На Аеродромот во Охрид „ТАВ Македонија“ им посака добредојде на првите холандски туристи

Со церемонија за добредојде, ТАВ Македонија утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ги пречека првите 180 холандски туристи кои пристигнаа со чартер-летот на авиокомпанијата „Корендон“. Девојки облечени во македонска народна носија, ги понудија туристите кои допатуваа од Амстердам, со традиционалната закуска од леб и сол, а претходно вработените на ТАВ Македонија приредија интересна глетка за присутните – воден мост во форма на виножито го опкружи авионот. Од ТАВ Македонија велат дека се задоволни што овие чартер-летови со холандските туристи продолжуваат и оваа летна сезона, петта година по ред. „Денеска…

повеќе...

Словенски камп-приколки го „нападнаа“ Охрид

Убавото време во текот на овие празнични денови го користат сите, и граѓаните и туристите. Нашата екипа наиде на група туристи од Словенија, кои со своите камп-приколки го посетија Охрид. Популарните „Кампервани“ за момент беа паркирани на Градскиот плоштад во Охрид, од каде ја продолжија нивната обиколка, разгледувајќи ги убавините на охридско-струшкиот регион и Македонија. WebOhrid

повеќе...

Македонија е најбрзо растечка земја во Европа во туризмот

Македонија е една од најбрзо растечките држави во Европа во областа на туризмот. Ова е оценката на претставникот на Светската туристичка организација кој деновиве учествува на конференција на тема за развој на винскиот туризам. Ако се споредат статистичките податоци за 2014 година, со оние од минатото може да се видат извонредни резултати, вели Кристофер Ибзен, заменик-регионалниот директор на Светската туристичка организација, пренесува Лидер. „Македонија е една од најбрзорастечките земји во Европа во областа на туризмот и приходите добиени од туризмот. Растежот во туризмот претставува прекрасна можност да се изложат прекрасните…

повеќе...

Туристичките капацитети во Македонија ќе се здобиваат со еколошки ознаки за туристички услуги

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковскисе обрати на завршниот настан од проектот „Воведување на еколошко означени туристички услуги”на кој Министерството за животна средина и просторно планирање ги доби првите четири формални пријави за здобивање со Еколошка ознака за туристичко сместување од охридските хотели: „Белведере”, „Гранит”, „Лебед” и „Фламенго”. „Со овие Пријави се докажува дека е започнат процесот за исполнување на условите утврдени со Правилникот за критериумите неопходни за добивање на еколошка ознака за туристичко сместување“ – истакна заменик министерот Темелковски, додавајќи дека ова се првите формални…

повеќе...

Бизнис средби со австриски туроператори за отварање на нов туристички пазар

Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година и можноста за отварање на нови туристички пазари од 20-23.04 во Австрија, АППТРМ –Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија ќе учествува на бизнис настан „An Evening with THE Experts“ кое вклучува презентации и бизнис средби со австриски тур оператори. Претставници од АППТРМ и директорот Кристијан Џамбазовски ќе ги презентираат туристичките потенцијали во Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет во Македонија и можностите за…

повеќе...

Туроператори од Русија остварија B2B средби со туристичкото стопанство на Македонија

Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот туроператори од Русија одржаа B2B средби со претставници на АППТРМ и со туристичкиот сектор од Македонија. АППТРМ организира информативно патување за тур оператори и новинари од Русија во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година. На едно неделното патување, гостите имаат можност да се запознаат со културните и природните убавини на Македонија, да ја почувствуваат македонската гостопримливост, да пробаат македонски специјалитети и врвни вина. Според руските експерти за туризам, Македонија е…

повеќе...

Охрид создава услови за успешна туристичка сезона

Со подобрена инфраструктура и со зголемени промотивни активности, Општина Охрид очекува успешна летна туристичка сезона. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната средба со новинарите, истакна дека до почетокот на летната туристичка сезона ќе бидат завршени најголем дел од проектите кои општината ги започна со поддршка на Светска Банка. „Во Општина Охрид во овој период се случува засилен инвестициски циклус. Веќе е завршено асфалтирањето на патот од автокампот „Елешец“ до село Елшани со должина од 2.258 метри а заврши и првата фаза од асфалтирањето на патот Охрид Велестово. До почетокот на летната…

повеќе...

Македонија – нова туристичка дестинација за Французите

Пет француски тур-оператори ја посетија Македонија од 13-ти до 17-ти април на покана од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, пишува специјалзираниот веб-весник за туризам TurMag.com, јавува дописникот на МИА од Париз. Претставниците на тур-операторите Куони, Вердием, Интермедес, Арт е вие и Алест Воајаж имаа можност да ги откријат адутите и новините на оваа нова туристичка дестинација на Балканот. Според „TuristMag“ – весникот на професионалните туристички работници, по засилената медиумска кампања во Франција за туристичката понуда на Македонија, во текот на минатата година биле забележани 14 отсто повеќе француски…

повеќе...

Туристичкиот сектор од Македонија оствари B2B средби со туроператори од Франција

Во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и промотивната кампања на Македонија како туристичка дестинација во Франција, АППТРМ организираше информативно патување за тур оператори и новинари од Франција. Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тур операторите од Франција на 17.04.2015 година одржаа B2B средби со директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски и со претставници од туристичкиот сектор во Македонија. Истите тур оператори на 15.04.2015 во Хотел Милениум во Охрид одржа B2B средби со хотелјерите и туристичкото стопанство од Македонија. Беа…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2015 година изнесува 29 743, а бројот на ноќевањата изнесува 62 297. Бројот на туристите во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е зголемен за 9.0%, а бројот наноќевањата е зголемен за 2.8%. Бројот на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е намален за 11.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014…

повеќе...