ФФМ домаќин на развоен турнир на УЕФА во женска конкуренција

Женската репрезентација на Македонија до 16 години ќе биде дел од развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје од 23 до 27 април на тренинг центарот „Патар Милошевски“. На развојниот турнир покрај нашата кадетска репрезентација учествуваат репрезентациите на Казахстан, Украина и Луксембург. Репрезентацијата на Македонија ја предводи Тоше Нацев, а првиот натпревар го играме на 23 април (сабота) против Казахстан во 16:00 часот. За развојниот турнир на УЕФА, селекторот на Македонија до 16 години, Тоше Нацев ги повика следните фудбалерки: Македонија до 16 години (жени): Суарта Рочи (AС…

повеќе...

Одржани работни состаноци за Суперкупот 2017

Изминатата недела во „Куќата на фудбалот“ беа одржани два работни состаноци во врска со организацијата на СУПЕРКУП финалето на УЕФА 2017 година кое го организираме на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. По одлука на Влада на Р.М. е формирано тело/работна група со претставници од Фудбалската федерација на Македонија, канцеларија на Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, органот во составот на Министерсто за финансии – Царинска управа на Република Македонија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за правда, Министерство за економија, Министерство за здравство, АД…

повеќе...

ФФМ ја претстави програмата за национална академија пред 54-те членки на УЕФА

Во Братислава, Словачка се одржува едукативна работилница за тренери, експерти од областa на едукативните тренерски процеси и технички менаџери на која учествуваат претставници од сите 54-ри членки на УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија на 11-от УЕФА тренерски семинар ја претставуваат Зоран Стратев, координатор на младите национални тимови и фудбалската академија, Звонко Златановски, тренер во фудбалската академија, Марио Ѓурчиновски, член на УЕФА техничкиот комитет и Небојша Марковски, директор на центарот за едукација на ФФМ. „Создаваме иднина“ е слоганот на едукативниот семинар во Братислава, а главната тема на дискусиите и предавањата е…

повеќе...

Започнаа подготовките за УЕФА Супер Купот – Скопје 2017

Висока делегација на УЕФА дојде на првата официјална посета на ФФМ поврзана со организацијата на УЕФА Супер Купот во Скопје, натпревар кој ќе се одигра помеѓу победникот на Лигата на Шампионите и Европа Лигата во 2017 година. Делегацијата пристигна во Скопје на 08. септември со цел да го проследи натпреварот Македонија – Шпанија, натпревар од прва категорија во рамки на квалификациите за европското првенство во Франција, 2016 година. Целта беше да се види како во моментов изгледа организацијата на еден натпревар од висок интерес, а потоа да се направат првичните…

повеќе...

Огромен успех за Работнички, елиминиран Трабзонспор

Работнички успеа да го елиминира Трабзонспор од квалификациите за Лигата на Европа. По првиот дуел во Скопје, кој Работнички го доби со 1:0 денес следуваше реванш мечот кој се одигра во Турција. Првото полувреме заврши 0:0. Трабзонспор притисна во второто полувреме и во 55 минута дојде во водство од 1:0. Предноста за Работнички од Скопје беше анулирана, а дополнителен проблем претставуваше исклучувањето на Душко Трајчевски, откако поради два жолти картони доби црвен картон во 65 минута. Но, и покрај предноста на домашните, Работнички успеа да издржи се до крајот на…

повеќе...

Минимална, но исклучително важна победа на Работнички против Трабзонспор

Работнички успеа да триумфира против Трабзонспор на првиот дуел од двомечот од третото (полуфинално) квалификационо коло од Лигата на Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Работнички тргна храбро уште на самиот почеток. Многу рано, односно во 23 минута со голот на Блаже Илијоски Работнички дојде во водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме и покрај притисокот на Трабзонспор да се направи нешто повеќе, Работнички успеа да издржи и да ја зачува предноста од првиот дел. Извршени беа сите измени на обете страни,…

повеќе...

Минимален пораз за Работнички во Латвија

Во второто квалификационо коло од Лигата на Европа, Работнички со минимален пораз се враќа од Латвија. Домашниот тим на Јеглава успеа дури во 87 минута да постигне гол и да има минимална предност од 1:0 пред вториот дуел во Скопје. Повратинот дуел се игра за седум дена, односно на 23 јули со почеток во 20:00 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. WebOhrid

повеќе...

Вардар „преживеа“ на Кипар, победникот ќе се знае во Скопје

Македонскиот фудбалски шампион Вардар се враќа без пораз од Кипар, односно со резултат 0:0. Во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампиони Вардар денес играше во гости против кипарскиот шампион АПОЕЛ. По завршувањето на 90-те минути Вардар успеа да не прими гол и без пораз да се врати од Никозија. Понатамошниот учесник во следното коло од Лигата на шампиони ќе биде познат по повратниот дуел кој ќе се игра за седум дена (на 21 јули) во Скопје со почеток во 20:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Работнички оди понатаму, Ренова и Шкендија се збогуваа од Лигата на Европа

Дачија успеа да докаже дека е подобар тим од Ренова. На првиот натпревар во Скопје, Дачија успеа да „украде“ минимална победа од 0:1 и пласманот за следното коло да го осигура на домашен терен во Молдавија. А денес, на свој терен Дачија ја надигра Ренова и со 4:1 (вкупно 5:1) обезбеди пласман во следната рунда од Лигата на Европа. Работнички одигра 2:0 против Флора во Скопје и со вкупен резултат од 2:1 успеа да оди во второто квалификационо коло од Лигата на Европа. Иако Флора забележа минимална победа од 1:0…

повеќе...

Ренова 0:1 Дачија

Ренова ја започна одисејата во квалификациите од Лигата на Европа. На спортската арена „Филип Втори“ во Скопје, во рамките од првото коло од квалификациите на Лига Европа, Ренова играше против Дачија од Молдавија. Противникот постигна гол уште во 12-та минута. Иако многу рано, овој гол во гости сепак беше повеќе од доволен за победа и предност за екипата на Дачија, пред повратниот дуел во Молдавија. Повратниот дуел ќе се игра на 9 јули во 17:00 часот. WebOhrid

повеќе...