Претставници на Стопанската комора за туризам и Скопски саем на денешната средба со градоначалникот Никола Бакрачески упатија официјална покана Охрид да биде град-домаќин на јубилејниот Петти туристички саем Skopje Travel Market, што ќе се одржи од 7 до 9 мај. Градоначалникот Бакрачески се заблагодари и ја прифати поканата при што потенцира дека тоа е одлична можност за презентација на понудата на Охрид, најголемиот и најразвиениот туристички центар во Република Македонија. „Ова е одлична можност за комплетна презентација на туристичка понуда на Охрид , пред учесниците и посетителите на овој голем…
повеќе...Tag: саем
По втор пат Велигденски саем во Охрид
Јавното Претпријатие „Градски Пазар“ на 9-ти и 10-ти април (Велики Четврток и Велики Петок) по втор пат ќе организира Велигденски саем. Саемот ќе се организира во халата за текстил. Сите заинтересирани произведители и продавачи кои сакаат да ги изложат своите производи да се пријават во Дирекцијата на ЈП Градски Пазар до први април (среда). Воедно од ЈП „Градски Пазар“ ги покануваат и сите Граѓани да го посетат саемот на кој ќе може да се најдат најразлични производи рачно изработени, традиционални јадења, сувенири итн.
повеќе...Македонија земја на богато културно и природно наследство промовирана на саемот за туризам во Москва, Русија
Четврта година по ред Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) го претставува својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Москва, Русија (MITT). Повеќе од 2056 егзибитори и туристички компании како и 203 туристички дестинации ја претставија својата понуда на најважниот саем за туризам на рускиот пазар, кој се оддржува од 18 до 21 Март, 2015 година. Претставници на АППТРМ се сретнаа со партнерите и соработниците, продолжувајќи ја одличната соработка со рурскиот тур оператор “7 Tour” кој веќе неколку години носи руски туристи во Македонија. Од минатата година…
повеќе...Охрид успешно промовиран на саемот во Белград
На годинашниот Саем за туризам во Белград во присуство на голем број тур-оператори, туристички агенции, претставници на дипломатскиот кор и политичкиот и јавниот живот, успешно беа презентирани охридските културни и природни вредности. За време на туристичкиот саем, во ресторанот „ Езеро“ на Ада Циганлија се одржа и традиционалната Охридска вечер, на која пригодно обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние како нов тренд го најавуваме подолго време и постојано работиме да има голем импакт на зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетуваат Охрид. Уверени сме дека ќе вроди со…
повеќе...Туристички, културни и гастрономски потенцијали на Македонија претставени на саемот за туризам во Белград, Србија
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот богата програма на Македонија, преку деновите на македонскиот туризам и промотивните настани успешно се претстави како туристичка дестинација на меѓународниот саем во Белград кој се оддржа од 19-22ти Февруари. „Српскиот пазар за нас е еден од главните туристички пазари. Имаме над 40.000 посетители, кои остваруваат над 77.000 ноќевања во Македонија и се вбројува во првите 5 држави по посетеност според рангирањето. Очекуваме во иднина да го зголемиме овој број за околу 100% во период од 5 години. Успешните промотивни активности…
повеќе...Традиционална охридска вечер во Белград
Во рамките на годинешниот Туристички саем во Белград што ќе се одржи од 19-ти до 22-ри февруари, општина Охрид ќе ја организира традиционалната Охридска вечер. На вечерта, што ќе се одржи во ресторанот „Језеро“ на Ада Циганлија, планирано е да учествуваат претставници на дипломатскиот кор, познати личности на политичкиот и јавниот живот во Белград, хотелиери, угосители и тур-оператори од повеќе земји учеснички на саемот. „Нашата стратегија е што повеќе да ги користиме туристичките саеми како можност за промоција на Охрид како атрактивна дестинација.Оваа недела почнуваме со промоција на Охрид на…
повеќе...Македонија земја на езера и богато културно наследство претставена на саемот за туризам „Brussels Holiday Expo” во Брисел, Белгија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот, Кристијан Џамбазовски од 05 до 09 февруари 2015 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам Brussels Holiday Expo во Брисел, Белгија 2015 година. Интернационалната туристичка берза “Brussels Holiday Expo” годинава е форум за презентација на 100 земји и повеќе од илјада излагачи од областа на туризмот. На овој саем традиционално е претставена Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што на пазарот во земјите на Бенелукс се претстави како привлечна и атрактивна…
повеќе...Канческа-Милевска го посети Саемот на книгата во „Матица македонска“
Богато македонско книжевно творештво и по достапни цени за сите граѓани нуди 16. Саем на книгата во „Матица македонска“, кој денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Саемот ќе таре до 31 јануари. Саемот и годинава, посочи министерката, традиционално е посветен на голем број македонски автори, што значи дека има зголемена македонска продукција односно зголемено македонско литературно творештво кое се издава од година во година. Саемот, според неа, овозможува секој ден да се има и директен контакт со одреден автор. Истакна дека Саемот е одлична можност да се купат…
повеќе...Македонија земја на богато културно наследство промовирана на саемот за туризам во Истанбул, Турција
Успешно по четврти пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествуваше на “ЕМИТ” саем за туризам во Истанбул, Турција од 22-25ти Јануари, 2015. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година имаше успешно саемско промовирање, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда добро позната на турските туристи. Македонија земја на богато културно наследство, Македонија како земја на Кемал Ататурк и неговиот татко Али Риза ефенди кој е роден во Коџаџик, Дебар. Туристичкото промовирање е уште една одлична можност за…
повеќе...Македонија како земја на езера и квалитетно вино промовирана на саемот за туризам во Утрехт, Холандија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во Утрехт, Холандија од 13-18ти Јануари, 2015. Саемот за туризам во Утрехт, “Vakantiebeurs” е место за повеќе од 1.400 егзибитори од целиот свет и повеќе од 100.000 посетители за…
повеќе...