СДСМ испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во Македонија приказните на Груевски за нови вработувања и инвестиции се чиста лага, а потврда за тоа дојде и од светски познатиот институт Като којшто ја смести Македонија на 13-то место по мизерија и беда во светот. Македонија е 5-та земја по мизерија и беда во Европа! Виртуелните политики на Груевски ја сместија Македонија помеѓу најбедните земји во светот како што се Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина. Ставрески и Пешевски главните промотори на промашените економски политики на Груевски треба да излезат и да…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид
Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески по две години и десет месеци владеење немаат никакви резултати. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден проект ветен пред граѓанитe. „Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид го ставија на првото место по бројот на иселени млади луѓе, според податоци на Заводот за статистика за 2015 година. Економската преродба и економскиот развој на Охрид, се трансформираа во економска стагнација на градот и најголемо отселување на млади образовани луѓе во последниве…
повеќе...Претседателот на СДСМ Заев им оддаде почит на загинатите жители во трите опожарувања на Куклиш
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, воедно и градоначалник на општина Струмица, денеска присуствуваше на панихидита која што се одржа во Куклиш, а по повод 185 години од првото опожарување, 112 години од второто и 104 години од третото опожарување на ова населено место. Kако градоначалник на Струмица, Заев положи свежо цвеќе и им оддаде почит на загинатите жители од селото пред Спомен костурницата подигната во нивна чест. Заев уште еднаш ја потврди својата длабока почит кон историјата и паднатите борци кои своите животи ги положија во темелите на слободна и…
повеќе...Потпретседателот на СДСМ, Кирацовски утре во посета на Дебрца
Потпретседателот на СДСМ и актуелен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, д-р Гоце Чакаровски, утре ќе оствари средби со жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебрца. На средбите се очекува да се разговара за проблемите на жителите, за решенијата на СДСМ, но и за актуелната политичка ситуација во земјата.
повеќе...Заев по средбата со Села и Мемеди: Согласни сме, императив се фер избори
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес по средбата со Села и Мемеди, во изјава за медиумите истакна: „Сакаме да ги информираме граѓаните дека оваа заеднички иницирана средба е во духот на потврда на нашите заеднички ставови, веќе соопштени пред јавноста, а тоа е дека сите заедно стоиме на гледиштето дека на 24 април е невозможно да се оди на избори, заради неисполнетост на условите, но и истовремено ми е драго што заедно негуваме ставови дека императив за иднината на Република Македонија се фер, регуларни, демократски и слободни избори. Тоа не е…
повеќе...СДСМ Дебрца: Кој одобри да се копа по заштитниот насип од каналот на река Сатеска?
Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Според Проектот за изградба на фекалната канализација која треба да го поврзе селото Мешеишта со Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, која е во тек и кој се финансира со средствата од заемот од Светска банка трасата на канализационата мрежа требаше да поминува во самото подножје на заштитниот насип од регулираниот канал на реката Сатеска. Од приклучокот во колекторот се до пред селото Требеништа се копаше според проектот, во подножјето на насипот, а во понатамошната делница од…
повеќе...Заев: На 24-ти април избори не може да има
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори. На 24 април такви избори не може да има. СДСМ, коалициските партнери и многу други партии нема да учествуваат на еднострано закажаните избори на 24-ти април. Договорот во Пржино беше склучен да се надмине политичката криза а не да се продлабочи. Сега секој граѓанин на Македонија лично се увери дека Никола Груевски не сака слободни и фер демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби.…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Томов
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов. Се зборуваше за актуелната состојба во земјава, како и продлабочувањето на соработката помеѓу Бугарија и Македонија, на политички и на економски план. „Покрај сите предизвици со коишто се соочуваме ние сме целосно подготвени на слободни, фер и демократски избори да ја промениме оваа недемократска власт. Заедно со граѓаните изготвивме сериозна, остварлива Програма којашто ќе донесе промени во општеството на секое поле.“ рече Заев. „Тука сме да ја изразиме нашата подготвеност за продлабочување на…
повеќе...Манчевски: Парите кај граѓаните, новата влада на СДСМ ќе ги промени приоритетите
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со членовите на Извршниот одбор на партијата Тања Ковачев и Спасе Глигоров вчера остварија средби со граѓаните од населените места Побожје, Кучевиште и Глуво, Скопско. Во 21 век, на 15 километри од центарот на Скопје, ние сме заборавени, нема пат, нема изградено водоводна мрежа, му се пожалија на Манчевски граѓаните во Кучевиште. „Груевски не го интересираат проблемите на граѓаните, тој после 10 години расипничка власт сега единствено се бори за спас на сопствената кожа. Нема пари за пат и водовод, што се основни потреби…
повеќе...Средба на Заев со претседателот на Партија на Македонците во Србија Горан Илијевски
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски. Централна тема на средбата беше актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Република Србија како и положбата на Македонците во соседните држави. Претседателот Заев очекува Македонците во Србија да придонесат за напредок на државата во којашто живеат но и за зајакнување на врските со Република Македонија. „Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и взаемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам…
повеќе...