Македонија 87-74 Косово

Нашата сениорска репрезентација ја запиша првата победа во рамки на претквалификациите за СП 2019. Избраниците на Јорданчо Давитков демонстрираа квалитет на паркетот, агресивната игра во одбраната го присили противникот на грешки кои знаевме да ги искористиме за таложење на предност. Првите поени Косово ги реализира од линијата за слободни фрлања, додека нам ни требаа неколку минути да го фатиме ритамот. Следеше период во кој доминиравме во одбраната, што не доведе на еден поен негатива на полувремето (40-41). Во вториот дел од натпреварот ја одржавме агресивноста во одбраната, но стабилните раце…

повеќе...

Македонија на 135 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место и сега се наоѓа на 135 место од ФИФА рејтинг листата. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Бразил, додека пак Германија и Аргентина следуваат на второто и третото место. Најголем скок од +20 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Намибија која се искачи на 136 место. Најголем пад од -18 места забележа репрезентацијата на Кирасо која се најде на 86 место. WebOhrid

повеќе...

Кошаркарите ги започнуваат претквалификациите за Светското првенство 2019

Нашата сениорска репрезентација утре попладне заминува за Косово каде и против кого ќе го одигра првиот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019. Ждребот посака да сме сместени во група заедно со Естонија и со Косово – навидум лесна работа, но историјата нè научила дека не смееме ниту еден противник да го ’отпишеме’ предвреме. Првите две пласирани селекции обезбедуваат пласман во квалификациите за СП 2019, што за нашата селекција значи и пласман во квалификациите за Европското првенство 2021 година. „Се видовме пред 40-ина дена тука кога почнуваа подготовките.…

повеќе...

Нашата репрезентација го освои Трофејот Македонија

Македонската сениорска репрезентација го освои „Трофеј Македонија“ вторпат во историјата на одржување на овој турнир по 2011 година. Во интензивно динамичен натпревар, избраниците на Давитков ги надмудрија кошаркарите на Босна и Херцеговина и ги совладаа со 71-64.

повеќе...

Трофеј Македонија: Македонија 78-72 Холандија

Бевме доволно самоуверени за да шутираме од далечина, но шутевите кои не ги реализиравме нашите противници ги ’крадеа’ под нивниот обрач. Условниот домаќин на овој натпревар беше супериорен во скокот и сето тоа резултира со висока негатива која требаше да ја бркаме по десет минути игра (20-9). Ги построи Давитков своите избраници на малата пауза пред вториот период, па до крајот на првиот дел од натпреварот ја консолидиравме играта. Нашиот противник наталожи и 15 поени предност (27-12) која стагнира и во третиот период. Во последните десет минути нашите сениори блеснаа…

повеќе...

Македонија ја совлада Португалија со 52-47

Актуелниот состав на нашата сениорска кошаркарска репрезентација е спој на младост и искуство, но несомнено е дека овој ‘коктел’ и тоа како функционира на паркетот. Со смирени глави и, нормално, смирени раце, нашите сениори запишаа нова победа во рамки на подготвителниот период. Овој пат, пулените на Јорданчо Давитков ја совладаа сениорската селекција на Португалија во рамки на турнирот „Трофеј Македонија“. Во првиот дел од натпреварот, во првите 15 минути се мачевме со пронаоѓање на вистинското темпо. Но истото може да се каже и за нашиот противник кој искористи неколку наши…

повеќе...

Кошаркарите ќе одиграат пријателски двомеч против Словачка

Сениорите денес заминаа за Словачка, каде во престолнината во наредните два дена ќе одиграат пријателски двомеч. Селекторот Јорданчо Давитков ќе има можност за првпат од започнувањето на подготовките да ги согледа предностите и слабостите на националниот тим. Пред сениорската репрезентација претстои предизвикот наречен претквалификации за СП 2019 кој доколку се помине значи и автоматски пласирање во квалификациите за наредното Европско првенство кое ќе се одигра за четири години, во 2021 година. „Ги завршивме подготовките во Маврово и можам да кажам дека сум задоволен од пристапот на сите играчи. Беа доста…

повеќе...

Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа скок од +2 места и сега се наоѓа на 134 место. Овој напредок се должи на нерешениот исход 0:0 кој нашата репрезентација го одигра на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, додека пак Бразил и Аргентина следуваат на второто и третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Андора од +57 места се искачи на 129 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Намибија од -62 места и се…

повеќе...

Сениорките во група против Италија, Шведска и Хрватска во квалификациите за ЕП во кошарка

Сениорките ќе го започнат својот поход кон Европското првенство в ноември, против селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска . Денес беше одржан ждребот на кој беа поделени 32. земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство. Првите два натпревари од евроквалификациите ќе…

повеќе...

Одбојкарите поразени во финалето

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред останува без златен медал во финалето од Европската лига. Оваа година пречка за нашите беше репрезентацијата на Украина. Украина ги доби првите два сета со 25:15 и 25:22 со што поведе со 2:0. Македонија успеа да го добие третиот сет со 24:26 и да намали на 2:1. Но, Украина го доби и четвртиот сет со убедливи 25:13 со што оствари триумф од 3:1 на овој натпревар и го освои златото во Европската лига оваа година. WebOhrid

повеќе...