Совети за охриѓани како да се заштитат од провални кражби

„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес го организира во основното училиште „Христо Узунов“ во 18 часот. Состанокот е планиран во соработка со Локалната самоуправа – Охрид – сектор за комунален развој, а поканети се претседатели и преставници на урбаната заедница „Горна влашка маала“, претставници од заедници на станари и заинтересирани граѓани. На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи, со „PowerPoint“ презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“. На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од…

повеќе...

Состанок на експертската група на Конвенцијата за полициска соработка на ЈИЕ

Во Скопје се одржа 15 -тиот состанок на Експертската работна група од Коневенцијата за полициска соработка на југоисточна Европа, асоцијација чии што копретседавач заедно со Молдавија и Црна Гора е и Република Македонија, а на којшто беше презентиран Меморандумот за соработка на министерствата за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија, потпишан на почетокот од минатиот месец а посветен на актуелната мигрантска криза. На состанокот покрај претставници на Конвецијата за полициска соработка на земјите од ЈИЕ меѓу кои и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Романија, Србија, Словенија како…

повеќе...

Денес состанок на тема „Превенција од провални кражби“

„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес во 18 часот го организира во малата сала при општина Охрид. Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа – сектор за комунален развој, а поканети се претседатели на урбани заедници, заедници на станари, фирмите кои стопанисуваат со станбените објекти „Урбан Солитер“ и „Мебо“. Поканети се и заинтересирани граѓани од зградата „Кифла“; северно на булевар „Туристичка“; југо–источно по улицата „7ми Ноември“; западно по улицата „Питу Гули“; западно по улица „Јане Сандански“ се до со спојот со булевар „Туристичка“.…

повеќе...

Работна посета на претседателот Иванов на Р. Бугарија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 7-ми до 9-ти октомври, ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави”, што се одржува во Софија. Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици”. Во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава”. За време на работната…

повеќе...

Одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување

Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа координативен состанок, на кој се расправаше за подготовките за навремена реакција во случај на елементарни непогоди. На состанокот стана збор за преземањата во случај на поплави и поголеми снежни врнежи во есенскиот и зимскиот период, а беа оценети и активностите на надлежните институции од оваа област, во текот на летните месеци.

повеќе...

Царинската управа организираше состанок со увозниците и производителите на акцизна стока

Во насока на продлабочување на соработката со производителите и увозниците на акцизни добра, односно тутунски добра и алкохолни пијалоци, Царинската управа организираше по втор пат работни состаноци, кои се одржаа на 25 септември 2015 година, во просториите на Царинската управа. На состаноците присуствуваа околу 40 претставници на компании. Целта на овие средби, што се одржуваат најмалку еднаш на два месеци е подобрување на соработката помеѓу бизнис заедницата и Царинската управа, запознавање со новините во акцизното работење, разгледување и надминување на отворените прашања, односно подобрување на акцизниот систем во целина. На…

повеќе...

Координативен состанок во Владата: Институциите работат на решавање на посочените проблеми од граѓаните

Министри, градоначалници, директори на јавни претпријатија денеска се на координативен состанок во Владата каде заедно со премиерот Никола Груевски предмет по предмет го разгледуваат степенот на реализација на барањата посочени од локалното население произлезени при теренските посети кој Груевски со владините министри ги реализираше во изминатиот период. Околу 150 барања и предлози на граѓани од петнаесетина општини се разгледуваат на координативниот состанок и се согледуваат извештаите на надлежните институции кои работат на нивно решавање. Целта е да се најде решение на што поголем број на проблеми на граѓани. Еден дел…

повеќе...

Ќе се уредуваат локациите во градот што се користат од наркозависници

Денес во општина Охрид ќе биде одржан работен состанок поврзан со уредување на локации во градот што се користат од наркозависници. На состанокот предвидено е присуство на заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, претставници од комуналните сектори, претставници од МРТВ, членови на заедниците на станари, НВО и претставници на СВР Охрид.

повеќе...

Министерот Чавков присуствува на Неформалниот состанок на Министри во Луксембург

Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков денес и утре присуствува на Неформалниот состанок на Министри, за правда и внатрешни работи на ЕУ кои се одржува во евроспкиот конвенциски центар во Луксембург. На состанокот предвидени се повеќе сесии на теми: Тероризам, Внатрешна безбедност, Акциски план за криумчарење мигранти и Азил. Покрај овие сесии предвидено е министерот да има и неколку билатерални средби со министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Србија, Германија како и со Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција.

повеќе...

Работен состанок на ФФМ со претседателите на клубовите од Првата лига

Денеска во „Куќата на фудбалот“ работен состанок одржаа раководството на Фудбалската федерација на Македонија и претседателите на клубовите од Првата фудбалска лига. Се дискутираше на актуелни теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето, а како главни точки беа издвоени – Телевизиските права на натпреварите од Првата лига за сезоната 2015/16, лиценцирањето на клубовите за националното првенство и системот за натпревари со Б тимовите. Свое обраќање на состанокот имаа и претставниците на комисијата за безбедност и судиската комисија при ФФМ. Претставниците на клубовите, главно позитивно го…

повеќе...