Демиров: Работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани

Овие луѓе зад мене гарантираат живот за сите во Охрид. Ние цврсто стоиме на тоа. Наша заедничка цел е од Охрид да направиме општина за сите, општина во која сите граѓани се еднакви, општина во која сите имаат исти можности да успеат во животот. Токму затоа создаваме отворена и услужна општина за сите. Работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани. Ова денес го истакна кандидатот за советник на СДСМ и коалицијата, Бесим Демиров. „Со тоа веќе започна Владата на Република Македонија, која е наш партнер и пријател.…

повеќе...

Ногачески: Ајде Трајкоски охрабри се и излези на ТВ дебата!

Кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од редовите на СДСМ и коалицијата, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски, од овде, од пред општинската зграда во Белчишта, која изминативе четири години, Ти им ја затвори и зароби на граѓаните на Дебрца јавно Те повикувам: Собери храброст, излези да се соочиш со граѓаните кои Те избраа, одбери медиум и дај да излеземе на ТВ дебата. И воопшто не плаши се, докрај ќе бидам коректен и однапред ќе Ти кажам на кои прашања ќе побарам да одговориш. Не мене,…

повеќе...

СДСМ: Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Добро е што во ДПМНЕ во Охрид веќе сфатиле дека Јован Стојаноски ќе биде следниот градоначалник, па сега се прашуваат кои и какви раководители ќе поставел во локалната самоуправа. Но, да ја потсетиме охридската јавност кои и какви раководители постави оваа локална самоуправа, предводена од ДПМНЕ. Токму во Секторот за туризам и локален економски развој, заменик раководител е сопругата на секретарот на општината, доскорешна директорка на ЈП „Охридски Комуналец“ беше вујната на градоначалникот. Бакрачески во општинската администрација си вработи…

повеќе...

Стојаноски: Јавните претпријатија повеќе нема да бидат загубари, туку ќе прераснат во високодоходовни субјекти

Нашата мисија е да бидеме достапни, отворени за сите граѓани и транспарентни. Создаваме општина која ќе биде услужна и ќе одговори на секој граѓанин. Функционирањето на една локална самоуправа се огледува преку функционирањето на јавните услуги, преку работата на јавните претпријатија кои треба да обезбедат соодветни услуги. Тие постојат за да им служат на граѓаните. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник за Охрид од СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски. Како што кажа Стојаноски, токму затоа тие обезбедуваат висококвалитетни комунални услуги и поставуваат стандарди кои ќе значат дека тој…

повеќе...

Ногачески: Трајкоски времето на твоите лаги и владеење заврши

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески, од Коалицијата „Живот во Македонија за сите”, предводена од СДСМ, денес испрати реакција до медиумите, во која се вели: „Трајкоски, искрено Те жалам, што од ден на ден се повеќе тонеш и го достигна дното. Еве, денес си го објавил Договорот што во 2012 година општина Дебрца го склучи со Македонското Еколошко Друштво, за кое општината доби средства за Проектот-Промоција на Белчишкото Блато. И притоа шириш ноторни лаги, тврдејќи дека тоа бил фиктивен договор, инсинуирајќи дека јас сум ги потрошил парите за проектот.…

повеќе...

Ставрески: Ги подобруваме условите за развој на спортот во Охрид, работењето на клубовите и развој на спортскиот туризам

Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото воспитување и рекреација, е постоењето на доволен број спортски објекти. Работата на спортските организации е невозможна, без адекватен спортски објект. За таа цел, создаваме модерен спортски комплекс во рамки на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ кој ќе опфаќа отворени и затворени спортски објекти, кои ќе бидат физичка, функционална и техничко-технолошка целина со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за различни спортски активности. Ова го истакнана денешната прес-конференција, кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Сашо Ставрески. „Со вложувањето…

повеќе...

СДСМ: Новата локална власт ќе има посебен пристап кон спортот

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Локалната власт во заминување предводена од ВМРО – ДПМНЕ, не само што не го придвижи спортот напред, туку со својот игнорантски однос само го кочеше спортскиот развој. За жал, спортските клубови и спортските работници беа оставени сами на себе да се снаоѓаат. Огромен дел од помошта која ја имаа клубовите и спортските работници, изостана со преземањето на локалната власт од страна на Бакрачески и неговите помошници. Сите добро се сеќаваат дека беше укинат превозот за спортските екипи, кој…

повеќе...

Ногачески: Трајкоски мојот образ е чист, ај погледни си го твојот!

Кандидатот за Градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески, испрати реакција до медиумите во која стои: „Трајкоски мојот образ е чист, ај погледни си го твојот!? Трајкоски соочен со изборниот дебакл што ќе го претрпи на 15 Октомври, од ден на ден се повеќе и повеќе тоне во сопствената мизерија. Пред некој ден преку нарачан текст од дијаспората се обидоа да го нарушат моето човечко достоинство и да ми го сомничат потеклото. Еве, за сите, јас сум од Волино, тука во оваа стара куќа растев, се школував, оформив семејство, тука живеам…

повеќе...

Стојаноски: Ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на Охрид

Нашата визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на градот. Оваа стратегија многу јасно ќе покажува кои се нашите цели како локална самоуправа. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски. „Работиме по план. Именуваме работни групи за секој сектор, ги анализираме моменталните состојби, ги дефинираме стратешките приоритети и цели, за на крај да ги зацртаме плановите…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски четири години се замислуваше дека е соцреалистички лидер на Дебрца

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски четири години по ред милуваше на новогодишните календари, скапо платени со народни пари да става лични фотографии и во стилот на “народен водач и татко на општината ги прославувашe новите работни успеси за доброто на граѓаните”. И не само тоа, милуваше да се појавува и на сите рекламни билборди, каде се промовира општината. Ако Трајкоски не знае, да го потсетиме дека ваквата забеганост, невкус и демагогија беа карактеристични за едно минато време. Соцреализмот и култот на личноста како негова…

повеќе...