Прекин во водоснабдувањето на „Димитар Влахов“ и „Климент Охридски“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради интервенција на водоводната линија денес ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Димитар Влахов“ и „Климент Охридски“, во период од 10:00 до 12:00 часот.

повеќе...

Се санираат оштетувањата низ охридските улици

Во рамки на планот за годишни активности на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, активно се работи на санирање на ударните дупки, прекопи и навлаки на улиците по целата територија на општината. Во моментов се работи на асфалтирање и санирање на ударните дупки во селата Орман, Горно и Долно Лакочереј. На почетокот од оваа недела се асфалтира и поголем потег на ул. „Билјанини Извори“ во близина на ОМУ „Методи Патчев“ и еден помал дел од улицата „Кирил и Методиј“ во УЗ Кошишта. Акцијата за асфалтирање и…

повеќе...

Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“. Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти. Што се случи потоа!? Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго. Станува збор за асфалтирање на паркингот…

повеќе...

Нивелирани шахтите на улицата „АСНОМ“

Денес беше извршено нивелирање на шахтите на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Повеќе улици низ Охрид имаат потреба од нивелирање на шахтите, но и крпење и асфалтирање на ударни дупки и прекопи. По претходно направена проценка, надлежните најпрво ќе санираат онаму каде што е најпотребно. WebOhrid

повеќе...

Кампања „Вози трезен-стигни жив“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен материјал. Целта…

повеќе...

Семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“ се тип-топ

По објавата на WebOhrid: Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?  надлежните ја санираа информативната табла. Се очекува наскоро семафорите да бидат ставени во официјална употреба. WebOhrid

повеќе...

Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?

Новите семафори на булеварот „Св.Наум Охридски“ ја издржаа летната туристичка сезона, но дали ќе издржат до нивното официјално пуштање во употреба!? На делницата кај Инекс Горица веќе е свиткана една сообраќајна информативна табла. WebOhrid

повеќе...

Деловните простории кај „Мини-маркет“ конечно добиваат пристап

Деловните простории на потегот од „Мини-маркет“ па се до Музичкото училиште „Методи Патче“ конечно добиваат пристап.  Градежните зафати на овој потег, за изградба на мини-плоштад, започнаа во декември минатата година, а од тогаш па до денес, сопствениците и вработените во деловните простории, меѓу кои и Банката и Поштата, но и сите граѓани и гости беа приморани да газат кал или прашина во зависност од временските услови. Добрите вести се тоа што деновиве се интензивирани градежните зафати на овој потег, а од денес, со партерното уредување, деловните простории веќе добиваат пристап,…

повеќе...

Дел од улицата „Питу Гули“ привремено затворен за сообраќај

Дел од улицата „Питу Гули“ од утрово беше затворен за сообраќај. Станува збор за делот од крстосницата на улицата „Питу Гули“ со улицата „Марко Нестороски“ до Автобуската станица. Градежните активности на улицата „Питу Гули“ започнаа во април оваа година. Проектот се реализира со кредит од Светска банка, потпомогнат од Владата на Р.Македонија, односно Министерството за финансии. WebOhrid

повеќе...