Заев: Регуларни избори се интерес на земјата и од тоа отстапки нема

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на ОДИХР, предводена од вишиот советник за избори, Ричард Лапин. Потребата од фер избори во Македонија беше главна тема на разговорот. Очекувањата се промени на изборното законодавство, доверлив Избирачки список и целосна реализација на Договорот од 2 јуни / 15 јули. Претседателот Заев ги соопшти последните информации од преговарачкиот процес. „Ние сме сериозно сме посветени на брзо затворање на точките од Договорот што треба да обезбедат регуларни избори. Тоа е интерес на граѓаните на Македонија и од тоа нема да…

повеќе...

Заев: Добивме силна поддршка од европските социјалисти и демократи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Благодарни сме, во името на граѓаните на нашата земја, за целосната поддршка на социјалистите и демократите во европските институции кои секогаш ја поддржувале Македонија, почнувајќи од поддршката за добивање на кандидатскиот статус, визната либерализација и поддршката за побрз почеток на преговорите за членство. Социјалистите и демократите во институциите на ЕУ се вклучени и во напорите на меѓународната заедница да се најде решение за сериозната политичка криза којашто ја предизвика власта во заминување. Оваа искрена и принципиелна поддршка на пријателите на…

повеќе...

Заев: Очекуваме сите да дадат максимум и во најкусо време договор да има

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Р.Унгарија во Р.Македонија, Јосеф Бенце. На состанокот се раговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, шансите за реализација на преземените обврски со Договорот од 2 јуни / 15 јули, ризиците од скршнувањето од европскиот пат, односите помеѓу двете земји. „СДСМ е конструктивно поставена, очекуваме секоја од страните да се потруди најмногу што може и договореното во најкусо време да се спроведе“, рече претседателот Заев. Амбасадорот Бенце изрази очекување за брзи и ефективни реформи и во критичните области што ги…

повеќе...

Тунтев: Да се намалат казните за испитните сесии од областа на транспортот и врските

Обраќање на пратеникот Томислав Тунтев, во однос на дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на закони од областа на транспортот и врските , на 71-та седница на Собранието на РМ

повеќе...

Спасовски: Вербата ја чувствуваме, заедно со граѓаните ја враќаме надежта

„Помогнете и на Македонија и на сите нас“ e апелот на граѓаните на Велес и велешко кои се сретнаа со генералниот секретар Оливер Спасовски и со претставници на СДСМ. Велат секој ден е сé потешко. „Нé запусти оваа власт. Не можеме крај со крај да врземе. Низ горчина говорат за искуствата со извршителите кои им го земаат последниот денар. Населените места Башино село и Горно Оризари немо сведочат за пустината. Оставено на забот на времето е недовршеното училиште уште од мандатот на претходниот градоначаник. Деца малку. Возрасни исто така. 600…

повеќе...

СДСМ има конкретни мерки за здрава средина и здрав живот во Македонија

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои: „Според извештајот „Зелен раст“ на Светска банка за 2014 година, Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Дополнително, Светка банка наведува дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од честичките ПМ 10. Сознанијата на Светска банка упатуваат на тоа дека цврстите честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, поради предизвикување на различни болести на дишните патишта па дури…

повеќе...

СДСМ нуди европско образование во Македонија

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое се вели: „Образованието во Македонија е во многу лоша состојба, пред се, поради лошите политики и законски решенија што во континуитет предизвикуваат штетни последици врз целиот образовен процес. Партизацијата на образовните институции и назначувањето на партиски кадри го омаловажува и го урива системот на образование а младите образовани луѓе ги брка надвор од Македонија. СДСМ заедно со граѓаните гради платформа со којашто нуди европско образование во Македонија во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите. Студентот ќе биде активен учесник во промените во…

повеќе...

Заев: Имаме решенија за проблемите во здравството

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Здравството тоне во нашата земја. Сé повеќе недостасува лекарски кадар. Сé повеќе има недостаток на опрема. Недостасуваат медицински материјали. Граѓаните сé повеќе плаќаат во оваа наша земја, а добиваат сé помалку и сé полоши услуги. 630 милиони евра се потрошени за споменици, а според европската здравствена служба, Македонија е најлоша во здравствената заштита во цела Европа. Социјалдемократскиот сојуз заедно со граѓаните гради платформа со којашто тврдиме дека состојбите во Македонија можеме да ги промениме во секое поле, така и…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со претставници на земјите пријатели на Македонија во ЕУ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со претставници од амбасадите на земјите од групата пријатели на Македонија во ЕУ, меѓу кои Шведска, Австрија, Словенија, Хрватска, Чешка и Словачка, предводени од амбасадорот на Чешка во земјава, Мирослав Рамеш. На средбата се зборуваше за актуелната состојба во Република Македонија и европска перспектива на земјава. Претставниците од амбасадите на земјите коишто се дел од групата пријатели на Македонија, изразија сериозна загриженост од прекршувањето на роковите предвидени во Договорот од 2 јуни / 15 јули. Амбасадите на Чешка, Шведска, Австрија, Словенија, Хрватска и…

повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе биде виновна ако Македонија ја загуби препораката

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски денес во изјава за медиумите истакна: „ВМРО-ДПМЕ го крши договорот од 2 јуни / 15 јули. Тимот на специјалниот јавен обвинител не е избран до крај со што се крши и законот за специјално јавно обвинителство. Очигледно се потврдува дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да се соочат со сопствената одговорност за се она што го направија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатите 9,5 години. Не е усогласен законот за Влада со што уште еднаш Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат страв…

повеќе...