Заев: Го честитам јубилeјот на СДСМ, годинава следи и роденденот на слободна Македонија!

Обраќање, Зоран Заев, претседател на СДСМ „Почитувани граѓани, Денеска, на 25 годишнината од основањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со гордост порачувам: -Заедно со вас граѓаните го отворивме патот на самостојна и независна Македонија -Заедно со вас граѓаните ги изградивме институциите на Македонија -Заедно со вас граѓаните поставивме мостови меѓу Македонија и светот -Заедно со вас граѓаните отворивме нови пазари и можности за Македонија -Заедно со вас граѓаните во време на сериозен воен конфликт ја стабилизиравме Македонија. Се што направивме заедно, мала криминална група на власт, за лични интереси, 10…

повеќе...

СДСМ: Секој што го прекршил законот мора да одговара

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Масовниот одѕив на граѓаните на секојдневните протести за слободна Македонија, уште еднаш ја потврди решеноста на граѓаните за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Македонија. Уплашена од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со притисоци и закани да влијае врз нив. Притисоците кои во текот на вчерашниот ден беа правени во сите локални и државни институции, установи и јавни претпријатија во Охрид, а беа насочени пред се кон вработените со договор на определно, продолжуваат и денес. Повеќе училишта…

повеќе...

Заев: Неопходно е да се исполнат два предуслови за Виена

Обраќање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Македонија е на нозе. Граѓаните од цела Македонија, без разлика на политичка, национална или верска припадност, заедно го кренаа својот глас во име на демократијата и слободата. Излегоа, и продолжуваат. И секој ден се се’ побројни. Секој ден се порешени: дека ќе се борат за својата татковина, ќе се борат против криминалот и злоупотребите, ќе се борат за правда, за слобода, за еднаквост. Ќе се борат за себе, за своите деца и родители, ќе се борат за своите внуци и нашата зедничка иднина.…

повеќе...

Заев: Македонија се крена, на 5-ти јуни избори нема да има!

Обраќање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Почитувани граѓани, Македонијо, Денеска, сите ние овде заедно, без разлика на политичка, национална или верска припадност, го креваме својот глас во име на демократијата и слободата: или Груевски или Македонија. Сите знаат дека нема услови за слободни, фер и регуларни избори. Избирачкиот список не е прочистен. Нема реформи во медиумите. Притисоците и мешањето на партијата и државата продолжуваат. Во земјава е извршен државен удар, срушен е Уставот, погазени се законите. Договорот од Пржино е погребан. Техничката влада ја укинаа со поништување на сите…

повеќе...

Заев: СДСМ ниту ќе учествува на избори на 5 јуни, ниту ќе ги дозволи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски, претпладнето се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп. Тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта. Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино, чијашто цел се фер и регуларни избори, ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици по Република Македонија…

повеќе...

Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и ДОМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна: „Дозволете да го изразам задоволството од растењето на Платформата за демократска Македонија. ДОМ, како сериозна партија, застанувајќи зад овој документ навистина испраќа сериозни пораки на самата вредност на документот и начелата на коишто полага Платформа за демократска Македонија. Борејќи се за регуларни, фер и демократски избори, испраќаме заедничка порака дека ова е првиот чекор кон нормализација на државата. Но надежите дефинирани во начелата како враќање на правдата, правната држава, професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите, вредностите од аспект…

повеќе...

Заев: Имаме одговорност да се избориме за слободна Македонија и тоа го правиме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и Стевица Јосифовски, шеф на правниот комитет во Штабот на СДСМ, попладнево се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија Јан Петерсен, придружуван од заменичката, Раул Мурешан и политичкиот аналитичар Саша Пајевиќ. Тема на разговорот беше политичката криза во Македонија, предизвикана од непочитувањето на Договорот од Пржино, како и последната апсурдна одлука на Ѓорге Иванов со којашто направи упад во правниот поредок во Македонија. „Само организирање и спроведување регуларни избори во Македонија на коишто ќе биде…

повеќе...

СДСМ:Покренавме постапка за разрешување на Ѓорге Иванов, Собранието да биде свикано

Координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Денеска пратеничката група на СДСМ и опозицијата покренува постапка за утврдување одговорност на лицето Ѓорѓи Иванов кој нелегитимно извршува функција претседател на Република Македонија. Со својата вчерашна одлука, како што рече тој, за општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази уставот, законите и достоинството на граѓаните што е државен удар. Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино. Затоа бараме Собранието на Република Македонија да биде свикано за покренување на…

повеќе...

Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и Алијансата за позитивна Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Македонијо, Подршката на платформата за демократска Македонија расте. Расте досега од политичките партии, пристигнуваат позитивни информации од граѓанските организации, од многу интелектуалци и ќе расте во периодот како што надоаѓа. Посебно мотивирана од сите овие глупости коишто се случуваат во државата, за жал и од човек којшто ја извршува функцијата Претседател на државата. Мене ми е драго што се приклучуваат партии со коишто во минатото не сме имале некои директни соработки, освен принципиелни, во функција на интересите…

повеќе...

Заев: Ова е државен удар, заедно со граѓаните ќе го вратиме уставниот поредок!

Обраќање на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев „Почитувани граѓани, Македонијо, Лицето Ѓорѓе Иванов, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија. Ова е државен удар. Криминалната банда на Никола Груевски, уништувајќи ја судбината и загрозувајќи ја иднината на Македонија, се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и го направија на сопствената земја, на сопствените граѓани. Иванов денеска стана директен соучесник во злостроничкото здружување против Македонија. Тој сака парите украдени од граѓаните од криминалната банда да…

повеќе...