро. „Сакам да напомнам дека во месец март беа земени 21 примерок од водата во Охридското Езеро, почнувајќи од Св.Наум, па до струшкото крајбрежје. Тие примероци на вода беа анализирани во лабораториите со физичко-хемиска микробиолошка анализа и примероците кои што беа земени од реките покажуваат дека водата во тие реки Коселска, Сатеска и Велгошка е со лош квалитет, односно сеуште негативно влијаат врз еко-системот на Охридското…
повеќе...