Од понеделник започнува вакцинацијата против сезонски грип

Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје…

повеќе...

Предавање на тема „Вакцина“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Вакцина“, каде што учениците од IV одделние се запознаа зошто е потребно да се вакцинираат и кои се причините за нивна заштита. „Предавањето беше одржано од страна на доктор Јованка Стурлакова Коровешоска од Заводот за здравствена заштита Охрид. Учениците со голем интерес го проследија предавањето кое заврши со голем број на прашања од страна на учениците.“– изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

повеќе...

ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примената на петтовалентните вакцини

ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примена на петтовалентните вакцини, согласно календарот за имунизација. Шестовалентните вакцини веќе се применуваат од 1.08.2015. Со употреба на петтовалентни и шестовалентни вакцини, бројот на инјектирања во првата година се намалува од 13 на 7, а исто така се намалени и несаканите дејства. Имунизацијата не е проследена со покачена температура, а во ретки случаи може да се појави краткотрајно црвенило и болка.

повеќе...

Почна вакцинацијата со шествалентните вакцини

Четириест и три бебиња ја примија новата шествалентната вакцина во изминатите два дена во советувалиштата во Здравствен дом Скопје. Вакцината минатата недела е дистрибуирана во сите советувалишта во земјава. Петвалентната вакцина се очекува да пристигне месецов и ќе почне да се применува од септември. „Со употреба на петвалентната и шествалентната вакцина 13. инјектирања во првата година се намалуваат на седум. Тоа дава простор за воведување нова вакцина, пневмококната, сега е по избор, но со тенденција да биде ставена редовно во календарот за имунизација –“ изјави директорката на Здравствен дом-Скопје, Татјана…

повеќе...

Тодоров: Опфатот на вакцинацијата 96 отсто, предвидена вакцина и за стрептокока

Вакцинацијата генерално се одвива одлично, а од 2018 година е предвидено и вакцина за стрептококата да влезе во генералниот календар, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на синоќешната отворена владина седница. „Таа е честа бактерија која што е позната за пошироката јавност, посебно на оние кои што имаат деца во градинки и училишта. Веројатно имаме десет пати поголема количина од претходно што сме набавувале. Предвидена е таа во 2018 година да влезе во генерален календар и затоа сега постепено ги зголемуваме количините. Има многу видови стрептокока – шест, седум, девет,…

повеќе...

Од понеделник започнува вакцинирањето на населението против сезонски грип

ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид од 27.10.2014 г. (понеделник) започнува со вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, секој работен ден од 8:30-15:00 ч. Овогодинешната вакцина против сезонски грип „Influvac“ е од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцина со аплицикација е 400,00 денари.  

повеќе...

Почна есенската кампања за орална вакцинација на лисиците против беснило

Од спортскиот аеродром во битолското село Логоварди, почна есенската, седма по ред, кампања за орална вакцинација на лисиците против беснило. Акцијата ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со финансиска поддршка од Европската Унија. Дистрибуцијата на вакцинални мамки по Битола, ќе продолжи во Штип а ќе заврши со авионско фрлање на мамки од спортскиот аеродром во Скопје. Во текот на кампањата предвидено е да се дистрибуираат вкупно 500 илјади вакцинални мамки на целата територија на државата, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови. Оваа кампања е…

повеќе...

Почнува процедурата за набавка на поливалентни вакцини

На седницата на Владата која се одржа деновиве се донесоа потребни одлуки со кои почнува процедурата за набавка на поливалентни вакцини за што државата ќе вложи 380 милиони денари. Вакцините треба да пристигнат во вториот квартал од идната година. Ова  го најави премиерот Никола Груевски, кој рече дека на седницата поминале повеќе точки од областа здравството за поголем број работи кои беа ветени во текот на изборите во нивната партиска програма и во владината програма што ја доставил до Собранието кое ја усвои. „Процедурата за набавка трае околу една година…

повеќе...

Поливалентни вакцини ќе се воведат следната година

Министерството за здравство наскоро ќе распише тендер за набавка на поливалентни вакцини. „Преговараме моментално, се слушаме со производители, бидејќи нашите сознанија се дека резерви на поливалентни вакцини навистина нема во блиско време. Треба навреме да се резервираат, но ние како Министерство од сега ќе распишеме тендер, ќе се обидеме да ги резервираме и штом ги добиеме веднаш ќе почнеме со поливалентните вакцини“, изјави Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство. Според владината стратегија се планира седната година да се воведат поливалентните вакцини, во 2017…

повеќе...

Прогласена епидемија на морбили во Скопје

Центарот за јавно здравје денеска прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на град Скопје. Епидемијата има тенденција на зголемување. Половина од заразените се деца до четири години, а останатите на возраст меѓу 20 и 40 години. Од 6 јануари досега лабораториски се потврдени 25 случаи со морбили. Веќе има најава за нови три до четири случаи во текот на денов. Лилјана Лазаревска, раководител на Одделението за епидемиологија при Институтот за јавно здравје-Скопје, денеска изјави дека последните осум случаи се епидемиолошки поврзани, што значи дека заболувањето, како што рече,…

повеќе...