Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл. „Договорот од 2 јуни / 15 јули мора да биде спроведен, не смее да биде доведувана во прашање имлементацијата на договореното“, е пораката на известувачот Вајгл. Тој ги поздрави заложбите на СДСМ за реализација на договореното во Пржино и за запазување на предвидените рокови за усогласување. Претседателот на СДСМ го запозна известувачот Вајгл за прекршувањето на Договорот со што е оневозможена автономната работа на специјалната јавна обвинителка,…
повеќе...Tag: сдсм
СДСМ: Преговорите нема да продолжат се додека не се испочитува Законот за специјално јавно обвинителство
Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат се додека не се испочитува и спроведе Законот за Специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, се вели во соопштението на СДСМ. „Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на Специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници согласно законските овластувања.“- се наведува во соопштението. Од СДСМ бараат итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница како што пишува за кршењето на Законот за Специјалното јавно обвинителство и утврдување…
повеќе...Спасовски: Се повлекуваме на консултации во партијата по прекршувањето на договорот
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Ова денеска што се случи со неизборот на тимот на обвинители на специјалниот јавен обвинител, де факто значи дека Договорот од Пржино е прекршен. Исто така, прекршен е и Законот за специјалното јавно обвинителство за којшто впрочем се договаравме сите политички партии учесници во процесот на договарање. Сакам да ја информирам јавноста дека Социјалдемократскиот Сојуз се повлекува на консултации во партијата во однос на ова кршење и непочитување на Договорот. За нас договорот од Пржино веќе не е активен…
повеќе...Потврда од владино ниво во Израел: Не дале финансиски донации! Се потврдува провизијата
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Во интерес на соработката можам да кажам дека денеска со потпретседателот на Владата и со дел од службите коишто работат во владините институции, разговаравме и тие се информирани целосно за она што беше дел од споделувањето на прислушуваните материјали во Македонија и она што допираше до државата Израел. Секако изразуваат респект заради внимателноста на целиот овој процес којшто опозицијата го направи, поради тоа што се работи за технологија којашто е изработена овде во Израел, но сепак е на користење…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со израелскиот претседател Ривлин
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна: „Денеска имавме голема чест, на покана на претседателот на Израел и неговиот кабинет, да бидеме гости, јас и дел од луѓето од Социјалдемократскиот сојуз, коишто се претставници на нашите комисии, во присуство на амбасадорот амбасадорот на Македонија во Израел и во присуство на амбасадорот на Израел за Република Македонија. Се работи за протоколарна средба на којашто со претседателот Ривлин разговаравме за многу аспекти за унапредување на соработката помеѓу нашите две земји. Секако се разговараше за земјоделието, разговаравме за енергетиката,…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев во официјална посета на Израел на највисоко ниво
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од вечерва ја започнува официјалната посета на Израел каде што ќе има средби на највисоко државно – владино ниво, а ќе се сретне и со претставници од бизнис заедницата. Утре, 12 октомври, понеделник, во Тел Авив, претседателот Заев ќе има средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, во претседателската резиденција. По средбата со претседателот на Израел, претседателот на СДСМ, Зоран Заев Заев ќе има состанок со претставници на израелската бизнис заедница. Во вторник, 13 октомври, претседателот на СДСМ ќе има средби со високи владини претставници…
повеќе...Одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание
По повод големиот државен празник, Денот на народното востание на народот во Македонија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалник на општина Струмица, положи цвеќе и ќе оддаде почит на загинатите борци за Македонија пред Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица. Делегација на СДСМ, во состав: потпретседателот Дамјан Манчевски, членката на Извршниот одбор Сања Лукаревска и претседавачот на Централниот одбор Диме Велковски, беше дел од државната делегација и положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михаило Апостолски, на гробот на пораншениот претседател Борис…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев со честитка по повод 11-ти Октомври
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во свое име, на сите граѓани на Република Македонија го честита 11 Октомври, Денот на народното востание: „Почитувани граѓани, Овој голем државен празник, 11 Октомври, е темелник на вековни определби на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, своја држава, достоен пример дека со заедништво, целите се остварливи. Пред 74 години, на денешниот датум, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, ја почнаа Народно-ослободителната борба. По 74 години,…
повеќе...СДСМ утре ќе одржи трибина со граѓаните на Охрид
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија – Одговорна власт и контрола над власта“. Трибината ќе се одржи утре во хотелот Ривиера во Охрид, со почеток во 19:00 часот. ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да присуствуваат на трибината и да учествуваат во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ.
повеќе...претседателот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорот на Република Аргентина, Џилермо С. Азрак
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Аргентина за Република Македонија, Џилермо С. Азрак. Тема на средбата беше политичката криза и можноста за продлабочување на соработката со Аргентина за којашто успешен пример е гасификацијата на Струмица, каде што претседателот Заев е градоначалник. Амбасадорот на Аргентина Азрак изрази почит кон определеноста на претседателот Заев кон изнаоѓање квалитетни решенија за граѓаните и за државата по демократски пат. На средбата беше поздравена реализацијата на договорот од 2 /јуни – 15 јули што почна со законот за специјално јавно…
повеќе...