Традиционално, на вториот ден од празникот Водици (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), новите кумови во Велестово ја продолжуваат празничната традиција. Тие носат чајници со топла ракија и ги служат сите присутни во црквата Св. Богородица-Велестово. Новите кумови се Разме Толе Димоски, Кристијан Дулески, Ацо Божиноски, Злате Мишоски, Климе Ризманоски, Дане Климоски, Крсте Башоски и други кои годинава ја разубавија со топла ракија и оро на средселото во Велестово. „Годинава како нови кумови организиравме и музика на средселото пред цркавта за да продолжи забавата од Божик со Спасен Силјаноски која…
повеќе...Tag: велестово
Јовица Башоски го фати светиот крст во Велестово
19-годишниот Јовица Башоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 30-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Инаку, утре на вториот ден (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), традиционално новите кумови носат чајници со топла ракија и се служи во црквата Св. Богородица-Велестово. Годинава новите кумови подготвуваат и едно изненадување. WebOhrid
повеќе...Заврши 28та Поетска ноќ во Велестово
Деновите од 15-ти до 18-ти јули се одржа 28-та Поетска ноќ во Велестово. Оваа година првата традиционална поетска ноќ беше посветена на творештвото на поетот Санде Стојчевски, за неговото творештво беседеше проф. Д-р Зоран Анчевски. Беше отворена и ликовна изложба на академскиот сликар Стефан Хаџи Николов, а со мал музички концерт нѐ почести младиот Петар Кочовски. Втората ноќ беше посветена на ирската современа поезија и во рамки на оваа Поетска ноќ во Велестово беше промовирано најновото издание на ПНВ Публикации, зборникот „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија, во…
повеќе...Од 15ти до 18ти јули 28.Поетска ноќ во Велестово
Дваесет и осмото издание на Поетската ноќ во Велестово, што ќе се одржи на 15,16 и 18 јули, воведува нови содржини како што е претставување на една светска национална поезија. Годинава на 16 јули ќе биде презентирана современата ирска поезија со настап на четворица поети, а ќе биде промовирана и Антологија на ирската поезија во која се претставени 11 поети. Поетската ноќ во Велестово, која е поддржана од Општина Охрид, ќе започне на 15 јули со портрет на поетот Санде Стојчевски. За неговото творештво ќе беседи Зоран Анчевски, стихови ќе…
повеќе...Доделени дипломите за завршено соодветно ниво од БОБ програмата
Во прекрасен природен амбиент, со поглед на Охридското езеро, на пригодна свечаност во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, денес, на децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, им беа доделени дипломи за завршено соодветно ниво од БОБ програмата. Настанот беше искористен за дружење, забава, спортување и едукација, во што свој допринос дадоа тренерите на БОБ програмата и родителите, а стоматолошката ординација Д-р Сашо Стоев на сите деца им додели едукативни боенки. Признание и подарок доби седумгодишната…
повеќе...Да го почувствуваме Охрид од планинска перспектива
Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ на 12ти јуни (недела) организира планинарска тура. Почетна точка с.Велестово 1100 мнв, крајна точка Врв Три Мажи 1630 мнв. Се искачува околу 550 до 600 метри денивелација и се изминува околу 4 км. во еден правец. Просечно време на минување на турата во двата правци е околу 4 до 5 часа. Тргнување во 7:30 од паркингот пред ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) со организиран превоз до с.Велестово, а враќање во 15:00 часот повторно со организиран превоз од с.Велестово.…
повеќе...Пуштен во употреба реконструираниот пат Охрид – Велестово
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во присуство на мештаните од село Велестово и бројни охриѓани, денеска свечено го стави во употреба патот Охрид – Велестово којшто е реконструиран по целата должина од 4 087 метри. Според градоначалникот Бакрачески денешниот настан е потврда на стратегијата на локалната власт за подеднаков и рамномерен развој на сите делови од Охрид. „Импактот од реконструкцијата на овој патен правец сметаме дека ќе биде повеќекратен пред се за жителите на ова охридско село кои од 70-те години на минатиот век до сега одеа по видно оштетен…
повеќе...Ќе се асфалтираат три локални патни правци
Во рамки на годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за асфалтирање на улици и патишта низ руралните средини, а со средства од Агенцијата за поддршка на руралниот развој при Владата на РМ, Општина Охрид заедно со изведувачот АД „Илинден“ наредниов период ќе асфалтира три локални патни правци на територијата на Охрид. Ќе се асфалтираат, локален патен правец до с.Велестово(втор дел) во должина од 2 000 метри, локален патен правец од с.Вапила до с.Ливоишта во должина од 1 900 метри и локален патен правец во населба Рача кај…
повеќе...Никола Климоски го фати светиот крст во Велестово
Големиот христијански празник Богојавление-Водици, традиционално, освен на градскиот плоштад во Охрид, беше одбележан и во Велестово. Светиот крст кој се фрла во базенот , го фати 17 годишниот Никола Климоски. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid
повеќе...Убава завршница на StartQube – летниот камп за претприемачи и стартапи на Велестово во Охрид
Неформални работилици, практични вежби, кафе-муабети, спорт, вмрежување, планинарење и лекции во природа, беа само дел од активностите на агендата на StartQube. Сите овие и многу други, беа реалзирани под водство на присутните ментори, кои живееја заедно со учесниците на Велестово и имаа можност да разменат блиски контакти. Ексклузивно, на StartQube како онлајн ментор се појави и Мајк Бачер, уредник во TechCrunch и еден од 5-те највлијателни луѓе во технолошкиот и стартап светот во Европа. Мајк даде вредни совети за тоа како нашите стартапи да развијат новости кои можат да им…
повеќе...