Бројот на туристи зголемен за 4.2 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2014 година изнесува 70 673, а бројот на ноќевањата изнесува 170 898. Бројот на туристите во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е зголемен за 4.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.5%. Бројот на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013…

повеќе...

Годинава 10.000 вработени во туризмот

Вкупно 155 милиони денари субвенции за организирано носење странски туристи, воведување нови директни линии со нискобуџетските авиопревозници, до Париз, Франкфурт и Брисел со дополнителна поддршка од 135 милиони денари, како и проширување на листата земји од кои би се носеле туристи со Кина и Индија од годинава, како и со САД, Британија, Казахстан, Катар, Азербејџан и Германија од 2015 година, најавија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Беким Незири. Како што соопштија  на прес-конференција, согласно проекциите, бројот на вработени во туризмот годинава ќе достигне 10.000 што…

повеќе...

Вкусете најдобра храна: „Кај Мече“

Веќе две години хит на охридската ривиера гостилница „Мече“. Место за уживање, скара за гурмани, тераса со рајски панорамски поглед кон Свети Наум и кон западното крајбрежје! Дојдете да се почувствувате господски со вниманието на персоналот на „Мече“! Порачајте и вкусете нешто деликатесно од кујната на врвните мајстори на национални и роднокрајни јадења! Бидете добредојдени! Организирајте ручек со семејството или со пријателите и забележете уште еден незаборав крај Охридското Езеро, во населбата Долно Коњско на само 200 метри пред хотелите Метропол и Белви! WebOhrid

повеќе...

Одржана прес-конференција поради некоректни новинарски прилози во кои се критикува Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески заедно со заменик министерот за економија Христијан Делев, денеска во Скопје одржа прес-конференција. Целта на средбата со новинарите од националните медиуми беше да се побијат неколкуте тенденциозни или во најмала мера некоректни новинарски прилози кои се појавија во екот на туристичката сезона, а во кои неосновано се критикува Охрид со што штетно се влијае на летната сезона во градов. „Се почна минатиот месец со наводно скапите цени на угостителските услуги, иако истите на пример се најмалку 2-3 пати поевтини од Грција за иста класа на…

повеќе...

Детските одморалишта на продажба – можност за интензивирање на туризмот

Една од стратешките определби на Владата на Република Македонија е реализација на политиките за раст и развој на туризмот, која се карактеризира со поголем број на мерки и активности, од чија што имплементација во последните неколку години имаме позитивни резултати за што најголем показател е континуираниот раст на дејноста и растот на бројот на туристите, рече на прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Со цел продолжување на оваа позитивна практика, со цел давање на можности за збогатување на туристичката понуда, ослободување од дел од несуштинскиот имот кој…

повеќе...

Дојран доби модерна градска плажа

Централната плажа на дојранското крајбрежје, позната и како градска плажа од денес ги пречекува туристите во сосема поинакво светло. Лежалки под балдехини, набљудувачки кули, соблекувални во модерен стил, вака изгледа сега запуштената плажа со исушена трева, на која постојано се жалеа гостите. Туристите велат дека условите сега се многу подобри, иако Дојран генерално бара уште вложувања за да биде модерно туристичко место. Од општината велат дека ќе се работи на уредување на другите плажи, на нивно проширување, за да може целото крајбрежје да нуди исти услови за одморање. Новите содржини…

повеќе...

Охридски туризам по лански цени

Охрид нуди поволни услови за солидно престојување на секоја категорија туристи. Околу 5000 хотелски и уште 10.000 легла во приватните сместувачки капацитети се нудат по привлечни- промотивни цени. Соба за една ноќ се изнајмува по цена од 300 до 600 денари и до 2 000 денари за луксузен апартман во приватниот сектор. Полу пансион во охридските хотели чини од 1 000 до 6 000 денари, а за апартманите цената е од 6.000 до 12.000 денари зависно од местоположбата и луксузноста на хотелот. Цените на пијалаците во повеќето угостителски објекти се…

повеќе...

Генералниот секретар на светската туристичка организација Талеб Рифаи во работна посета на Охрид

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи во рамки на неколкудневниот работен престој во Република Македонија, денеска е во посета на Охрид. По тој повод во зградата на Општина Охрид, почесниот гостин оствари работна средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев и со Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој .  На средбата беа донесени три заклучоци кои се многу битни за развој на туризмот за чие реализирање Генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи вети и дека лично ќе се заложи. „Изнаоѓање на експерти за…

повеќе...

Охрид привлечна туристичка дестинација за секоја категорија гости

Културно – историските белези, геостратешката положба, поволните климатски услови, и прифатливите цени на туристичките понуди секогаш го прават Охрид привлечна туристичка дестинација. Плажарскиот туризам никогаш не бил и нема да биде основа во туристичката понуда на градов. Намалениот број на посетители на плажите поради лошите временски прилики не ни дава за право да оценуваме дека овогодинешната летна сезона е слаба. Напротив Охрид има потенцијал и неколку работи со кои може да конкурира на седумте мориња околу нас. „Ние можеме да понудиме културно наследство , рекреативен, здравствен туризам. Сметам дека сериозно…

повеќе...

Локалниот економски совет расправаше за текот на туристичката сезона

Локалниот економски совет или такавиканиот „Совет на градски татковци“ заедно со претставници на угостителско- туристичките асоцијации, денеска на седницата, со која претседаваше градоначалникот Никола Бакрачески, расправаше за текот на годинашнава туристичка сезона. Во расправата беше анализирана актуелната состојба и беше договорено, ваква средба да се одржи и на крајот на главната туристичка сезона, за да може навреме да се почне градењето на стратегија за следната година. Беше оценето дека, според проценките на експертите, во наредниов период значително ќе се зголеми бројот, пред се на домашните и туристите од соседните земји…

повеќе...