Претседателот Иванов се сретна со Јалчин Акдоган, заменик – претседател на Владата на Република Турција

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Јалчин Акдоган, заменик – претседател на Владата на Република Турција. На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од традиционално пријателските билатерални односи меѓу двете земји, и континуираниот политичкиот дијалог на сите нивоа. Честитајќи го успехот на парламентарните избори во Република Турција, претседателот Иванов изрази уверување дека и со новата влада соработката не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира во сите области од взаемен интерес. На средбата беше поздравен нагорниот тренд што го бележи економската соработка, при што претседателот…

повеќе...

Средба на премиерот Груевски со турскиот вицепремиер Акдоган

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Турција, Јалчин Акдоган. Соговорниците ги поздравија одличните односи меѓу двете земји на билатерално и мултилатерално ниво, изразувајќи задоволство од постојаниот нагорен тренд на развој на истите кој се карактеризира и со редовни средби на високо ниво. Соговорниците акцентираа дека помеѓу двете земји постои цврста соработка која се одвива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање и се одвива во повеќе сфери како што е економијата, трговската размена, образованието и јакнењето на културните врски…

повеќе...

Груевски: Главната цел е постигната избори ќе има на 24 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по завршување на лидерската средба на која беше финализиран Договорот од Пржино, изрази задоволство што разговорите завршија со успех и потенцира дека е важно што е договорно изборите да не се одложуваат и да се одржат на 24 април 2016 година. „Јас сум многу задоволен од она што го договоривме. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори, за што од СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен, но ние тоа не го дозволивме и…

повеќе...

Потпишана Декларација во Скопје за климатски промени во периодот по 2020 година

Вложување напор за да се постигне правичен, флексибилен, долготраен и инклузивен правно обврзувачки договор за климата по 2020 година, како и посветување кон климатските промени за коишто се потребни итна соработка и акција на глобално, регионално и национално ниво, се дел од обврските во „Декларацијата од Скопје“, која денеска беше потпишана на министерска конференција: „Кон климатскиот самит во Париз 2015, предизвици за државите членки на ЦЕИ“ во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Домаќинот на конференцијата, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во своето…

повеќе...

Почнува реализацијата на 50 милионската инвестиција на „Костал“

Германската компанија „Костал“ официјално почна со реализација на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, а која треба да отвори илјада работни места. Стартуваат во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика. Договорот за реализација на инвестицијата на „Костел“ денеска во Владата го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс. Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга/Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската…

повеќе...

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

Завршна презентација на главните достигнувања и постигнати резултати на проектот „Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица“, финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, се одржа денеска во Скопје. Проектот е фокусиран на две главни компоненти – казнениот систем и полицијата и има за цел зајакнување на организациските и раководните капацитети на затворите за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во односот со притворените и осудените лица. Во однос на полицијата со проектот треба да се…

повеќе...

Ден на претприемачот: Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти

Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти, но потребно е да се поттикнат и охрабрат луѓето да ги имплементираат идеите и да создадат свој бизнис. Ова беше истакнато на денешното одбележување на 10. Европски ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни претпријатија организирани од Европската бизнис асоцијација. Од 101.600 регистрирани компании во Македонија денес 98 илјади се мали и средни компании кои се сметаат за важен сегмент од македонската економија. „Тоа се компании со идеи и динамизам кои се подготвени да прифатат поголеми предизвици и ризици.…

повеќе...

Заев: Добивме силна поддршка од европските социјалисти и демократи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Благодарни сме, во името на граѓаните на нашата земја, за целосната поддршка на социјалистите и демократите во европските институции кои секогаш ја поддржувале Македонија, почнувајќи од поддршката за добивање на кандидатскиот статус, визната либерализација и поддршката за побрз почеток на преговорите за членство. Социјалистите и демократите во институциите на ЕУ се вклучени и во напорите на меѓународната заедница да се најде решение за сериозната политичка криза којашто ја предизвика власта во заминување. Оваа искрена и принципиелна поддршка на пријателите на…

повеќе...

Наредната учебна година се воведува Кембриџ програмата за седмо, осмо и деветто одделение

Директорот на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’саливан и директорот на Бирото за развој на образованието на Република Македонија, Весна Хорватовиќ, во присуство на министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска потпишаа договор за соработка во областа на адаптацијата на наставните програми по математика и предмети од природните науки за учениците во основно образование од седмо до деветто одделение. Во оваа прилика Адеми истакна дека една од најголемите реформи во образованиот систем во Република Македонија, е имплементација…

повеќе...

Миновски нов директор на УЈП, Трајковски оди на друга функција

Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција. Миновски е именуван за директор на УЈП на вчерашната владина седница, а доаѓа од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат. „Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите…

повеќе...