Едно лице го загуби животот во сообраќајка на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 21 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Струга во близина на бензиската пумпа „Бесјани“. Од здобиените повреди, во општата болница во Охрид, починал Благоја Р.(37) од струшкото село Мороишта, кој претходно во тешка здравствена состојба од местото на несреќата, со возило на Брза помош, бил префрлен во Општата болница во Охрид. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, управувајќи патничко моторно возило „Киа“ со струшки регистарски ознаки во правец од Струга кон Подмољје, изгубил контрола…

повеќе...

Загина 69-годишно лице во близина на струшко Радолишта

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Радолишта. Од здобиените повреди, на лице место почина Елван А.(69) од струшкото село Радолишта. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од Струга кон Ќафасан управувал патничко моторно возило „Пежо“со струшки регистарски таблици. Во близина на крстосницата за селото Радолишта, поради неприлагодена…

повеќе...

Стружанец загина во сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 09 часот и 40 минути се случи на магистралниот пат Струга-Ќафасан во близина на селото Мали Влај. Од здобиените повреди, на лице место почина Севдали Ќ.(38) од Струга. Неговата смрт, на местото на настанот била констатирана од медицинска екипа од Општа болница во Струга. Сообраќајната незгода се случила кај местото викано „Василев дол“ кога сега починатиот, по магистралниот пат во правец од граничниот премин „Ќафасан“ кон Струга управувал патничко моторно возило „Форд Фиеста“со струшки регистарски таблици. Поради неприлагодена…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Лабуништа поради две казнени дела тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М.(30) од струшкото село Лабуништа. Првата тешка кражба, пријавениот ја извршил на 29-ти минатиот месец во 21 часот и 30 минути кога со својот патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки стигнал во населбата „Езерски лозја“. Тој, успеал да се искачи на балконот од првиот спрат на една куќа и со подесен предмет и физичка сила ја отворил балконската врата по што влегол во внатрешноста на куќата. Откако извршил пребарување…

повеќе...

Малолетничка од Корошишта пријавена за исчезната

Денес во ПС-Струга, Ш.М. од с.Делогожда-струшко, пријавил дека вчера (22.11.2016г.) од домот на нејзиниот дедо во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна внука со живеалиште во с.Корошишта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Кривична за жител од Лабуништа поради неовластено набавување оружје и муниција

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „,Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(47) од струшкото село Лабуништа. Пријавениот, пред три месеци, за сума од 300 евра, неовластено набавил огнено оружје-автоматска пушка АК-47 и двеста парчиња муниција- калибар 7,62 милиметри. Пронајденото огнено оружје и целокупната муниција се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

повеќе...

Кривична пријава за жител од Велешта поради спречување службено лице во вршење службени дејствија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(24) од струшкото село Велешта. На 23 минатиот месец, на регионалниот пат Струга-Дебар, пријавениот бил забележан како со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки превезува огревно дрво. При контрола и преглед на возилото, патролата на шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри просторни дабово огревно дрво, за кое пријавениот Б.Ќ. не поседувал соодветна документација. Тој, по констатирањето на…

повеќе...

Лица од гостиварско Дебреше краделе во Охрид и Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени тринаесет казнени дела од кои пет казнени дела „тешка кражба“ и осум „тешка кражба во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (22) и А.М.(20), двајцата од гостиварското село Дебреше. Пријавените, казнените дела ги извршиле во текот на овој месец во деловни објекти лоцирани во деловниот комплекс „Фати трејд“, на кеј „8 ноември“ во Струга. Тука стигнале откако претходно во Охрид извршиле кражба на моторцикл. Во извршувањето на казнените дела, пријавените користеле подесен алат со кој ги кршеле бравите од…

повеќе...

И децата можат да бидат правобранители

Помеѓу четврток и недела (27-30 Октомври 2016 година), во Струга ќе се одржи обука за деца правобранители од средните училишта од следните градови: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Гостивар вклучени во проектот„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија”. Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации од 1989 година. Но, колку во државата се почитува Конвенцијата и колку тие права се почитуваат во институциите каде децата се најприсутни – училишта? Согледувајќи ја препорака на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации каде епотенцирана потребата да се подобри…

повеќе...

Отворен третиот маркет на КАМ во Струга

Денес во Струга беше свечено отворен третиот КАМ маркет, лоциран во непосредна близина на Градскиот пазар на 360 м2 продажна површина. Покрај постоечките маркети во Струга, до бензинската на „Макпетрол“ и наспроти мебел „Љачка“ на ул. „Партизанска“, со новиот маркет приватните марки на КАМ производите со врвен квалитет и ниски цени, ќе станат уште подостапни до големиот број жители од Струга и околината. „Во КАМ маркетите вашите пари вредат повеќе. Строгата контрола на квалитетот и ниските цени во КАМ маркетите Ви овозможуваат да ги почувствувате извонредните вкусови на производите од…

повеќе...