Престрелка во тетовско

Утрово околу 00:10 часот во населбата Дреновец-тетовско се случила вооружена престрелка и тепачка во која учествувале пет лица: Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од с.Доброште од една страна и Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово од друга страна. Во пресметката освен огнено оружје било користено и ладно оружје и при тоа Е.О. се здобил со прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. со прострелна рана во пределот на левата надколеница и Р.О. со убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата, додека Л.И. се здобил со убодна рана во пределот…

повеќе...

Заев: Следната недела може да има законско решение за специјалниот обвинител

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денес беше во посета на Тетово, и во изјава за медиумите тој истакна: „Јас и неколку членови на Извршниот одбор на партијата, на Централниот одбор на партијата, но пред сé, на општинското раководство на СДСМ во Тетово, заедно со многумина граѓани и членови на партијата, но пред сé, многумина неопределени граѓани, ќе посетиме неколку локации во Тетово, за да поразговараме за вистинските проблеми со коишто нашите граѓани секојдневно се соочуваат. Прво, Тетово е еден од поголемите региони, ако не и најголем регион после главниот град во…

повеќе...

Откриени акцизни неправилности при контроли на Царинската Управа во Скопје и Тетово

Во периодот 1-2 септември акцијата на Царинската управа за контрола на продажба на акцизна стока продолжи на територијата на Скопје и Тетово при што се утврдени неправилности во четири случаи кај три правни и едно физичко лице. Привремено се задржани околу 90 литри домашна ракија и 3 литри узо без бандероли и со сомнителен квалитет. Поконкретно, во еден угостителски објект во Тетово е утврдена нелегална продажба на жестоки пијалоци и се одземени околу 4 литри алкохолни пијалоци – ракија и узо, додека при контрола на локал во сопственост на физичко…

повеќе...

Активности за заштита на Стариот амам во Тетово

Со поддршка од Министерството за култура, во завршна фаза се активностите за заштита на Стариот амам во Тетово, кој претставува споменик на културата од османлискиот период. Со оглед на оштетувањата на ова вредно културно наследство, особено во делот на куполите, предвидена е санација на целиот објект од страна на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје. Овој проект се одвива во четири фази, од кои првите две се реализирани во 2012 и 2013 година, при што е изработен проект за непосредна заштита, конзервација и санација од страна на надлежната установа НУ…

повеќе...

Груевски: Максимална владината поддршка за санирање на штетите од поплавите

Десет дена по поплавите во Тетовско, санирањето на штетите се одвива според ветеното. Активностите течат интензивно и во нив е вклучен целиот државен тим, рече денеска премиерот Никола Груевски по посетата на Шипковица. Груевски, кој беше во придружба на вицепремиерот Владимир Пешевски и министрите за одбрана и за транспорт и врски, Зоран Јолевски и Владо Мисајловски, разговараше со жителите на селото, а го посети и локалниот Кризен штаб. „Ќе работиме максимално, се до целосно отстранување на штетите. Можете да сметате на нашата безрезервна поддршка. Тоа што го ветивме изминативе денови…

повеќе...

Епидемиолошката состојба во Тетовско стабилна

Епидемиолошката состојба во Тетовско е стабилна. Континуирано се преземаат сите противепидемиски мерки од страна на надлежните установи и нема појава на заразни заболувања. Според резултатите од испитувањата во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна, додека во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење. Извршена е дезинфекција на површина од околу 25.000 метри квадратни, постојано се делат таблети за дезинфекција на водоснабдителните системи, а се врши и едукација…

повеќе...

СДСМ со граѓаните на Тетово и тетовско: Помош и поддршка во тешките моменти

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески денес во изјава за медиумите истакна: „Овде сме да им дадеме помош и поддршка на граѓаните на Тетово и тетовско во овие тешки моменти. Toa што вчера се случи е страшно, катастрофа. Денеска бевме во обиколка на неколку населени места. Стојбата е сериозна, глетката е страшна. За жал, има и човечки жртви. Досега, официјално се потврдени 4 жртви но стравувањата се дека бројката може да биде и поголема. Воедно, предизвикана е огромна материјална штета, голем број на домови се уништени, поплавени, пристапните патишта…

повеќе...

Невремето во тетовско однесе четири животи

Вчера во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што од 18 до 19 часот го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубиле својот живот: Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица. Безживотните тела на Х.Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во Голема Речица.Покрај…

повеќе...

Груевски: Ангажирани се сите институции за помош во Тетово

Премиерот Никола Груевски синоќа итно отпатува во Тетово, откако градот беше зафатен од силно невреме. Тој ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Направи увид директно од терен, поразговара со надлежните и граѓаните, по што замина во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица од поплавите. „Само што ја примив информацијата за невремето и големите поплави што го зафатија Тетово и Тетовско разговарав со десетина луѓе од различни институции за што побзо да им се помогне на луѓето од погодените места. Веднаш потоа, заедно со вицепремиерот…

повеќе...

Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали

Во текот на викендов по претходно добиени оперативни сознанија од страна на инспекторите при Регионалниот центар за гранични работи Север, извршена е акциска контрола во ноќен бар „Енерџи Клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-с.Сарачино, сопственост на А.М.(33), од Тетово. Од извршената контрола во угостителскиот објект, затекнати се 10 странски државјанки од кои девет од Р.Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) од Р.Албанија , како и три државјанки на Р.Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37), како работат незаконски во угостителскиот објет. Во објектот се затекнати и сопственикот…

повеќе...