Редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа се одржува од денес, 22 до 26 април 2013 година во Стразбур, Франција. На сесијата учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата, Ермира Мехмети Деваја и Имер Алиу, членови. Свое обраќање на пленарната седница на ПС на СЕ ќе имаат четири шефови на држави и на влади и тоа Претседателот на Германија г. Јоаким Гаук, Премиерот на Грузија г. Бидзина Иванишвили, Премиерот на Романија г. Виктор Понта и Претседателот на Владата на Андора…
повеќе...Tag: совет
Коњановска: Должноста претседател на Советот на Општината, ја прифаќам со огромно чувство на одговорност
Д-р Гордана Коњановска од редовите на коалицијата За подобра Македонија, со мнозинство гласови од советниците е избрана за претседател на советот на општина Охрид, на денешното продолжение од конститутивната седница. Коњановска во својот говор рече дека должноста ја прифаќа со огромно чувство на одговорност. „Должноста која денеска мнозинството од советниците ми ја доверуваа, ја прифаќам со огромно чувство на одговорност. За оние кои што се изјаснија дека ќе можам да се носам со обврските кои што ги носи позицијата претседател на советот исто така огромна благодарност. За оние кои што…
повеќе...Утре продолжение на конститутивната седница на Советот на Општина Охрид
Во среда, 17 април, со почеток во 11 часот ќе се одржи продолжението на Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид. Седницата беше прекината после верификацијата на мандатите и давањето свечени изјави на членовите на Советот. За оваа седница остана уште една точка од дневниот ред – Избор на Претседател на Советот на Општина Охрид.
повеќе...Конституиран новиот Совет на Општина Охрид
Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид денес ја отвори досегашниот претседател Душко Јаковчески. Претседавањето, Јаковчески му го препушти на најискусниот член на Советот, Љубомир Чаулев. На денешната седница беа верифицирани мандатите на сите 23 советници во Локалната самоуправа на Охрид, по што тие дадоа и потпишаа и свечена изјава дека ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, со што и официјално им започнаа мандатите. Во новиот состав на Советот на Општина Охрид влегуваат 12 советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ: Јованка Точко, Дејан Пановски, Сашо Донев, Климе Шешоски, Илија Арнаудоски,…
повеќе...Конститутивна седница на Советот на Општина Охрид во нов состав
Во согласнот со одредбите на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општината, во понеделник (8 април), со почеток во 11 часот, актуелниот претседател на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, ја свика конститутивната седница на новиот состав на Советот. Претседавањето со седницата на Советот на општина Охрид, Јаковчески ќе му го препушти на најстариот член на Советот, Љубомир Чаулев. За свиканата седница на Советот на Општината во нов состав предложен е следниот дневен ред: 1. Верификација на мандатите на членовите на Советот. 2. Давање и потпишување свечена изјава на членовите на…
повеќе...Станкоски: Мојата визија е Советот да биде она што навистина законски треба и да биде
Денес кандидатот за советник во Општина Охрид и носител на советничка листа, адвокат Александар Станкоски одржа прес-конференција, на која ја претстави неговата програма и деталната визија за Охрид после 24-ти март. Неговиот мотив за кандидирање на независна листа е неговото работно животно искуство, дел од тоа да пренесе во Советот на Општина Охрид. „Како една од основните задачи ми е донесување на странски инвеститори. Таквиот мој пристап и сега во овој момент е исполнет, бидејќи јас сум еден од иницијаторите кои наши македонски државјани од Америка инвестираа значителен дел од…
повеќе...Адвокатот Станкоски најавува странски инвестиции, дом за стари лица, стипендии за најдобрите ученици
Амбициозна, но реална и остварлива. Вака кандидатот за советник во новиот состав на охридскиот градски совет, адвокатот Александар Станкоски ги опишува предвидените активности во неговата официјална програма. Станкоски најавува продолжување на активностите за носење на инвеститори од странство, кои би вложувале во Охрид. Меѓу приоритетите е и возобновување на старата идеја за изградба на Дом за стари лица за македонски граѓани – пензионери кои оствариле пензија во САД или други странски земји и кои би сакале остатокот од својот живот да го поминат во Република Македонија. „Во мојата програма видно…
повеќе...Општина: ВМРО-ДПМНЕ упорно го потврдува кочењето на граѓаните на Охрид
Во врска со денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, реагираат од Локалната самоуправа. „Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа каков однос имаат кон граѓаните на Охрид. Со нивното соопштение ја зацврстија својата позиција спротивно на страната на граѓаните. Во одлуките на Советот на Општина Охрид за легализација на објектите кои се донесени согласно законот што тие го донесоа, се обидуваат да пронајдат незаконитост. Советот ги донесе овие одлуки со цел граѓаните што побрзо да ги решат овие проблеми со легализацијата на своите објекти.…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Петрески и мнозинството се дрзнаа да промовираат беззаконие
Во врска со вчерашната 60-та седница на Општина Охрид, со соопштение излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во кое стои: „Синоќа на незаконски и криминален начин како што всушност и владеа 8 години во Охрид, Петрески, СДСМ, Народна, НСДП и останатите од мнозинството во Советот на Општина Охрид изгласаа 100-тина акти кои се однесуваат на постапки за усогласување со урбанистистички планови. И покрај дописот на Државната Комисија за спречување на корупцијата од 28.02.2013 во кој за точките на седницата на 1.Март јасно стои дека „истите да не се разгледуваат и усвојуваат…
повеќе...Заврши 60-тата седница на Општина Охрид
Доцна синоќа заврши шеесетата седница на Советот на општина Охрид, на која беа прифатени сите предлог одлуки кои беа на дневен ред. Советниците ги усвоија предлог одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидено со важечкиот ГУП.
повеќе...