Србија ќе ги соборува нелегалните дронови

Србија се соочува со голем број на дронови. Според српските медиуми, се проценува дека Србија има дури 4 илјади дронови, а само 150 од нив се регистрирани, односно околу 50 регистрирани барања месечно добиваат дозвола за управување на дрон. Казните за непријавувањето, односно нелегалното управување на дрон се високи. Паричната казна изнесува од 50 илјади до 150 илјади динари, додека пак можна е дури и затворска казна од 30 до 60 денови. Во Србија од неодамна стигна и првиот уред за пресретнување на беспилотни летала кои летаат без дозвола, а се наоѓаат…

повеќе...

Македонски стрип автори учествуваа на 19та Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац

Во текот на минатиот викенд од 30.06-02.07 во Лесковац, Р. Србија, се одржа деветнаесеттата по ред „Балканска смотра на млади стрип автори“. Овој настан е еден од најмасовните и најпосетуваните настани во рамките на стрип уметноста во југозападна Европа. Оваа „смотра“ успеа да постави нов рекорд со учество од 2760 стрип автори од вкупно 54 земји од сите континенти. Како претставници на нашата земја беа присутни стрип авторите Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Никола Темков, Игор Јовчески, Јован Секуловски и Златко Крстески. Манифестацијата беше отворена со трибината за состојбата на македонската…

повеќе...

Осум години во континуитет македонскиот туристички производ промовиран на саемот за туризам во Белград

Во организација на АППТРМ, македонскиот туристички производ по осми пат е промовирам на меѓународниот саем за туризам “ITF”-Србија, што се одржа во Белград од 23ти до 26ти февруари, 2017 година. Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка, како и остварени нови контакти со Asteria travel и Balkan Break кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда. На македонскиот штанд беа присутни претставници од приватниот туристички сектор, а се промовираамакедонските дестинации кои се доволно атрактивни и богати со понуда за да го привлечат…

повеќе...

Работна посета на претседателот Иванов на Република Србија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 28 до 30 октомври 2016 година, ќе престојува во работна посета на Република Србија, по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина”. Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на големиот јубилеј „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина”, во Панчево, ќе биде одржана Свечена академија, на која обраќања ќе имаат претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ. На јубилејната прослава ќе биде засадено „Дрво на пријателството”…

повеќе...

Средба на претседателот Иванов со претседателот на Србија,Томислав Николиќ

„Институциите на Република Македонија и Република Србија развиваат добрососедски односи, а наскоро очекуваме склучување билатерален Договор за заштита на културно историските споменици во двете држави”, истакна претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој му се заблагодари на српскиот народ за помошта при неодамнешните поплави во Скопје и скопско. На тет-а-тет средба, а потоа и во своите јавни обраќања, претседателите на Македонија и на Србија Иванов и Николиќ потврдија дека нивната заедничка стратешка цел се евроинтеграциите и меѓусебната поддршка. „Ние настојуваме со сите наши соседи да градиме добрососедски односи. Оваа…

повеќе...

Српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

Во дводневна неофицијална посета на Охрид ќе престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот – кралски намесник Павле Караѓорѓевиќ и на кнегињата Олга. Принцезата ќе слета на аеродромот Св. Апостол Павле во 14:55 и ќе биде пречекана од делегација на општина Охрид. Таа ќе има прошетка низ градот, ќе ги посети најзначајните културно-историски споменици во старото градско јадро, како и продавниците за филигран и за охридски бисер. Принцезата Јелисавета е родена во Белград, како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и на грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар.…

повеќе...

Концерт на српскиот пијанист Филип Маџунков на „Охридско лето“

Вечерашната програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде исполнета со концертен настап на пијаностот Филип Маџунков од Србија. Концертот е со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија, а влезот е 300 денари. „Интерпретацијата на Филип Маџунков, според богатството, сериозноста и посветеноста, може да се мери со процесот на експозиција на музичкото дело. Внимателноста со која пристапува кон пијанистичката интерпретација, неговата сосредоточеност и широкиот дедуктивно-истражувачки опсег импонираат и како средство за постигање на што посовршен впечаток, но и како метода во работата. Во својата поетска сеопфатност, Филип Маџунков ја приближува…

повеќе...

Средба на претседателот Иванов со претставници на македонската заедница во Србија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници од Националниот совет на македонското малцинство во Република Србија. На средбата, беа разменети мислења и информации за предизвиците и можностите за македонската заедница во доменот на зачувување и афирмирање на македонскиот јазик, култура и традиција, како и за нивното учество во општествениот и политичкиот живот во Република Србија. Претставниците на Националниот совет изразија благодарност за континуираната поддршка што ја добиваат од македонските институции и Република Македонија како матична држава, притоа го информираа претседателот Иванов за нивните проекти во областа на…

повеќе...

Охрид промовиран во Србија

Активностите за промоција на Охрид како туристичка дестинација продолжуваат. Вечерва во Ниш, Република Србија, делегација предводена од заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и претставници од Секторот за туризам и локален економски развој, пред претставници на туристичките агенции, туроператори, медиуми, новинари и претставници на туристичките комори и општини од централна и јужна Србија, ги презентираа туристичките потенцијали на градот. Преку организирањето на „Охридска вечер“, присутните имаа можност да се запознаат со охридската традиционална кујна. Целта на настанот е промоција на Охрид на туристичкиот пазар во централна и јужна Србија,…

повеќе...

Балканска музејска конференција „Запознај, види, направи“ во Албанија

Музејски професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство присуствуваа на една од најголемите музејски конференции на Балканот. Четвртата годишна конференција „Запознај, види, направи“ се одржa од 13-15 април 2016 година во Скадар, Албанија. Конференцијата е организирана од Балканската мрежа на музеи, мрежа на повеќе од 40 музејски институции од Балканот и Фондацијата Културно наследство без граници. Овогодишната „Запознај, види, направи” ja пoддржa од Фондацијата Ниархос Ставрос (ФНС), а се организира во партнерство со Историскиот музеј на Скадар,…

повеќе...