„Јахја Кемал“ организираше екскурзија за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика

Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга, вчера организираше екскурзија до Тетово и Скопје. Екскурзијата беше наменета за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика, односно за учениците од други училишта кои учествуваа на овие натпреварувања, информираат од YKS Струга.

повеќе...

Студентските и ученичките стипендии ќе се зголемат за 10 отсто

Премиерот Никола Груевски денеска од Тетово најави дека Владата ќе ги зголеми за 10% студентските и ученичките стипендии. Зголемувањето на ученичките стипендии ќе се однесува на најталентирани ученици, талентирани спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, ученици од угостителско-туристичка струка и ученици кои се деца на бранители. Студентски стипендии, како што рече Груевски ќе се зголемат за студенти со висок успех на студиски програми по информатика, студенти од социјални категории, студенти со висок успех, студенти од природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и студенти кои…

повеќе...

АМСМ: Магла со видливост до 50 метри има во Тетово

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видловост до 50 метри има во Тетово. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Делчево…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствуваше на одбележувањето на Богојавление – Водици во Тетово и во Гостивар

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што се одржа во Тетово и во Гостивар. Во Тетово претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј”, со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, и на церемонијата на положување на светиот крст. Даниел Милошески беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст. Во Гостивар, во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица”, македонскиот…

повеќе...

Генералниот секретар на СДСМ Спасовски ги посети жителите од Теарце на Денот на гравот

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска ги посети жителите на тетовско Теарце, каде по петти пат се организирана манифестацијата Денот на гравот. Со жителите на Теарце и околните населени места од овој регион под Шара, Спасовски разговараше за можностите за брендирање на локалните производи, како што е познатата сорта грав тетовец. Покрај промоцијата на препознатливиот белег за овој регион, жителите на Теарце го покажаа своето гостопримство и го споделија искуството во подготвување на традицоналните специјалитети.

повеќе...

Кривично пријавени пет лица за “фалс“ уверение за завршен факултет при ДУТ Тетово

СВР Тетово до ОЈО  Тетово поднесе кривична пријава против  лицата  А.И. (24), вработен како наставник во ОУ.„Дрита“ во с. Копаница Скопје, М.А. (30) вработен во СГС Скопје приватно обезбедување, К.А. (33) вработен како  професор  во СГГУ „ Здравко Цветковски“ Скопје,  М.М.(43) вработен  во МВР на РМ- Оддел за граѓански работи,Сектор за управно надзорни работи Тетово, Е.Н. (66) професор во Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, а поради постоење на основани сомнениа дека истите сториле кривично дело „Фалсификување на исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на  РМ. Имено, на…

повеќе...

Откриени пет странски и шест македонски “танчерки“, како и малолетничка пријавена за исчезната

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска (22.06.) спроведоа акциска контрола во угостителските објекти „Ловец“ и „Ориентал АС“ во тетовското село Жеровјане. Во угостителскиот објект „Ориентал АС“, сопственост на 25-годишниот Х.А од Боговиње, затекнати биле пет странски државјанки, од кои три од Република Бугарија и две од Република Србија, на возраст од 21 до 26 години, а кои биле ангажирани како танчерки. Петте странски државјанки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово, а потоа предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна…

повеќе...

Дополнителен јавен повик за прием на волонтери во МВР

Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2014 година, има потреба од ангажирање на волонтери, поради што објавува Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи. „Се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии – да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:   ► Сектор за внатрешни работи Битола –  2 волонтери; ► Сектор за внатрешни работи Охрид –  1 волонтери;…

повеќе...

Обуки за е-Даноци во месец февруари

Среда, 05.02.2014 – Среда, 26.02.2014, Битола, Скопје, Струмица, Кочани, Богданци, Тетово, Прилеп, Градско, Виница, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Штип, Струга, Валандово, Гостивар, Демир Капија, Куманово, Демир Хисар и Дебар Период: Од 5 до 26 февруари 2014 година Локација: Битола, Скопје, Струмица, Кочани, Богданци, Тетово, Прилеп, Градско, Виница, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Штип, Струга, Валандово, Гостивар, Демир Капија, Куманово, Демир Хисар и Дебар. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките…

повеќе...

Нова инвестиција од 5 милиони евра во ТИРЗ Тетово

Италијанската компанија Итек која произведува композитни материјали се очекува наскоро да започне со изградба на новиот објект во индустриската зона во Тетово. Оваа инвестиција ќе чини 5 милиони евра и на самиот почеток се очекува да се отворат 150 нови работни места. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р. Македонија, Висар Фида по потпишување на договорот изјави: „Ова е прва инвестиција која ќе се реализира во ТИРЗ-Тетово. Оваа компанија ќе реализира инвестиција во зоната во Тетово преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“. Инвестиција е…

повеќе...