Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше помеѓу граѓаните на Гевгелија. Шекеринска го посети местото од каде што започнува транспортот со автобуси и такси превозници на мигрантите. Граѓаните од овој град проговорија за она што се случува и како ситуацијата со мигрантите се злоупотребува за да профитират лица блиски до власта. „Видете, се работи на црно, на маката на бегалците заработуваат луѓето блиски до власта. Точно се знае кој може да превезува, кој може нешто да продава, препродава. Секојдневно се превезуваат бегалци со такси возила и автобуси по многу повисоки…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Како ВМРО-ДПМНЕ дојде до партиски имот вреден 11 милиони евра!?
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес одржа прес-конференицја на која истакна: „ВМРО-ДПМНЕ призна дека има купено огромен партиски имот низ цела Македонија. Станува збор за 63 објекти на различни локации со вкупна квадратура од близу 12.000 метри квадратни, во најголем дел купени во 2014 година. Секогаш кога е фатена во криминал и сомнителни зделки ВМРО ДПМНЕ се обидува да избега од јавноста. Партијата не одговори на клучното прашање, колку чини овој огромен имот на ВМРО ДПМНЕ? Но, шилото на Никола Груевски повторно бодеше, бодеше и повторно проби. Ова е вистината: партискиот…
повеќе...СДСМ: Застануваме зад работниците и отвораме иднина за младите дома
„Денеска во Скопје, на дебатата Пристојна работа, во рамки на проектот Визијата за Македонија, разменувавме визии со граѓаните, како заедно да обезбедиме иднина за младите дома и пристојна работа за работниците. Во овие услови на безработица, кога примањата на вработените се на граница на егзистенцијална издржливост, тешко е и да се замисли да се говори за пристојна работа.“- информираат од СДСМ. Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседателот на Комисијата за економија Драган Тевдовски објаснија како СДСМ тоа ќе го постигне и го соопштија децидниот…
повеќе...Шилегов: Колку чини огромниот имот што го купила ВМРО-ДПМНЕ?
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ директно го кршат договорот од 2 јуни /15 јули. Се плашат од комплетирањето на специјалното јавно обвинителство. Се плашат од избор на независен министер за внатрешни работи. Се плашат од заминување на Никола Груевски од премиерската позиција. Се плашат од соочување со одговорноста. Се плашат и сакаат да избегаат од слободни, фер и демократски избори. На Никола Груевски му е јасно дека неговиот криминал, неговата корупција и изборниот грабеж што го спроведе нема да останат неказнети.…
повеќе...Оглас за самокандидирање на координаторки на Форумот на жени во Аеродром и Кочани
Оглас за самокандидирање за Координаторки на Форумот на жени во Општинските организации на СДСМ во Аеродром и Кочани Правилник за работа на Форум на жени на СДСМ Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекc
повеќе...Заев: Власта не мисли за иднината на државата, нема да дозволиме цензура и неевропски закони
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Неможам да сватам ниту јас, ниту нашиот преговарачки тим, а верувам ниту нашата македонска јавност, како на некој може да му е поважно да од овие 12 часа разговори, повеќе од 8-9 часа потроши на важноста на донесување на законот за забрана на објавување на политичките бомби од европската иднина на сите граѓани на Република Македонија. Навистина неможам ниту јас ниту било кој од нас да имаме рационално објаснување дека не може да се постигне договор за едноставни работи и…
повеќе...СДСМ: Почнуваме со 20 милиони евра државна помош за малите и средните претпријатија
Претседателот на Комисијата за економија, Драган Тевдовски, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Нашата цел е да ја победиме нееднаквоста во општеството и да ја вратиме средната класа! Државна поддршка за домашните претпријатија скоро и да не постои. Власта домашните претпријатија ги користи само за полнење на Буџетот преку даноци и казни. Нема инвестиции во енергетскиот сектор. Иако има услови за домашно производство на струја, граѓаните плаќаат скапа увезена струја. Македонија заостана во регионот по лоша патна инфраструктура. Субвенциите не се редовни и не се во функција на земјоделски развој.…
повеќе...СДСМ: Ова раскрчмување и распродавање на општинскиот имот мора веднаш да престане
Советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид денес во партиските простории одржа прес конференција, во чие име се обрати координаторот д-р Јован Стојаноски. „На последната седница на Советот, владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, без да ја консултира јавноста, донесе две штетни одлуки за граѓаните на Охрид. Зад одлуката за изградба на така наречената мала марина се крие бизнис интересот на лица блиски до власта. Не станува збор за вистинска марина туку за угостителски објект – кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид, со уредување на паркинг простор за 20 тина пловни…
повеќе...Тевдовски: Парите ги насочуваме кон граѓаните, создаваме стабилни семејства, погледнете како
Денешната централна дебата во Скопје на тема: Парите кај граѓаните, извлекуваме од сиромаштија предизвика големо внимание. Постои свест дека нерамномерната распределба на доходот е една од актуелните политики што генерира сиромаштија. Мерките на СДСМ за праведни даноци, насочување на парите кон граѓаните, стабилен систем на социјална заштита, економски стабилни семејства, економски стабилна држава, ги преставија Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика. Сите мислења и предлози на граѓаните, на граѓанските здруженија, невладиниот сектор, професори, експерти се внимателно забележани и…
повеќе...Тунтев: 11 причини зошто буџетот е нерационален
Обраќање на пратеникот Томислав Тунтев во однос на Предлог- Буџет на Република Македонија за 2016 година, на 63та седница на Комисијата за финансирање и буџет
повеќе...