Русија останува еден од најзначајните политички и економски партнери на Македонија, но се уште има простор за унапредување на стопанската соработка. Извозот континуирано расте, но не со посакуваното темпо, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на Македонско-руската стопанска комора. Во насока на интензивирање на економските односи, нагласи Ставрески, покрената е иницијатива за преференцијален третман, односно за намалени царински стапки при извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи, а останува и барањето за потпишување договор за слободна трговија меѓу двете земји. „Со 144 милиони потрошувачи,…
повеќе...Tag: русија
Македонија земја на богато културно и природно наследство промовирана на саемот за туризам во Москва, Русија
Четврта година по ред Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претставува својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Москва, Русија (MITT). Повеќе од 2056 егзибитори и туристички компании како и 203 туристички дестинации ја претставија својата понуда на најважниот саем за туризам на рускиот пазар, кој се оддржува од 18 до 21 Март, 2015 година. Претставници на АППТРМ се сретнаа со партнерите и соработниците, продолжувајќи ја одличната соработка со рурскиот тур оператор “7 Tour” кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија. Од минатата година…
повеќе...Доставени сите материјали за извозот на земјоделските производи во Русија
Македонската Влада ги достави сите потребни информации до Руската Федерација во врска со извозот на земјоделски производи во оваа земја. Целокупниот предмет беше комплетиран и во понеделникот преку Министерството за надворешни работи и македонската Амбасада во Москва е предаден на федералната служба за фитосанитарен и ветеринарен надзор на Руската Федерација во соодветна процедура. Ова го соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој рече дека Владата во изминатата недела задолжила поголем број институции да извршат увид за проверка на фактичката состојба во врска со извозот на земјоделски производи во Руската Федерација.…
повеќе...Формиран комитетот за земјоделство во рамките на меѓувладината македонско – руска комисија
Во функција на исполнување на подготвеноста за одржување на дијалогот на високо ниво помеѓу министерствата за земјоделство на Република Македонија и Руската Федерација, денес во Москва министрите Љупчо Димовски и Николај Фјодоров одржаа средба во пресрет на меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. На разговорите беа разгледани прашањата за унапредување на соработката во делот на зголемување на извоз на овошје и зеленчук на рускиот пазар, како и на обемот на руските инвестиции во капацитети за откуп и преработка на овошје и зеленчук. Посебен акцент се стави…
повеќе...Претставници на Руската амбасада во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид
Во посета на НУ Библиoтека „Григор Прличев“ – Охрид беа Константин Берсенев – заменик шеф на Мисијата на Амбасадата на Руската федерација на РМ и господинот Александар Алексиев – раководител на секторот за култура во Руската Амбасада. На средбата, Директорот на Библиотеката и гостите, разговараа за воспоставување на културна соработка меѓу секторот за култура при Руската амбасада и Охридската библиотека. Токму овој сектор во иднина би бил посредник во организирањето и одржувањето на повеќе културни настани меѓу двете земји преку кои ќе се негуваат културата, јазикот, обичаите и традицијата на…
повеќе...Организирани групи руски туристи од идната година доаѓаат во Охрид
Од идната година Охрид очекува Организирани групи руски туристи и воспоставување директни чартер летови од Охрид до Москва, беше заклучено на денешната средба меѓу претставниците на Секторот за Локален Економски Развој и генералниот менаџер на „7TOUR“ компанијата од Москва- Русија , кој е во неколкудневна работна посета на Охрид. „Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на руската делегација им ги предочи сите позитивни карактеристики на охридскиот туризам од аспект и надлежност на Локалната самоуправа. Позитивно би било кога Македонија би влегла како опција на сите туристички саеми , со…
повеќе...Премиерот Никола Груевски се сретна со претседателот на руската компанија Газпром, Алексеј Милер
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес оствари средба со претседателот на руската компанија Газпром, г-дин Алексеј Милер. На средбата беше разговарано за досегашната и за понатамошната соработка помеѓу двете страни и нејзиното унапредување и развивање. Соговорниците разговараа за понатамошната реализацијата на проектот Јужен Тек и конкретните чекори за негова операционализација, при што беше истакнато дека по ратификацијата на потпишаниот договор за вклучување на Република Македонија во Јужен Тек, ќе се премине кон формирање на мешовито претпријатие помеѓу двете страни согласно договорот кое ќе ги спроведе понатамошните чекори…
повеќе...Oбјавен договорот со Руската Федерација за „Јужен тек“
Министерството за финансии денеска на својата веб страница (http://www.finance.gov.mk/files/u1/Spogodba_so_RF_za_Juzen_Tek.pdf) го објави договорот со Руската Федерација за вклучување на Република Македонија во гасоводниот проект „Јужен тек“. Со договорот се обезбедуваат сигурни количини гас за Македонија, што значи дека ќе се изгради крак кој ќе води кон земјава, што е единствен начин на дистрибуција на поголеми количини гас. Кракот кон Македонија ќе доаѓа од Србија или од Бугарија, што доплнително ќе биде договорено. Македонија договорот со Руската Федерација го потпиша на 23-ти овој месец во Москва, а двете страни оценија дека тој…
повеќе...