Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Се врши фреско живопис во црквата св. Пантелејмон (св. Климент) во Велгошти

Се врши фреско живопис во црквата св. Пантелејмон (св. Климент) во Велгошти, со донација од верниците, кој има желба да донира црквата е отворена секој ден од 8 до 12 часот. Фреско живописот се врши од страна на познатиот уметник Марјанчо Ристески од Велгошти. Свети Климент или помалку користеното Свети Пантелејмон е главната селска црква во охридското село Велгошти. Таа воедно е и главна парохиска црква на Велгошката парохија. Црквата е изградена во 1872 година. Делумно фрескоживописана е во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче. Извор:…

повеќе...

Снимена првата клапа од видеоомажот за Живко Чинго

Министерката за култура Елизабета Канческа-­Милевска денеска присуствуваше на почетокот на снимањето на документарниот филм „Мајстор Чинго“, кој е своевиден видео­омаж за едно од водечките имиња во современата македонска литература, големиот раскажувач Живко Чинго. Режисер на филмот е македонскиот бард Љубиша Георгиевски, сценарист е Сашо Миленковски, за дизајнот на продукцијата е задолжена Мери Георгиевска, а продуцент на филмот е Петар Ѓуровски. Директор на фотографија е Горан Наумовски, а стручен консултант е проф. д-­р Виолета Ачковска, која е историчар и е во роднинска врска со Чинго. „Овој проект беше одобрен во Програмата…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ дел од проектот Испитување на јодниот статус кај деца на возраст од 8-10 години

Денес во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти тим на медицински стручњаци од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје вршеа испитување на јодниот статус кај 40 ученици од одделенска настава на возраст од 8-10 години. ОУ „Живко Чинго“ е 14-то училиште во Македонија во кое е спроведен овој проект. Претходно беше добиена писмена согласност од родителите на учениците за испитувањето кое се состои од: палпација на тироидната жлезда, ултрасонографски преглед и анализа на урина.  Целта на овој проект кој е подржан од МОН и Министерството за здравство…

повеќе...

Трето место за основците од „Живко Чинго“ во категорија подмладок на Општинскиот натпревар по прва помош

На 45тиот по ред општински натпревар по прва помош, кој се одржа денеска, учениците од ОУ „Живко Чинг0“ од Велгошти, под менторство на наставничката Ивана Илиевска го освоија третото место во категоријата подмладок. Мотото на натпреварот беше „Знам да спасам живот“, а стекнатите знаења за укажување прва помош ги покажаа повеќе од 300 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебрца.

повеќе...

Реконструирана улицата „Воденичарска“ со неколкуте краци во Велгошти

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска во охридското село Велгошти ја стави во употреба реконструираната улица „Воденичарска“ со неколкуте краци кои прв пат по неколку децении добија уреден лик. На овие јавни површини се доизгради фекална и атмосферска канализација, а се поставија и бехатон плочки на патот кој години наназад беше земјен. Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на ваквите проекти произлегува од средбите и барањата со мештаните при што Општината секогаш се труди да создаде услови за нивна реализација доколку тие се навистина потребни. „Изминатиов период бевме во директна комуникација…

повеќе...

Ученик од ОУ „Живко Чинго“ освои прва награда на Регионалниот натпревар по хемија

Во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Маједонија, на 14ти мај во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“, Охрид се одржа Регионалниот натпревар по хемија. Ученикот Дамјан Митрески од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ја освои првата награда под менторство на наставничката Маја Попоска. Со тоа ученикот Митрески се пласира на Државниот натпревар по хемија кој што ќе се одржи на 28ми мај(сабота) на Институтот за хемија. WebOhrid

повеќе...

Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ освои трето место на  Државниот натпревар за најдобар солист

Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, во конкуренција за најдобар солист од 42 учесници го освои третото место, под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Се надеваме дека оваа ученичка со својот извонреден глас ќе го најде местото помеѓу ѕвездите.“– вели директорот Ѓоко Чингоски. Државниот натпревар се одржа на 8ми мај во Кавадарци, во организација на Друштвото на музички педагози на РМ. WebOhrid

повеќе...

Старите победија на фудбалскиот натпревар во организација на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти

По повод верскиот празник Велигден, Месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти организира фудбалски натпревар помеѓу стари и млади.  Натпреварот се одигра во спортската сала „Тодор Александров“, Велгошти. Пред натпреварот следуваше културно уметничка програма на КУД Илинден.  Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 6:4, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел во просториите на КУД „Илинден” од Велгошти. WebOhrid

повеќе...