Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот закитен со ѕвезди, а на крстот стоеше напишано: „Со ова победувај!“ Восхитен царот нареди да…
повеќе...Tag: светец
Само Рајот може да има толку многу рајски птици
Пауните, често наречени рајски птици, претставуваат симбол на Св.Наум. Иако, според некои кажувања, пауните биле донесени на овој простор пред век и половина, тие изгледаат како отсекогаш да живееле овде, од самиот почеток, кога Бог го создал овој Рај. Ги има насекаде: во парковите, на дрвјата, на кровот од манастирот, а често и пред самата порта од овој храм, што претставува вистинска атракција за посетителите на ова свето место. WebOhrid
повеќе...Свети Кирил и Методиј
Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…
повеќе...Свети Николај (летен)
Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во тоа време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и…
повеќе...Собор на Св. Архангел Гаврил
Во аврамските религии, Гаврил е архангел кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои претстојат пред престолот Божји. За прв пат се појавува во Книгата на пророкот Даниел во рамките на Хебрејската Библија. Некои го нарекуваат и отелотворение на Светиот Дух. Христијаните и муслиманите веруваат дека му ги прорекол раѓањата на Јован Крстител и Исус на Захарија и Дева Марија, а во Исламот пак, тој му го открил (дал) Куранот на пророкот Мухамед. Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел…
повеќе...Светиот маченик Георгиј Кратовски
Денес e празник посветен на Светиот маченик Георгиј Кратовски. Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.
повеќе...Светиот маченик Трифун
Денес е празник посветен на Светиот маченик Трифун. Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен…
повеќе...Православните верници го одбележаа празникот Св.Атанасиј Велики во Рамне
Православните верници денеска го слават празникот посветен на Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. По тој повод во село Рамне, во црквичката на овој светец многу верници палеа свеќи, се молеа за здравје и среќа. Годинешната кума Наташа Терзиоска даде ручек за присутните верници. Годинава Свети Атанасиј Велики – летен, 15 мај ќе го слави кумот Зоран Лекоски. Ангелче Андриоски/WebOhrid
повеќе...Свети Василиј Велики и Обрезание на Господ Исус Христос
Житие: Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше филозофијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна…
повеќе...Одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
Синоќа со свечена програма беше одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“. Поздравен говор одржа директорот Јане Цаноски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот. Свеченоста беше збогатена со музичка и драмска изведба која специјално за оваа пригода ја подготвија учениците и наставниците на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Свој настап имаше и охридската музичка звезда и поранешен ученик на училиштето Боби Мојсоски. „Името на Свети Наум ја краси историјата на христијанството и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Беше мудар учител,…
повеќе...