МЕПСО ја модернизираше опремата во 110/x kV ТС „Струга“ пред грејната сезона

МЕПСО изврши ревитализација на високонапонска опрема во 110/x kV трансформаторска станица „Струга“ и со тоа го зголеми нивото на доверливост и сигурност во снабдување со квалитетна електрична енергија во струшкиот регион за претстојната зимска сезона. Стручните лица од МЕПСО во период од 18 септември до 12 октомври извршија промени на прекинувачи кои беа во експлоатација триесетина година. Монтирани се два нови прекинувачи со што е зголемена доверливоста во на електропреносниот систем и со тоа за претстојната грејна сезона е сведен на минимум ризикот од испади и дефекти. Воедно беа заменети…

повеќе...

ДЗС: Во октомври 72,7 отсто од потрошената струја е од домашни извори

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 640 641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344 347 тони јаглен и 103 179 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 93.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

повеќе...

Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат и да го намалат нивото на водата. Во изминатите неколку часа, поради силните ветрови, имало големи бранови во морето, поради што два траекти кои сообраќаат на релацијата Валона –…

повеќе...

Андреевски: Се увезува поскапа струја за неверојатни 41.7 проценти

Претседателот на Комисијата за енергетика, Митко Андреевски, денес во изјава за медиумите истакна: „Во земјава се увезува струја поскапа за неверојатни 41.7 проценти! Денеска сме овде да побараме од Регулаторната комисија за енергетика да излезе и да објасни зошто дозволуваат граѓаните да ја натплаќаат увезената струја? Со последната Одлука, Регулаторната комисија за енергетика утврдила дека ЕВН ќе ја набавува електрична енергија на слободниот пазар за 51.46 евра по мегават час! Но, последните податоци од берзите на електрична енергија во регионот: бугарската Берза , Берзата во Србија , унгарската Берза , хрватската Берза…

повеќе...

Се поставуваат нови штедливи светилки во дворот на ОУ „Христо Узунов“

Во дворот на ОУ „Христо Узунов“ се врши целосна промена на осветлувањето. Како што информираат оттаму се заменуваат старите светилки со нови штедливи светилки што ќе значи намалување на електричната енергија за 50%, а додека осветлувањето на училишниот двор ќе се зголеми за 30 %. „Ќе се заменат и застарените осигурувачи со нови автоматски, поради што доколку дојде до некој дефект веднаш сијаличното место да нема напојување на електрична енергија. Со оваа реконструкција ќе се зголеми безбедноста во училишниот двор, но и безбедноста од несакани последици на сијаличните места.“- вели директорот на…

повеќе...

Финансиска помош за подмирување на долгот за електрична енергија во ОУ „Григор Прличев“

Актуелното локално раководство е континуирано посветено на решавање на проблемот со неисплатена електрична енергија на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија во насока на одвивање на непречена настава за учениците во оваа образовна институција. Станува збор за проблем кој што е резултат на немарниот однос на претходните локални власти кон долгогодишниот нерешен имотно- правен однос на институцијата што довело до блокирање на сметката по судската извршна постапка. „Градскиот Совет на денешната седница донесе одлука ,односно одобрување за исплата на долгот којшто ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија во…

повеќе...

Во ноември минатата година потрошени 682.684 МWh електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 682 684 МWh електрична енергија, 15.332 мил. нм3 природен гас, 481 014 тони јаглен и 88 206 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

повеќе...

Пуштен во употреба нов далекувод за енергетско поврузање на Македонија и Србија

Нов 400-киловолтен далуковод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип – Врање пуштен е денеска во употреба. Инвестицијата вредна 11 милиони евра е стратешки проект на МЕПСО-Македонскиот електропреносен систем оператор, кој ќе придонесе за зголемена сигурност на електроенергетсакта мрежа и зголемена размена на електричната енергија во регионот. На свеченото пуштање на 400-киловолтниот далуковод од трафостаницата во Штип до трафостаницата во Врање, Србија беа присутни диркторот на МЕПСО Синиша Спасов, извршниот директор на ЕМС – Србија Бранко Шумања, вицепремиерот за економски…

повеќе...

Нови улични светилки во Охрид

Деновиве во Охрид се врши заменување на светилките на уличното осветлување, односно досегашните светилки кои светеа жолто се заменуваат со бели ЛЕД светилки. Со новите улични ЛЕД светилки ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, со која што Општина Охрид склучи договор за наредните 15 години. WebOhrid

повеќе...

Од утре поевтина струја

Цената на електричната енергија за крајните корисници од утре се намалува за 0,33 проценти. Одлуката денес ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Сметките со новата намалена цена на струјата граѓаните ќе ги добијат во август.

повеќе...