Учениците од IV 2 одд. од ОУ„Григор Прличев“ се дел на манифестацијата „Велигденски саем” организирана од Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Општинската организација на Црвен крст. На плоштадот „Крушевска Република“, тие на штанд ги изложија своите Велигденски украси, ракотворби кои сами ги приготвија. „Велигденска мисија на нас ракотворците (учениците од IV 2 одд.од основното училиште ОУ„Григор Прличев“) продолжува овој пат овде заедно со вас почитувани посетители, наши сограѓани. Ги покануваме сите добри луѓе да го посетат овој штанд, а воедно и овој убав настан и да земат учество на Велигденскиот базар по…
повеќе...Tag: велигден
Велигденски панаѓур во ОУ „Григор Прличев“
По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово (Велигден), денес традиционално во ОУ „Григор Прличев“ се одржа Велигденски панаѓур. На панаѓурот, на кој беа изработени творби од вредните раце на учениците, најмногу можеше да се забележат кошнички, декоративни и креативни Велигденски јајца, украси, но и се она што е поврзано со празнувањето за овој празник. Собраните средства од продадените производи ќе бидат донираат за хуманитарни цели. WebOhrid
повеќе...Хуманитарна акција на Ротаракт Клубот Охрид и ОУ „Христо Узунов“
Ротаракт клубот од Охрид, во соработка со ученичката заедница при ОУ „Христо Узунов” од Охрид, изработи декоративни и креативни Велигденски јајца, украси и цртежи, кои денес заедно со неколку ученици им беа подарени на болните и изнемоштени лица во одделението за Геријатрија при Општата Болница во Охрид. По делењето на јајцата и декоративните подароци, присутните ученици под раководство на учителката, Гордана Велјаноска, изведоа и Велигденски рецитал, со што измамија насмевки и воодушевувања, и ги згреаја срцата на овие стари луѓе, кои празникот ќе го поминат тука.
повеќе...Велигденски панаѓур во ОУ „Христо Узунов“
Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа традиционалниот Велигденски панаѓур со творби изработени од вредните раце на учениците од училиштето. „Беа изработени творби од јајца, кошнички и се она шо е поврзано со славењето на големиот христијански празник Велигден.“- информираат од училиштето. Панаѓурот е организиран во заедничка соработка со училиштето и Советот на Родители при училиштето.
повеќе...Во понеделник ќе се одржи фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти
По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираат фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел. Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 17.04.2017 (Втор ден Велигден) во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. WebOhrid
повеќе...Со чист Понеделник, започнуваат велигденските пости
Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло. Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48…
повеќе...Отслужена света архиерејска Литургија за трет ден Велигден
Денес, на Третиот ден од прославувањето на торжеството над трожествата, Воскресението Христово, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски и Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците од Кичево со пригодно слово и им подели нафора.
повеќе...Трет ден Велигден, завршува најголемиот христијански празник
Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден, денот на воскресението. Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време. Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите…
повеќе...Отслужена света литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга
Денес, на вториот ден од Воскресението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодно слово, во кое се задржа на Воскресението Христово, како централен настан во животот на Црквата и на секој човек, и се помоли на Воскреснатиот Христос, тој да се всели…
повеќе...Отслужена свечена Вечерна богослужба во катедралниот храм „Св.Софија“
Според одамна востановената традиција во Охрид, на први мај, во вечерните часови на светата и Велика Недела на Пасха, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба беше прочитано и дел од Евангелието според Јован на повеќе јазици (црковнословенски, грчки, латински, француски,…
повеќе...