Мисајловски: Инвестиции од 800 милиони евра за нови автопатишта

Со предложениот буџет за 2016 година за Министерството за транспорт и врски се предвидени речиси две милијарди денари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура,изградба на социјални згради, водоводи и канализации, пешачки патеки, жичницата на Водно и други проекти. Овие средства ќе се користат за реализација на започнатите проекти, но, исто така, и за почнување нови што сме ги ветиле во нашата програма, наведува во интервју за МИА министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Резултатите од тековните градежни активности, посочува Мисајловски, се видливи на терен. Во тек…

повеќе...

Исплатени 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци

Владата исплати 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопшти денеска Министерството за финансии. На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за обележани грла овци, 1,3 милиони денари за обележани грла говеда и 761 илјада денари за женски приплодни грла маторици. Исто така, исплатени се 2,89 милиони денари за постоечки овошни насади, два милиона денари за постоечки лозови насади, 155.450 денари за поддршка на…

повеќе...

207 милиони денари грантови за нови бизниси

Проектот за самовработување се покажа како успешен и делотворен проект. Преку овој проект државата, во соработка со УНДП, дава 3.000 евра неповратен грант за отворање на бизнис и самовработување на невработените лица. Самовработувањето дава позитивни резултати и во изминатиот период откога е воведен и функционира придонесе токму преку него да се отворат над 7200 бизниси и најмалку исто толку вработувања на невработените лица. Владата одлучи и во следната година да се продолжи со овој проект. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека во 2016 година за реализација на овој проект ќе…

повеќе...

Продолжен рокот за конкурсите за упис на филмската акадeмија

Рокот за конкурсите за упис на филмската академија се продолжува до крајот на оваа недела, односно 11ти октомври, со цел да се даде можност на дополнителен број на студенти да ги комплетираат документите и да аплицираат, истакна денеска заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Избраните кандидати ќе добијат целосна стипендија од страна на МОН, која ги покрива трошоците за студирање, сместување, исхрана… Има апликации и од домашни и од странски кандидати. Како резултат на повеќегодишната соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Владата на Чешката Република и ФАМУ – престижната…

повеќе...

Германски „Маркарт“ отвори фабрика во Велес, ќе вработи 600 лица

Германската компанија „Маркарт“ официјално ја отвори својата фабрика во Македонија во индустриската зона Караслари во Велес. Во фабриката, која се протега на 15.000 метри квадратни, веќе работат 170 од планираните 600 вработени. Досегашната инвестиција е 25 милиони евра, а се планира да достигне над 35 милиони евра. Новата фабрика ја отворија премиерот Никола Груевски, сопственикот на „Маркарт групацијата“ Харалд Маркарт, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак, градоначалникот Славчо Чадиев… „Ова е првата поголема странска инвестиција во Велес и воопшто првата поголема фабрика која по…

повеќе...

Меѓународна конференција за унапредување на правата на жената Ромка

Моменталната состојба и остварениот напредок во однос на положбата на ромските жени и девојки, јакнење на нејзината економска положба, интеграција во образовниот процес и во општеството, справување со проблемите на дискриминација, родовото насилство, раните и присилни бракови… се дел од темите на кои ќе се разговара на неколкудневната Меѓународна конференција „Унапредување и покрај се!“, што почна денеска во Скопје. „Ова е извонредна можност сите заедно, како институции, меѓународни соработници и партнери, и невладини организации да дискутираме за ова многу значајно прашање. Верувам дека ќе успееме искрено да одговориме на многу…

повеќе...

Преку грантот за самовработување досега отворени над 7.250 мали бизниси

Преку грантот за самовработување досега се отворени над 7.250 бизниси, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 400. Една третина од нив се основани и управувани од жени, а исто толку од лица помлади од 29 години. Над 70 проценти од нив се се уште активни и голем дел од нив се развиваат во бизниси со двајца, тројца или повеќе вработени. „Микро и малите компании се значаен сегмент од македонската економија. Тие отвораат значаен број работни места во Република Македонија. Со грантот за самовработување кој Владата на РМ…

повеќе...

Груевски: Главна стратегиска цел на Македонија останува членството во НАТО и ЕУ

Југоисточна Европа треба трајно да ја осигура својата стабилност и да граби кон економски напредок. Решавањето на отворените прашања, и тоа врз база на принципите на ОН, во што побрз период, треба да биде стратешки приоритет и предмет на интерес на ОН. Политиката на посветеност, соработка и мудрост кон решавањето проблеми треба да биде нашата заедничка опција и тоа преку проактивен пристап и максимален ангажман, истакна македонскиот премиер Никола Груевски во обраќањето пред Генералното Собрание на Светската организација во Њујорк. „Република Македонија останува активен и конструктивен актер во регионалното опкружување,…

повеќе...

Попоски на Седумдесетто заседание на Генералното собрание на ОН

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој е во Њујорк на седумдесетото заседание на Генералното собрание на ОН, организираше работен ручек на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ). За време на разговорите беа разменети мислења за имплементацијата на Резолуцијата на Генералното Собрание на ОН за јакнење на соработката меѓу ОН и ЦЕИ, особено на линија на воспоставување редовни годишни состаноци меѓу ЦЕИ и другите регионални организации и агенции на ОН активни во ЦЕИ регионот. Исто така, беше поздравена Заедничката изјава на земјите членки на…

повеќе...

Пешевски: Продолжува трендот на зголемување на пензиите

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски за време на денешната посета на село Лисиче во општина Чашка, имаше средба со граѓани, меѓу кои и со пензионери кои изразија задоволство од измените на Законот за пензии со кои се овозможи зголемување на пензиите за 5 проценти за 2016 година. „Владата на РМ во изминативе 6-7 години посвети особено внимане на пензионерите како посебна социјална група. Во периодот од 2006 до 2014 година пензиите се зголемени за околу 70 проценти и ако во 2006 година просечната пензија изнесувала 7.683 денари денеска…

повеќе...