Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија (NatourAlpeAdria) кој трае од 27-ми до 30-ти Јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат. Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар. „Го изразувам задоволството што после неколку години пауза, повторно учествуваме на саемот NatourAlpeAdria. Словенците ја перцепираат Македонија како пријателска земја од југот…
повеќе...Tag: саем
Македонија на Меѓународниот саем на книгата во Софија
Република Македонија со свој штанд ќе учествува на 43. Меѓународeн саем на книгата во Софија, кој ќе се одржува од 8-ми до 13 декември. Организатор на претставувањето на македонската литература во бугарската престолнина е издавачката куќа „Македоника литера“. На саемот ќе бидат претставени современата книжевна продукција, културната историја и културното наследство на Македонија, преку избрана продукција на белетристички, монографски, научни и репрезентативни изданија, со разновиден рекламен материјал и со видеопрезентација. На штандот на РМ ќе бидат претставени најновите преводи од македонски на бугарски јазик кои се реализирани преку Конкурсот на…
повеќе...Книжевното творештво на РМ ќе биде претставено на Саем на книгата во Истанбул
Книжевното творештво на Република Македонија со поддршка на Министерството за култура од утре до 10 ноември од Здружението на албански издавачи во соработка со Сојузот на албански издавачи ќе биде претставено на Саемот на книгата во Истанбул. На Саемот ќе бидат презентирани вредни публикации, монографии за Македонија, македонската култура и културно наследство, а ќе бидат презентирани дела од најпознатите македонски албански автори, како и дела на автори од другите националности кои живеат во Република Македонија. Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби денеска на прес-конференција рече дека на Саемот…
повеќе...АППТ на саемот за туризам во Лондон со низа активности за помош и поттик на домашниот и странскиот туристички промет
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Макeдонија (АППТ) по втор пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (WTM). Делегација од Македонија предводена од Директорот на АППT, Лела Крстевска, за време на свечената вечера организирана од CNN оствари бројни средби со Директори на владини агенции за туризам од Нигерија, Гватемала, САД, Унгарија, Белорусија, Словачка, Сејшели и др. На овој глобален настан искористена е приликата да се покани новинарот на CNN, Ентони Борден (автор на книги за кулинарство и светски познати…
повеќе...Македонија учествува на Медитеранската берза за археолошки туризам во Салерно, Италија
Република Македонија со штанд претставуван од Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) учествува на 19. Медитеранска берза за археолошки туризам, која од 29 октомври до 1 ноември се одржува во Салерно, Италија. „Туроператори од цел свет се интересираат за Македонија како туристичка дестинација а, исто така, македонското културно наследство е привлечно за странските универзитети, министерства, музеи и други институции“, информира УЗКН. На штандот може да се добијат промотивни материјали, како видеа, флаери, постери.., а се презентирани и првите десет публикации од новиот проект за македонското културно наследство – за…
повеќе...Национален ден на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт
На штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт утре ќе биде организиран национален ден, насловен „Дожд од зборови“, на кој ќе бидат претставени четворица афирмирани македонски автори – Митко Маџунков, Венко Андоновски, Блаже Миневски и Кица Колбе. За нивното творештво пред посетителите на македонскиот штанд ќе говори Бенјамин Лангер, македонист и професор на Универзитетот во Берлин, а извадоци од нивниот книжевен опус се застапени во каталог кој ќе биде достапен и во електронска форма. Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ), со поддршка на Министерството за…
повеќе...Саем и во Струга: Можностите за нови вработувања патуваат низ Македонија
Откако започна и вториот караван за новите саеми за вработување низ Македонија, и ги посети Прилеп и Велес, од страна на граѓаните се забележаа позитивни критики за шансите кои ги добиваат за време на овие настани. За разлика од стандарната форма на интервјуирање со потенцијалните кадри, на саемите секој има можност директно и на неутрална локација да се запознае со своите идни работодавачи и во поопуштена атмосфера да ги дознае сите детали за начинот на аплицирање и условите според кои одредена компанија или организација ги одбира своите идни вработени. Денес…
повеќе...Mакедонската литература ќе биде претставена на Саемот во Франкфурт
Над 1.400 книги на речиси сите издавачи во Македонија и публикации на национални установи ќе бидат изложени на претстојниот Саем на книгата во Франкфурт, на специјално подготвен штанд под мотото „Куќа на зборови, куќа на светови“. Втора година по ред комесар на претставувањето е Здружението на издавачи и книжари на Македнија (ЗИКМ) со поддршка од Министерството за култура. На најголемата книжевна саемска манифестација и центар на издавачката индустрија во светот, в сабота, 17 октомври, ќе биде организиран и национален ден, насловен „Дожд од зборови“, на кој ќе бидат претставени четворица…
повеќе...Можности за вработување и во Струга: Стружани во потрага по нови работни места
Финансиската состојба на граѓаните се здобива со градација на позитивен тренд на раст, благодарејќи на новиот караван за саеми за вработување низ Македонија, кој на 30-ти септември започна во Прилеп, по реализираниот успешен прв караван кој за прв пат од тој вид се претстави на македонската јавност минатата година. Илјадници граѓани пронајдоа шанса за нови работни места, со подобри услови кои се поклопуваат со очекувањата на активните баратели на работа. Саемите за вработување се уникатен вид на барање на нови соодветни кадри и за работодавачите низ државата, кои сакаат да…
повеќе...Македонија претставена како следна дестинација за активен туризам на светскиот самит во Чиле
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот Кристијан Џамбазовски учествуваше на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле кој се одржа од од 05 до 09 октомври 2015 година. На Самитот Република Македонија беше претставена како хит дестинација за Аdventure Тravel пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи. На Самитот во Чиле, директорот Џамбазовски најави дека во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, Република Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која…
повеќе...