Денес во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти во организација на Детската организација од училиштето, се одржа свечена приредба со пригодна програма, во која настапија учениците од прво до петто одделение. Преку разни точки за рецитирање и пеење песни, со оваа програма се одбележаа Денот на учителот (5ти октомври), како и Денот на народното востание на Република Македонија (11 октомври). Во рамки на оваа програма се одбележа и Детската недела која траеше од 1ви до 7ми октомври. Во рамки на приредбата се направи прием на првачињата во Детската организација на училиштето,…
повеќе...Tag: велгошти
Положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на стреланите жители во Велгошти
Попладнево во селото Велгошти им беше оддадена почит на стреланите жители од с. Велгошти, охридско во 1913 година. Пред спомен обележјето, свежо цвеќе положија претставници од Општина Охрид, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти, претставници од МЗ Велгошти, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, претставници од Фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров Ресен“ како и претставници на Македонското патриотско здружение „Методија Патче“ од Охрид. „На 7ми септември се собрале сите велгоштани, пред тоа бил направен пустош од страна на Српската жандармерија по задушувањето на Охридското востание, после тоа жандармеријата ги собрала сите мажи и жени во црквата Св.Климент. Потоа ги одделиле мажите од…
повеќе...По 29ти пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти
Вечерва во Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка“ по 29ти пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. Годинешната манифестација беше во знакот на одбележувањето на 30 годишнината од смртта на великанот, големиот македонски прозаист и драмски писател Живко Чинго. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Советот на Општина Охрид, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, претставници од семејството на Живко Чинго, претставници од МК ВМРО-ДПМНЕ…
повеќе...Верниците масовно се поклонуваат пред Св.Петка
По повод празникот посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св.Петка, илјадници верници од вчера попладне се упатуваат кон манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред светицата. Како и секоја година, за празникот Света Петка, во рамките на манастирот не изостана и панаѓурот со тезги каде можеше да се купат сувенири. Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која…
повеќе...Положено свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во Велгошти
Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Синоќа, пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид, политички партии, здруженија на граѓани како и поединци. Меѓу присутните жители од Велгошти, присутен беше и екс-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески им го честита овој светол и голем ден за македонската историја.…
повеќе...Земјотресите предизвикаа оштетувања во манастирот Св. Петка во Велгошти
Како последица од силните земјотреси кои го зафатија охридскиот регион појавени се оштетувања на ѕидовите од фреските во манастирот Света Петка во Велгошти. „Црковниот одбор од Велгошти контактираше со Дебарско-кичевската епархија. По укажувањата, оттаму ветија дека ќе се заложат за санирање на штетите. Бидејќи манастирот Св. Петка е во надлежност на Завод и музеј Македонија, тие бараат надлежните да преземат мерки за нивно решавање.“ – велат од Црковниот одбор Велгошти. Оттаму додаваат дека Црковниот одбор стои на располагање на институциите и бара што побрзо да се санираат штетите, бидејќи овој божји храм е многу значаен,…
повеќе...Конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот К О Н К У Р С З А Н А Ј Д О Б А Р Р А С К А З Услови за учество на Конкурсот: 1.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2.Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3.Авторското право…
повеќе...Одиграно финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори во Велгошти
Изминатиов викенд во Велгошти се одржа финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори, на кој учествуваа 20 екипи од Охрид и Струга. Организатори на турнирот се Климент Калачоски и Димитар Балески со помош на директорот на ОУ „Живко Чинго“ – Ѓоко Чингоски. Синоќа се одиграа финалните натпревари. Во борбата за трето место, екипата на Црногорци забележа победа од 3:2 против тимот од Лескоец. Првото место го освои екипата Beast, која со 5:2 го совлада Boss Burger. На овогодинешниот турнир беа доделени парични награди и пехари. Прво место – пехар,…
повеќе...Одиграно финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори во Велгошти
Синоќа во Велгошти се одржа финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори, на кој учествуваа 20 екипи од Охрид и Струга. Организатори на турнирот се Климент Калачоски и Димитар Балески со помош на директорот на ОУ „Живко Чинго“ – Ѓоко Чингоски. Синоќа се одиграа финалните натпревари. Во борбата за трето место, екипата на Црногорци забележа победа од 3:2 против тимот од Лескоец. Првото место го освои екипата Beast, која со 5:2 го совлада Boss Burger. На овогодинешниот турнир беа доделени парични награди и пехари. Прво место – пехар, медали…
повеќе...Ученичка од ОУ „Живко Чинго“ освои трета награда на Државниот натпревар по биологија
На Државниот натпревар по билогија кој се одржа во саботата на 20.05.2017 година во Природно-Математичкиот Факултет Скопје, ученичката од ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – Ангела Маркоска од IX одделение освои III награда. Ментор на ученичката е наставничката по биологија и хемија Маја Попоска. „Упатувам честитки до ученичката за постигнатиот успех на Државниот натпревар, а секако и до менторот“ вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. WebOhrid
повеќе...