Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување

Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона. Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите. WebOhrid

повеќе...

Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче

Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот.  Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на неколку локации во градот

Екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ на повеќе локации во градот ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило: генерално се чисти во У.З.12 „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“), а се коси тревата покрај пешачките патеки и коловозот на ул.„Марко Цепенков“ , „Мирка Гинова“, „Крум Точко“ . На ул. „Димитар Влахов“ каде естетски се уредува дрворедот од лигуструми, дел од неодамна засадените садници се украдени, а една од железните огради е турната со моторно возило, велат од претпријатието. „Намерното уништување на јавните добра не оди во…

повеќе...

Охрид во знакот на мултимедијалните атракции на „Баскерфест“

Охриѓани и туристите синоќа уживаа во бројните атракции на годинашното, второ издание, на „Баскерфест“, што се одржуваа на Градскиот плоштад и плоштадот „Чинар“, со почеток во 19 часот. На градскиот плоштад први настапија членовите на бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ја загреаа атмосферата, а по нив следеа акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull настапија „Mostacho“, „Denda Jorge Martin“, жонглерите „Spinus“,  „Carota Payaso“, „Parkur“, фајар шоуто на „Golden Branch“ и за крај на првиот ден од „Баскерфест“ на Градскиот…

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на улиците „Питу Гули“, „Марко Нестороски“ и „Живко Чинго“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради реконструкција на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето на ул. Питу Гули, Марко Нестороски и Живко Чинго во период 10:00 до 14:00 часот.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку охридски улици

Поради санација на дефекти на водоводната линија на улица „Галичица“ денеска во период од 11:00 до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица и на дел од улицата „Никола Карев“ и на плажата Кадмо.

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес, поради интервенција на водоводната линија на улица Петар Поп Арсов како и на дел од улица Стив Наумов ќе има прекин на водоснабдувањето во период од 09:00 до 11:00 часот, а на улицата Коста Абраш и дел од улиците Илинденска и Цар Самоил во период од 11:00 до 13:00 часот.

повеќе...

Велосипедско дефиле за подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид активно ќе се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што со низа манифестации се реализира секоја година. Кампањата е во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност…

повеќе...

Започна тампонирањето на локална улица во Мешеишта

Општина Дебрца започна со градежни активности на терен тампонирање на улица во село Мешеишта во должина од 400 метри со 4 метри ширина, која беше оштетена и непристапна за движење на жителите од с.Мешеишта. Со тампонирањето улицата е повторно ставена во функција, а воедно подобрена е патната инфраструктура.

повеќе...

Престројување во последен миг

Многу често се случува да се премислиме во последен миг и да се престроиме од една во друга коловозна лента и тоа токму на семафор. Во овој случај, на семафорот кај Охридска банка во Охрид, еден автомобил од Тирана се престрои од една во друга коловозна лента притоа блокирајќи ги и двете. Ваквите ситуации биле и ќе бидат чести, особено во летниот период кога во Охрид се очекуваат многубројни гости од земјава и од соседството кои доаѓаат со свој автомобил. WebOhrid

повеќе...