T-Home и T-Mobile продолжуваат под еден бренд – Телеком

Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд – брендот Телеком. Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат. Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници. Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда – Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње. Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на…

повеќе...

Екипата на телевизијата од Далиан од Кина го заврши снимањето во Охрид

Со интервју со градоначалникот Никола Бакрачески, екипата на телевизијата од пријателскиот град Далиан од Народна Република Кина, денеска го заврши неколкудневното снимање на репортажи за Охрид. „Ви благодарам што дојдовте во Охрид и се надевам дека во текот на седумдневниот престој снимивте доволно материјали за да подготвите неколку репортажи кои ќе се емитуваат на телевизијата во Далиан. Ја користам можноста до раководството и жителита на пријателскиот Далиан да испратам искрени поздрави од древниот Охрид и да ги поканам почесто да доаѓаат кај нас за да креираме и реализираме нови форми…

повеќе...

Утревечер по 14-ти пат започнува „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели. „Традицијата на одржување на Канеофест трае веќе 14 години, а по 4-ти пат е под покровителство и организација на ТВ Морис од Охрид. Гласањето ќе оди преку публика и преку стручното жири кое што ќе биде составено од музички професори. За (фолк вечерта), утревечер пријавени се околу 22 новокомпонирани композиции,…

повеќе...

Репортажа за Охрид ќе снима една од најпознатите телевизии во Кина

Наредниов период Охрид туристички поагресивно ќе се промовира на кинескиот пазар со цел привлекување поголем број кинески туристи кај нас. По неодамнешната работна посета во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески очекува кинеските тур – оператори и туристички агенции да го вклучат Охрид во туристичките европски тури. При работната псета во збратимениот град на Охрид , Далјан , договорено е националната телевизија која покрива популација на гледачи од околу 7 милиони жители а во соработка со други државни телевизии гледаноста е 100 милиони жители, да сними промотивна репортажа за Охрид.…

повеќе...

Убавините на Охрид прикажани на германската NRD телевизија

Една од најгледаните национални телевизии во Германија NRD- телевизија , деновиве го емитуваше документарниот филм во кој се прикажани убавините на Охрид и Охридското Езеро насловен како „ Тајните на Охридското Езеро“. Авторите Мартин Милер и Хајнз Галинг во филмот ги доловуваат убавините на Охридското Езерото со кристално чистата езерска вода и различните видови риби кои егзистираат. Во филмот се зборува и за надалеку познатиот охридскиот бисер и неговата изработка, како и за охридскиот тркалезен сунѓер, плашицата и одгледувањето на пастрмката. Документарниот филм кој е продуциран на крајот од годинешнава…

повеќе...

Во Македонија во 2013 година имало 123 радиодифузери

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2013 година, во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 123 радиодифузери од кои 64 емитуваат радиопрограма, а 59 телевизиска програма. Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 60 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи. Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37 462 часа, од кои најголем дел или 64.6% се музичка програма.  Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радиопрограма, емитувале вкупно 435 418 часа радиопрограма, од кои…

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ – гости во емисијата „Голем одмор“ на МРТВ

Амбициозните ученици од основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид се претставија во емисијата „Голем Одмор“ во студиото на Македонската радио телевизија.  За време од 45 минути, благодарение на успешно направениот рекапитулар на настани и личности, подготвени од вештата рака на своите наставници, основците на сцената го реализираа својот талент. Резултат на тоа беше разновидната програма, збогатена од членовите на училишната музичка група, млади писатели, амбициозни математичари, така наречени „сезнајковци“, танчери на различна возраст, пеjачи, вешти виолинисти и флејтисти, ликовни уметници, спортистии капитени на синиот и црвениот тим кои го презентираа…

повеќе...

Учениците од ОУ „Живко Чинго“ се претставија во одлично светло во емисијата „Голем одмор“

Во средата на 23 април ,ученици од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид  настапија на училишната програма „Голем одмор“ на Македонската радио телевизија. Вкупно 54 ученици со своите наставници – ментори го претставија своето училиште, својата работа и успеси, а воедно и селото Велгошти пред пошироката јавност во Република Македонија. „На огромно задоволство на учениците,а воедно и на родителите и целокупниот колектив на училиштето, децата со своите изведби се прикажаа во одлично светло. Богатата програма и веселиот дух на учениците ја направи емисијата разиграна и весела. Настапот во живо пред камерите…

повеќе...

Конкурс за Канеофест 2014

Канеофест распишува конкурс за фестивалот Канеофест 2014, кој се одржува по 13 пат, а и овој пат е под покровителство на Телевизија Морис. Покрај долгогодишната традиција на фестивалот за забавна музика, оваа година по втор пат Канеофест воведува уште една фестивалска вечер наменета за фолк музика, наименувана како МОРИС ФОЛК 2014. Условите на фестивалот се следни: • Композицијата мора да биде нова, дотогаш неизведена • Композицијата не смее да содржи навредливи содржини • Композицијата не смее да биде подолга од 4 мин • Композицијата после изведбата останува во сопственост на…

повеќе...