Делегација на Царинската управа на конференција за SEED – систем за електронска размена на податоци

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Наташа Радеска Крстевска, денес (22 јуни 2016 година) во Трст, Италија, учествуваше на финална конференција за Системот за електронска размена на податоци (SEED Maintenance II Project), на која присуствуваа генералните директори и високи претставници од Царинските управи од регионот и релевантни претставници на Европската Комисија. Проектот SEED Mainteinance II project, финансиран од Европската Комисија и предводен од Царинската Администрација на Република Италија завршува на 15 Јули 2016 година. Апликацијата за системска размена на податоци е наменета за размена на податоци…

повеќе...

Информатичкиот систем на ФФМ како темел за модерна фудбалска организација

Фудбалската федерација на Македонија заедно со претставници од асоцијациите на Уругвај, Кипар и Хрватска по барање на Фудбалската асоцијација на Обединетите Арапски Емирати во Дубаи од 5. до 8. мај одржаа презентација на COMET имформатичкиот систем и начинот на кој системот се користи во унапредување на управувањето со натпреварувањата, дисциплинските мерки, тимската и индивидуалната статистика во националните првенства. Поканата за учество на работниот семинар во Дубаи, Фудбалската федерација на Македонија ја доби по имплементираниот информатички систем во нашето првенство и одличната презентација на меѓународната конференција за информатизација на фудбалските сојузи…

повеќе...

Промовиран проектот – „Систем за микроучење во државната служба“

„Министерството за внатрешни работи изминативе години ги постигнува своите најдобри резултати во историјата. Според истражувањата на ОБСЕ, довербата и задоволството на граѓаните од полициското работење бележат континуиран напредок. Тоа е знак дека граѓаните ги препознаваат нашите напори и ги вреднуваат проектите кои ги реализираме за доближување на полицијата до заедницата и нејзино претворање во вистински сервис согласно највисоките демократски стандарди“. Ова, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешната промоција на проектот – “Систем за микроучење во државната служба“ што се одржа во Центарот за…

повеќе...

Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство

Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство особено сторено со оружје, кое е во посед и на приватни и на службени лица. Формирана е работна група која треба да ги даде решенијата, а Владата на наредната седница да излезе со конретни решенија. Ова го соопшти денеска портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев, кој истакна дека целта е да се оди чекор понапред во превенирање на ситуации каде може да се изврши насилство со употреба на оружје кое што се поседува од страна на едно службено лице,…

повеќе...

Петти Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет во здравствените системи во Анталија Турција

На 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет кои се одржува во Анталија, Р.Турција, голем број на презентери ги претставија новините во здравството во нивните земји. Турција како земја домаќин, ги претстави своите големи проекти кои се планираат во здравството како и веќе постигнатите резултати. Најголем интерес кај учесниците на конгресот предизвика претставувањето на проектот за отворање на мега-болници во големите градови во Турција. Овој проект предвидува отворање на болници со над 5.000 болнички кревети преку јавно-приватно партнерство во 5 градови. Агенцијата за акредитација на здравствени установи при министерството за здравство…

повеќе...

Општина Охрид е прва која воведува најсовремен информационен систем

Во насока на  подобрување на ефикасноста во работењето на  општина Охрид,  по претходни подготовки, денес започнаа активности за  имплементацијата  на најсовремен, интегриран општински информационен систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од  информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот е информатичко софтверската фирма „Ентер“ од Охрид. Со воведување на овој  најсовремен софтверски  систем  во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и зголемена  ефикасност на општинската администрацијата  како и  квалитет и брзина…

повеќе...

Промовиран Системот за управување со учењето за администрацијата

Од денеска е пуштен во употреба Системот за управување со учењето (ЛМС) за сите државни службеници кој на почетокот ќе понуди девет развиени обуки за теми од областа на човечките ресурси, информираше денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Како што соопшти, до крајот на оваа година бројот на обуките ќе биде над 20. – Системот за управување со учењето (ЛМС) нуди низа предности за организациите, корисниците и за предавачите, што ќе овозможи подигнување на степенот на професионална наобразба на државните службеници, заштеда на време и…

повеќе...

Македонија од денес е интегрален дел од Европската мрежа EURDEP

Од денес, Македонија (преку мерните станици на ИЈЗ) е интегрален дел на  Европската мрежа EURDEP за континуиран мониторинг на дозата на зрачење во животната средина. EURDEP мрежата преставува Европска платформа за колектирање и размена на податоци од станиците за континуиран мониторинг, презентирање на податоците во реално време и е суштински дел од системот за рано предупредување на радијациони несреќи на Европската унија и на Обединетите нации – МААЕ. Обврска на сите држави членки на ЕУ е континуиран 24-часовен радиолошки мониторинг на животната средина и автоматско известување на измерените вредности преку…

повеќе...