Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Еврејската Нова година испрати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Р. Македонија, Берта Романо Николиќ во којашто се вели: „На Вас и на сите припадници на еврејската заедница кои живеат во Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и во мое лично име ви ја честитам Новата 5776 година. Рош Хашана нека биде нов почеток на еден поспокоен и посреќен живот во добро здравје и мир во вашите срца и вашите семејства. Македонија ја има шансата да биде горда на…
повеќе...Tag: сдсм
ОО на СДСМ Охрид бара од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од природната околина во Лакочереј
Во село Долно Лакочереј (кај мостот) денес секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески одржа прес конференција на која истакна: „Погледнете го овој градежен шут во убавата природа среде Лакочереј. Секако не го создаде природата. Поставен е како неветен, а реализиран проект на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови се носеа овде бетонот и каменот, на само метар од коритото на реката и на самите извори на вода за пиење. На повидок е еколошка катастрофа, а градоначалникот Бакрачески молчи. Зошто молчи Бакрачески? Дали можеби затоа што овие купишта…
повеќе...СДСМ Дебрца: Во Оровник отпадните води од фекалната канализација директно се излеваат во локалната река
ОО на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски пред неколку дена најавувајќи инфраструктурни проекти во општина Дебрца се испофали дека благодарение на Владата на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ и неговиот труд општина Дебрца добила нов лик. Многу е лесно во функција на популистичка кампања сам да се фалиш, но дали фактичката состојба е таква !? Во оваа прилика ги запознаваме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност со еден детал од вистинската слика на Дебрца. Неколку месеци наназад дел од…
повеќе...Учество на СДСМ во хуманитарна акција на САД
СДСМ се вклучи во крводарителната акција и акцијата за донирање на храна што ја организираа Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, за одбележување на 11-ти септември – Денот кога се случија трагичните настани во 2001 година, во САД.
повеќе...СДСМ: До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата штотуку пуштена во употреба фонтана
ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата штотуку пуштена во употреба фонтана. Само на метар од фонтаната, а истовремено на метар и од градинка и училиште, како во џунгла да се наоѓаме, а не на главна улица. На метар од детска градинка и училиште расте шума во којашто има разни животинки, од глувци до змии, а некогаш просторот се користи и како јавен тоалет на случајните минувачи. Власта на ВМРО-ДПМНЕ е заинтересирана за…
повеќе...Делегација од ОО СДСМ Охрид положи свежо цвеќе на спомениците на охридските револуционери
Во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од општинското раководство на СДСМ од Охрид, д-р Томислав Тунтев – претседател на ОО на СДСМ Охрид и пратеник, Александар Кузески – секретар на ИО на ОО на СДСМ Охрид и Славица Малеска – член на ИО на ОО на СДСМ Охрид, положи свежо цвеќе на спомениците на охридските револуционери во градскиот парк. Во име на СДСМ, делегацијата и на овој голем празник им оддаде почит и признание на славните охридски борци за слобода од Илинденскиот период и…
повеќе...Делегација на СДСМ оддаде почит на загинатите херои за Македонија
Социјадемократскиот сојуз учествува и во државното одбележување на денешниот празник, 8 септември, Ден на независноста на Република Македонија. Делегација на СДСМ, предводена од потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски заедно со Благој Бочварски, член на И.О на СДСМ и Софија Куновска, пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ Скопје, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот Жена борец. Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, делегација од раководството на СДСМ, на највисоко ниво, претседателот Зоран Заев, заменик…
повеќе...СДСМ Дебрца: Трајкоски уште еднаш покажа дека е само партиски градоначалник
ОО на СДСМ Дебрца, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Во вчерашното нарачано интервју Градоначалникот на општина Дебрца уште еднаш во функција на претстојните избори најави проекти за кои неговиот премиер Груевски пред две недели фрлаше лопати. И притоа, во краткото интервју на три пати потенцираше дека средствата ги обезбедила „Владата на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ ” . Со тоа уште еднаш го потврди она што сите го знаеме, дека е партиски послушник, а не градоначалник на сите граѓани. Кога ги најавуваше проектите добро ќе беше да…
повеќе...Заев: Следната недела може да има законско решение за специјалниот обвинител
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денес беше во посета на Тетово, и во изјава за медиумите тој истакна: „Јас и неколку членови на Извршниот одбор на партијата, на Централниот одбор на партијата, но пред сé, на општинското раководство на СДСМ во Тетово, заедно со многумина граѓани и членови на партијата, но пред сé, многумина неопределени граѓани, ќе посетиме неколку локации во Тетово, за да поразговараме за вистинските проблеми со коишто нашите граѓани секојдневно се соочуваат. Прво, Тетово е еден од поголемите региони, ако не и најголем регион после главниот град во…
повеќе...Претседателот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река. На средбата се зборуваше за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за демократските предизвици со коишто се соочува земјава, како и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Албанија. Претседателот Заев го информираше амбасадорот Река за текот на преговорите помеѓу четирите политички партии потписнички на договорот од 2-ри јуни/15-ти јули. „Роковите се дефинирани и треба да бидат испочитувани како и превземените обврски. Специјален обвинител мора да се избере. Очекуваме…
повеќе...