Доделени 500 стипендии на млади талентирани спортисти

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другите социо-патолошки појави. Грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек, Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на…

повеќе...

Стипендии за студирање на најдобрите 100 светски универзитети

Шеста година по ред Министерството за образование и наука доделува стипендии за сите студенти коишто ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од најдобрите 100 универзитети во светот според рангирањето на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, во областа на техничките науки, архитектура, градежништвото, математиката, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, генетиката, правните науки и меѓународното право. На денешната прес конференција заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека конкурсот за годинава е веќе во тек и…

повеќе...

Стипендии за краткотраен престој во Обединетото Кралство

Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) е непрофитна организација која доделува стипендии на истакнати студенти на последипломски студии од земјите на поранешна Југославија за краткотрајни студиски престои во Обединетото Кралство. Овој фонд за првпат е воспоставен по Првата светска војна и до денеска, средствата се користат за поддршка на младите луѓе од поранешна Југославија за стекнување на специјализирано образование во Обединетото Кралство. Стипендиите се доделуваат во форма на грантови за престои од 1 до 3 месеци и тоа за студенти кои ќе предложат соодветни истражувачки проекти во Обединетото Кралство.…

повеќе...

МОН доделува 30 стипендии за постдипломски студии на Филмската академија во Охрид

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 30 стипендии за постдипломски студии на Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која беше отворена минатата година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага. МОН лани првпат додели целосни стипендии за кандидати од првата генерација запишани на Институтот за филм во Охрид. Од понудените 20, беа доделени 13 стипендии. Покрај тоа што е зголемен бројот на стипендии за претстојната 2016/2017, има и четири нови студиски програми – за режија, камера, монтажа и за монтажа и…

повеќе...

Потпишан протокол за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун за академската 2016/2017 година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска со Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука на Република Македонија и со Јоанис Верверидис, директор на „Сити колеџ”, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд” од Велика Британија, лоциран во Солун, Грција, го потпишаа протоколот за соработка за доделување на стипендии „Борис Трајковски” за академската 2016/2017 година. Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд” од Велика Британија.…

повеќе...

Зголемен бројот на магистри, специјалисти и доктори на науки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2 440 лица од кои 2 202 или 90.2% се магистри и 238 или 9.8% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2014 годинa, е зголемен за 11.2%.  Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2015 година изнесува 58.6%. Во 2015 година, најголем број од магистерските трудови, 1 542 или 70.0%, се од областа на општествените науки, 16.0%…

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Хрватска за академската 2016/2017

Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува КОНКУРС за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2016/2017 година 1. Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература, 2. До осум (8) месеци стипендии за…

повеќе...

Стипендии за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во културата

Министерството за култура додели 32 стипендии за 2016 година од Конкурсот за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во дејностите од областа на културата. Најголем број од нив се за едукација во музичко-сценската дејност (16), 11 се за усовршување во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, четири стипендии се од областа на заштитата на културното наследство и една е за филмска дејност. На прес-конференција денеска беа претставени седум од уметниците кои со финансиска поддршка преку Конкурсот на Министерството за култура ќе се школуваат на редовни, постдипломски, докторски…

повеќе...

Стипендии за студирање во Азербејџан

Хазар Универзитетот во Баку, Азербејџан, за академската 2016/2017 година доделува 2 целосни стипендии наменети за странски студенти, за додипломски, односно постдипломски студии на некоја по понудените студиски програми кои се изведуваат на англиски јазик. Сите подетални информации за критериумите, условите, студиските програми и потребните документи за аплицирање, можат да се обезбедат на интернет страницата на универзитетот – www.khazar.org. Аплицирањето се врши со директно доставување на документите наведени во конкурсот до Канцеларијата за меѓународни прашања на Универзитетот или електронски на international@khazar.org. Крајниот рок за аплицирање е 15.4.2016 година.

повеќе...

Доделени стипендиите за учениците и студентите од Охрид

Со пригодна свеченост, денес градоначалникот Никола Бакрачески на 85 ученици и студенти од Охрид, кои учестуваа на конкурсот распишан од локалната самоуправа, им ги врачи договорите за стипендии за учебната 2015/16 година. Градоначалникот Бакрачески, во своето обраќање истакна дека локална самоуправа денес го заокружува годинашниот проект за доделување на стипендии на талентираните ученици и студенти, со што се исполнува даденото ветување дека од година во година средствата кои ќе се издвојуваат за оваа намена перманентно ќе растат. „Во однос на минатата учебна година, годинава имаме зголемување и на бројот на…

повеќе...