Ако патувате на пат кон Велгошти сигурно вашиот поглед нема да го одмине огледалото кое е поставeно на автентичната селска плевна над училиштето „Живко Чинго“ на пат кон црквата „Света Петка“. Она што е интересно е тоа што оваа корисна плевна на која стои старо ѕидно огледало неодамна беше реконструирана, но не во нов стил и изглед, туку токму онаква каква што и се изградила пред десетици години. И да биде уште поинтересно: огледалото одново е поставено тука, колку да се знае дека оваа плевна ќе биде уште долго активна…
повеќе...Tag: велгошти
ОУ „Живко Чинго“ вклучува гостин – претприемач во наставниот процес
ОУ „Живко Чинго“ Велгошти – Охрид, во согласност со наставниот план и програма по предметот Иновации, професорката Дубравка Сершиќ на часот вклучи гостин претприемач – Марија Филева Стоев, yправител на БВЦ дооел Охрид, фирма која е дел од Групацијата BWC (Budapest – Wien Chemicals), а функционира со 100% македонски капитал и веќе 20 години бележи успешно работење во трговска и производна дејност. Младата и успешна претставничка на претприемачкиот свет, ги запозна учениците со историјата на нејзиниот кариерен развој. Гостинката зборуваше за клучните фактори на успехот како што е образованието, постојаното едуцирање и следење трендови, идејни планови, како…
повеќе...Започна да се асфалтира патот до црквата „Св.Климент Охридски“ во Велгошти
Започна да се асфалтира патот до црквата „Свети Климент Охридски“ во Велгошти. Градежните машини веќе се на терен и работат на изградбата на овој пат. Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески напомена дека конечно стартуваа работите на патот кои велгоштани ги чекале со децении. „Во текот на минатата седмица градежното претпријатие „Илинден“ на терен почна со работа и го реализира тоа наше ветување. Како што знаете во рамки на програмата за работа на градоначалникот при посетата на Велгошти беше констатирано дека тоа е најважен локален пат кој е потребен за…
повеќе...Првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од вчера учат во нова училница
По барање на родителите, а со посебно залагање на раководството на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, од вчера учениците од прво одделение ќе учат во нова училница, во смена со своите врсници. Имено, ова училиште веќе подолго време се соочуваше со просторни услови за згрижување на сите ученици од прво одделение во една смена, заради недостаток на просторни услови, односно соодветна училница (занимална). Поради тоа, дел од учениците од прво одделение досега беа принудени да одат на училиште со другата смена, односно со поголемите ученици од предметна настава. Секоја учебна…
повеќе...По 26-ти пат одржана традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“
Синоќа во селото Велгошти во близина на манастирот „Света Петка “ по 26-ти пат се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“. Пред присутните во свое и од име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се осврна на делото на Живко Чинго „Познавачите на делото на Живко Чинго порачуваат дека:една од главните особености на чинговата проза е симболиката. Ако сакаме да ги осознаеме идеите на Чинго, во прозата која ја пишувал мора да навлеземе во неговиот свет, кој навидум бил имагинација, замислен, но го…
повеќе...27-ма „Вечер на Живко Чинго“
Утревечер , со почеток во 20.30 часот во атарот на с. Велгошти (црква св.Петка) ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго”. Според програмата предвидено е полагање на цвеќе пред споменикот на Живко Чинго по што се очекува обраќање на претставник од општина Охрид. По традиција ќе се одржи и Беседа за писателот а потоа ќе биде и врачувањето на наградата за најдобар расказ, што општина Охрид ја додели по претходно распишан конкурс. Манифестацијата ќе биде заокружена со Културно –уметничка програма. Годинешната „ Вечер на Живко Чинго“ е…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески заедно со верниците во манастирот посветен на „Св.Петка“
Во пресрет на големиот христијански празник Света Петка градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, доцна синоќа заедно со бројни христијани , охриѓани и дојденци присуствуваше и ги проследи црковните церемонии кои по повод денешниот празник по традиција се одржуваат во манастирот посветен на Света Петка. Градоначалникот Бакрачески се помоли за лично и здравје на најблиските посакувајќи им на сите верници да ги води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина.
повеќе...Турнир во мал фудбал „Велгошти 2014„
Синоќа во Велгошти по десетти пат се одигра турнирот во Мал фудбал „Велгошти 2014“, што по традиција се одржува во очи на големиот христијански празник „Св. Петка“. И градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески присуствуваше на турнирот. Годинашен победник на турнирот односно со освоено прво место е екипата на АСП ПАК која ги измери силите против екипата на „Мистер Ај”. Медалите на првопласираните и пехорот им ги врачи градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Инаку, на турнирот имаше голема посетеност, трибините на игралиштето во Велгошти беа премали за сите кои сакаа да го гледаат…
повеќе...Св. Преподобна Параскева – Св. Петка
Денес се празнува празникот посветен на Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка). Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа…
повеќе...Празнична вечерна богослужба и свети литургии по повод празникот „Св.Петка“
По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва (7-ми август), во манастириот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. Утре, 8-ми август (петок), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот. Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света…
повеќе...