Шекеринска: План за поддршка и шанса за лицата со посебни потреби

Носителката на кандидатската листа во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, денес беше помеѓу граѓаните на Охрид. Таа ги претстави мерките од програмата за подобри услови за образование на децата со посебни потреби. „Во нашиот План за живот во Македонија, посебно место има програмата за поддршка на лицата со посебни потреби, особено на децата со посебни потреби. Една држава, не може да се нарекува ниту хумана ниту солидарна, ако не обезбеди шанса за децата со посебни потреби. Затоа ќе го менуваме системот и ќе почнеме уште од најрана возраст, на децата коишто припаѓаат…

повеќе...

Лазаревска: Програмата на СДСМ има план за подобро, поквалитетно, европско образование

Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во своето 10 годишно владеење успеа македонското образование да го донесе на самото дно во европски рамки и од него да направи единствено само фабрика за партиски вработувања.Ова го истакна на денешната прес конференција Жаклина Лазаревска , кандидат за пратеник и советник на ОО СДСМ Охрид. „Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кулминираше со безмилосно трошење на народните пари на “проекти“ од типот: „Компјутер за секое дете“ , екстерно тестирање и оценување на учениците и наставниците , целосно нефункционална Кембриџ програма, пренатрупаност на наставниот…

повеќе...

Тунтев: Нашата цел е да создадеме услови за младите да останат да живеат и работат во Македонија

Во просториите на ОО на СДСМ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше д-р Томислав Тунтев, пратеник и претседател на ОО СДСМ Охрид. „Во своите изборни програми, и во 2013, и во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти. Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем,…

повеќе...

Шекеринска: Повеќе шанси, повеќе работни места за младите во Македонија

Носителката на кандидатската листа на СДСМ во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, денеска се сретнасо граѓаните на Охрид. Таа во изјава за медиумите истакна дека програмата на СДСМ има план за вработување на младите и повисоки плати, останување на младите во државава.   „Денеска во Охрид, разговараме со граѓаните за нашиот план за живот во Македонија, план кој гарантира, обезбедува, младите од целата наша држава да останат во татковината, тука да создаваат семејство, тука да најдат работа, тука да ги најдат своите шанси за успех. Во Охрид сите граѓани велат…

повеќе...

СДСМ: И на малите деца им е јасно какви непроценливи штети ДПМНЕ му нанесе на Плаошник

Во врска со денешната прес-конференција на д-р Сашо Василески, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, ОО на СДСМ Охрид испрати реакција до медиумите во која стои: „И на малите деца им е веќе јасно тоа какви непроценливи штети ВМРО-ДПМНЕ му нанесе на највредното културно и духовно наследство за охриѓани, Плаошник. Денес како злосторници кои се враќаат на местото на злосторството, луѓето од ДПМНЕ, предводени од нивниот кандидат за пратеник, Сашо Василески говорат за некакви капитални дела од доменот на културното наследство. Замислете, држат прес конференција на местото кое бескрупулозно и безмилосно…

повеќе...

СДСМ: Од сето она што беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано

ОО на СДСМ Охрид испрати писмена реакција во врска со прес-конференцијата на Љубен Арнаудов. Во реакцијата стои: „Граѓаните се сведоци дека од сето она што во изминативе години беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано. Ниту охриѓани пазарат во затворен пазар, ниту возрасните охриѓани го добија Домот за стари лица, ги нема ниту катните гаражи, а и изградбата на затворениот базен која помпезно ја најавија, не е мрдната од мртва точка. СДСМ и коалиционите партнери имаат План за живот во Република Македонија со кој конечно државата, после еднодецениското…

повеќе...

СДСМ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ соучесник во еколошкото уништување на Дебрца

Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Oткако на 46-та седница на Советот на општина Дебрца не помина точката за изградба на бетонска и асфалтна база во местноста „Царополе“, во атарот на село Ново Село, по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, експресно, за ден 21.11.2016 година свикана е 48-та седница на која на дневен ред повторно е поставена точката за изградба на бетонската и асфалтната база, како и точката за рудникот за експлоатација на минерална суровина-варовник во местноста „Чифлиска Краста“, село Долно Средоречје. Станува…

повеќе...

Заев: На насилниците не им беа доволни 10 години, да ги запреме, да избереме живот!

Во врска со доставените носители на листи од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, пренесуваме писмена изјава од претседателот на СДСМ, Зоран Заев: „Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години. Овие луѓе кои украдоа над 5 милијарди евра пари на граѓаните и ги ставија на свои сметки во странство, не ја бараат вашата доверба за подобро да живеете – туку за да продожат да крадат и да се богатат. Овие…

повеќе...

Шекеринска: Преземаме обврска да ги заштитиме Oхридското Eзеро и Oхрид

Носителката на кандидатската листа на СДСМ во петтата изборна единица Радмила Шеќеринска денес беше во посета на Охрид. Шекеринска од тука истакна дека Охрид е македонскиот туристички центар и по декември ќе ја добие грижата која ја заслужува. Како што кажа планирана е стратегија за развој на активниот туризам, стратегија којашто ќе го врати сјајот на Охрид, но и ќе го зачува неговото посебно културно богатство. „Нашиот План за живот во Македонија значи дека главната цел ни е младите од цела Македонија, вклучително и младите од Охрид, да одлучат тука да…

повеќе...

Заев: Најавувам генерален реизбор во судството, уште 30 дена до правда за сите!

Претседателот на СДСМ,  Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Најавувам ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СИТЕ СУДИИ ВО ДРЖАВАТА. Тоа ќе се случи веднаш по 11 декември! Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода. Уште само 30 дена и ЌЕ ИМА ПРАВДА! Ќе ја раскинеме целосно спрегата на несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски. Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да…

повеќе...