Креациите на ученичката Марија Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

ОУ „Живко Чинго“ ги поддржува и ќе ги поддржува сите талентирани деца во било која област знаење, спорт и уметност. „За применета уметност и дизајн ученичката Марија Буџакоска од осмо Б одделение при ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти има исклучително индивидуална (самостојна) креативна и творечка способност.“– вели  нејзиниот ментор, наставникот м-р Љубен Цветкоски. WebOhrid

повеќе...

Преосветена црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велгошти

Во 27-та Недела по Педесетница и на празникот на светиот Амфилохиј Икониски и на пренесување на моштите на свети Александар Невски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј денес изврши преосветување на светиот Престол во храмот „Св. вмч. Пантелејмон“ во с. Велгошти, Охридско. Осветувањето на Престолот се изврши поради целосното реновирање на храмот, кое беше иницирано од црковниот одбор од селото, а се заврши со донациите на локалното население, како и донациите на сите добронамерни верници од пошироката околина. По преосветувањето на Престолот, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше…

повеќе...

Утре ќе биде преосветена црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти

Утре ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Пречиста“ во Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4-ти декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 6-ти декември 2015 година (недела), ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото…

повеќе...

Во недела ќе се преосветува црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти

Црковниот одбор при Велгошката парохија, ги информира православните верници дека во недела (6-ти декември) ќе биде преосветена парохиската црква „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти, Охрид. Како што информираат, утрена богослужба ќе се служи со почеток во 7:30 часот, додека пак преосветувањето ќе се изврши со почеток во 8:30 часот, на кое ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод од Црковниот одбор ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на овој свечен чин.  WebOhrid

повеќе...

EКО БУСОТ во посета на ОУ „Живко Чинго“

Во организација на Пакомак-друштво за управување со пакување и отпад од пакување -Скопје во посета на Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес пристигна ЕКО БУСОТ. Целта на посетата беше преку прикажување на краток 3 ДЕ филм со еколошка содржина и квиз натпревар кај учениците да се подигне свеста за значењето на амбалажниот отпад. Промотор на проектот и водич низ активностите беше Ивица Маринковиќ- познато ТВ лице – Ивце Пивце. „Прикажаните содржини беа многу интересни и корисни за децата. Тие научија како треба да се селектира отпадот, односно во кои контејнери…

повеќе...

Отслужена света литургија за празникот Преподобна Матрона Цариградска

По повод празникот посветен на Преподобна Матрона Цариградска – Св. Петка, во манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Преподобна Матрона“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Викендов свети архиерејски литургии за претстојните празници

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21-ви ноември (сабота), во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети Архангел Михаил“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 22-ри ноември (недела), во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во…

повеќе...

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ со донација за социјално ранливите дечиња

Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ја продолжува соработката со наставниот кадар, со тоа што овој пат донираше училишен прибор за социјално ранливите дечиња. „Од Лајонс клубот „Десарети“ издејствуваа школски прибор за овие дечиња. Соработката е на високо и завидно ниво со Советот на родители. Родителите од училиштето се интересираат комплетно за воспитно образовниот процес, што е за пофалба,  за проблемите кои се актуелни и за работи што се заеднички интерес за сите.“-вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски. WebOhrid

повеќе...