Под генерално покровителство на општина Струмица, денеска, се одржа 37-то меѓународно рели и рели крос на теренски возила и автомобили на патеката во реката Тркања. Учесниците од Србија, Бугарија и Македонија, како и поголемиот број посетители на овој интересен настан, ги поздрави градоначалникот Зоран Заев, кој рече дека како и до сега, ќе им биде пријател на сите спортисти, спортски клубови и национални селекции, затоа што спортот во Македонија заслужува многу повеќе. „Во овој миг на свечено отворање на овој традиционален меѓународен спортски настан, морам да признаам дека ме обземаат…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Во 21 век охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење
„Во 21 век за жал на Охрид и тоа му се случи. Охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење. Од осамостојувањето до денес, граѓаните на Охрид за прв пат останаа без вода за пиење. Ова се последиците на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со градоначалникот Бакрачески.“, рече на денешната прес – конференција Ѓоко Танасоски, член на Извршен Одбор на СДСМ. Тој рече дека ова е уште една потврда, дека за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не се важни. „Во Охрид условите за живот никогаш не биле полоши. Сето ова е…
повеќе...СДСМ: Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Денеска охриѓани и стружани го доживеаа најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Граѓаните од Охрид и Струга денеска останаа без вода за пиење поради долгови на меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква. Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е лошото, недомаќинско менаџирање на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму сегашниот директор на Проаква, Паскалоски е човекот кој го заглави до…
повеќе...Заев: Ве повикувам во акција за граѓанска Македонија!
Завршно Обраќање, Зоран Заев, претседател на СДСМ 20-ти Конгрес, 02.10.2016 Почитувани делегати, почитувани граѓанки и граѓани, почитувани сојузници за промена на режимот кој ја опустоши Македонија! На овој конгрес јасно и прецизно покажавме дека имаме заедничка визија, стратегија и мерки со кои нашата Татковина ќе ја направиме место за достоинствен, сигурен и безбеден живот. Покажавме дека создадовме ПЛАН за Македонија во која добро се живее. План со кој основните потреби веќе нема да бидат луксуз, план за семеен живот без долгови, план за еднакви можности за секој граѓанин. На нашата…
повеќе...Стојаноски: Ништо од даденото ветување на Бакрачески дека ќе се реши проблемот со ОУ „Григор Прличев“
Советниците на ОО СДСМ Охрид денес одржаа прес-конференција, во чие име се обрати координаторот д-р Јован Стојаноски. „Училиштето „Григор Прличев“ во Охрид е со блокирана сметка, со долгови од над 15 милиони денари.Учебната година започна, а се уште не е довршена ниту реконструкцијата на покривот на двете училишни згради.Опасноста од прокиснување на покривот при дождливо време претставува сериозен проблем кој предизвикува дополнителен стрес за родителите, учениците и наставниот кадар. Граѓаните на Охрид, родителите, учениците, не залужуваат ваков неодговорен однос. Не може да има 18 милиони евра за панорамско тркало а учениците, во…
повеќе...Заев: Владата да направи интервентен откуп на грозјето!
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Како шеф на опозицијата со најдобри намери сум овде присутен да ви испорачам помош и препорака до Владата заедно да решиме некои работи во интерес на нашите граѓани. Состојбите во Македонија со откупот на грозјето се катастрофални. Тиквешијата е во немилост и навистина на нашиот народ му треба помош. Верувам дека е така и во помалите региони кадешто во моментов се бере грозјето, се пласира на откупните пунктови и слично. Тиквешкиот регион годишно произведува некои 130 милиони килограми црно и…
повеќе...Средба Заев Ромео: Добар животен стандард по промените во декември
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Р.Италија во Р.Македонија, Карло Ромео. Транспарентен и фер изборен процес на којшто граѓаните ќе ја изберат својата Влада е очекувањето што го пренесе италијанскиот амбасадор. Фокусот на средбата беше важноста на предизборниот и изборниот процес за враќање на Р.Македонија на нормален колосек и отворање на закочените перспективи. „СДСМ е силно посветена во декември да има регуларни избори, зашто само такви избори се излез од политичката криза во Македонија. Истовремено активно работиме на потребните клучни реформски процеси што по…
повеќе...Заменик претседателката на СДСМ оствари средба со Рејнхард Бутикофер, член на Европскиот Парламент
На 23.09.2016, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска оствари средба со Рејнард Бутикофер, член на Евроспкиот Парламент од Европската партија на зелените. На средбата беше разговарано за актуелните случувања во Република Македонија, изборите закажани за 11-ти декември и евроатлантските интеграции и аспирации на Македонија. „Како политичари, имаме тенденција сите избори да ги прогласуваме за клучни. Но, Македонија овој пат навистина е доведена до ситуација да се бори за враќање на основните демократски вредности.“ – рече Радмила Шекеринска. „Избориве пред нас ќе бидат пред се за конкретни решенија, а не за…
повеќе...СДСМ: Каде завршија кантите за отпад кои општина Дебрца ги набави преку Бирото за регионален развој?
Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На почетокот на оваа година општина Дебрца преку Бирото за регионален развој набави 250 индивидуални канти за отпад, со капацитет од 120 литри, чија вкупна вредност изнесува 375.000 денари. Во таа прилика, сликајќи се пред кантите, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски истакна дека истите ќе бидат наменети за домаќинствата во општината и дека со нивната набавка значително ќе се придонесе за подигнување на јавната чистота во општината. И се би било добро да беше така. Откако кантите…
повеќе...Писмо на Претседателот на СДСМ Заев до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев испрати писмо до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино во кое предупреди на повеќе чекори на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што се во насока на уривање на изборниот процес и натамошно усложнување на политичкиот кризен амбиент во земјава. Во писмото се истакнува искрената посветеност на СДСМ за градење амбиент за слободни, фер и демократски избори во усогласениот датум 11 декември 2016 година, но и загриженост дека другата страна има поинакви намери и работи против изборите. Како основа за ваквата загриженост Претседателот…
повеќе...