Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува Македонија на 20-тото издание на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција (28-31 Јануари 2016година). На саемот каде 71 држава од светот ќе го престави својот туристички потенцијал се наоѓа и македонска делегација која како и сите изминати години, така и оваа, со дизајнот на штандот прилагоден за интересот на Турците привлече огромен број на посетители уште првиот ден. Акцент на саемот во Турција се стави на посетата на г-дин Недрет Апајдин, провинциски Директор на Истанбул во Министерството…
повеќе...Tag: туризам
Проект за развој на Кокино како туристичка дестинација
Со изработка на новата веб-страница www.kokino.mk, промотивно видео, мобилна апликација, реновирање на информативните табли, поставување на патокази и заштитни прегради на ранливите делови и оградување на локалитетот НУ Музеј Куманово во соработка со Локалната акциска група „Абер 2015“ и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финасиран од УСАИД и Владата на Швајцарија ќе се развива мегалитската опсерваторија Кокино како туристичка дестинација. Целта на проектот е архео-астрономскиот локалитет да стане лесно достапен за туристите и физички и на интернет, а при тоа да се сочува неговиот автентичен изглед.…
повеќе...Македонија на листа на туроператори од Словенија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат се претстави на саемот за туризам во Љубљана, Словенија (NatourAlpeAdria) кој трае од 27-ми до 30-ти Јануари 2016 година, а се организира по 9-ти пат. Учеството на Македонија побуди голем интерес на тамошните тур-оператори и потенцијални туристи, но и словенските медиуми не останаа рамнодушни на македонската иницијатива за развој и промоција на туризмот на словенскиот пазар. „Го изразувам задоволството што после неколку години пауза, повторно учествуваме на саемот NatourAlpeAdria. Словенците ја перцепираат Македонија како пријателска земја од југот…
повеќе...Мерките кои го презема Општина Охрид во угостителско- туристичкиот сектор даваат резултати
Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати и се очекува тој тренд да продолжи. Секторот за Туризам и локален економски развој, врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2015година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 12%, во однос на 2014година, додека во однос на 2011година наплатата на туристичката такса за привремен престој е зголемена дури за 47%, што значи дека имаме континуиран раст на наплата на истата.…
повеќе...Активниот туризам предизвик за Македонија и земјите од Балканот
Македонија преку практикување на активен туризам ќе се обиде да стане лидер во туристичката дејност во регионот на Југоисточна Европа. Меѓународното здружение за активен туризам во Скопје одржа обука со цел за обезбедување на дополнителна поддршка за развојот на активниот туризам на Балканот. Обуката се одржува во пресрет на првата регионална конференција која ќе се одржи во Охрид во мај годинава. Станува збор за самит кој треба да привлече околу 300 европски и светски тур-оператори и медиуми. Oд Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија велат дека обуката…
повеќе...Дојран – град на културата за 2016 година
Во врска со објавениот Конкурс на Министерството за култура за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година“, ве известуваме дека по разгледувањето на пристигнатите пет пријави од градовите Битола, Берово, Струмица, Дојран и Тетово, беше одлучено дека Дојран, со понудената апликација, ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година. Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го…
повеќе...АППТ ја зајакнува позицијата на Македонија на холандскиот туристички пазар
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржа од 13-17 Јануари, ги промовира убавините на Македонија по 6ти пат. Холандскиот пазар, кој важи за еден од попробиените туристички пазари, покажува огромен интерес за македонската култура, историја и природа, во конкуренција со 500 дестинации од светот. Туи и Корендон, најголемите тур-оператори кои носат холандски туристи во Македонија покажаа оптимизам за претстојната туристичка сезона, потенцирајќи ги неповолните гео-политички случувања во одредени делови од светот. Неодамна, откако белгискиот “Томас Кук”беше во Македонија и склучи…
повеќе...Охрид домаќин на конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми
Охрид по четврти пат е домаќин на меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и медиуми „ Охрид- Водици 2016“ што започна денес. Главна тема на конференцијата е „ Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите”а на свеченото отворање пред присутните во куќата на Уранија се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Охрид низ целата своја историја бил средиште каде се преплетувале, цивилизациите и културите, при што секоја од нив оставила неизбришлив печат на своето време. Воден како од некоја невидлива…
повеќе...Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“
Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“. Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија). Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното…
повеќе...Повеќе илјади гости го окупираа Охрид за новогодишните празници
Повеќе илјади гости допатуваа во Охрид, каде ќе ги минат новогодишните празници. Најголемиот дел се сместени во поголемите хотелски капацитети, каде закупија четиридневни и тридневни аранжмани, со свечен дочек. Свечен дочек организира и локалната самоуправа од Охрид, со одлична празнична забава, на отворено, на градскиот плоштад Свети Климент Охридски. „Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек. Охрид и оваа година да биде преполн со гости за новогодишните празници. Најголем број од нив ќе бидат од Република Македонија, но и од соседните држави, пред сè, од Србија, Црна Гора, Бугарија и од…
повеќе...